Колумбија: Тешко е да се зборува шпански, има и песна за тоа

Brothers Juan Andrés and Nicolás Ospina

Браќата Хуан Андрес и Николас Оспина

Песната и видеото Тешко е да се зборува шпанскиот доби речиси 1,5 милиони гледања за 6 дена: фидбекот беше толку добар, иако неочекуван, што браќата и музичари Хуан Андрес и Николас Оспина мораа да направат нова веб-страна како одговор на барањата за други песни и текстови.

Песната се однесува на проблемите со кои се соочуваат луѓето кои зборуваат шпански, дури и оние на кои шпанскиот им е мајчин јазик, кога мораат да се преселат од еден во друг регион, каде зборовите имаат сосема различно значење. Во песната, еден странец се одлучува да учи шпански, за потоа да се соочи со фрустрации кога сфаќа дека колку и да учи, сепак не ја разбира ниту основата кога ќе се пресели на друго место.

На пример, овој дел се однесува на зборот  pana, кој значи вид материјал, но значи и пријател, исто така и зборот porro кој означува музички ритам ама и цигара од марихуана. Стиховите се од нивната страна [es]:

En Venezuela compré con mi plata una camisa de pana,
Y mis amigos me decían ‘Ese es mi pana, ese es mi pana!’
Y en Colombia el porro es un ritmo alegre que se canta,
pero todos me miran mal cuando yo digo que me encanta.

Во Венецуела со моите пари купив кошула од pana,
и пријателите ми велат „Овој е мојот pana, овој е мојот pana“
Во Колумбија porro е весел ритам на кој се пее,
но сите ме гледаат чудно кога велам дека ми се допаѓа.

Без малку целата песна е игра на зборови заснована на забуни кои настануваат од зборови кои звучат исто но имаат различно значење, зборови кои се сосема различни, а означуваат исти работи, и различните значења кои може да ги има еден збор:

En Chile polla es una apuesta colectiva, en cambio en España es el pene. Alguna gente en México al pene le dice pitillo, y pitillo en España es un cigarrillo y en Venezuela un cilindro de plástico para tomar las bebidas. El mismo cilindro en Bolivia se conoce como pajita, pero pajita en algunos países significa masturbacioncita, y masturbación en México puede decirse chaqueta, que a la vez es una especie de abrigo en Colombia, país en el que a propósito una gorra con visera es una cachucha, y cachucha en Argentina es una vagina, pero allá a la Vagina también le dicen Concha, y Conchudo en Colombia es alguien  o alguien fresco, y un fresco en Cuba es un irrespetuoso! YA ESTOY MAMADO!

Во Чиле,  polla е колективен влог, но во Шпанија значи пенис. Некои луѓе во Мексико за „пенис“ велат pitillo, а pitillo во Шпанија е цигара, но во Венецуела е пластична цевка која се користи за пиење. Истата цевка во Боливија се вика pajita, но во некои држави pajita значи мала мастурбација, мастурбацијата пак во Мексико се вика chaqueta, што пак значи вид капут во Колумбија, држава во која капа со стреа се нарекува cachucha, а во Аргентина cachucha е вагина, ама вагината ја викаат и concha, додека conchudo во Колумбија е некој кој е дрзок или fresco, а fresco во Куба е оној кој нема почит. YA ESTOY MAMADO! (Од ова ми е преку глава!)

Видеото со титл на шпански можете да го најдете на оваа страница:  Universal Subtitles, каде можете да го додадете и вашиот превод. Од рефренот на песната:

Que difícil es hablar el español,
porque todo lo que dices tiene otra definición.
Que difícil entender el español,
yo ya me doy por vencido “para mi país me voy.”

Колку е тешко да се зборува шпански
кога се што кажуваш значи и нешто друго
Колку е тешко да се разбере шпански
се предавам, „Се враќам во мојата држава.“

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.