Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Египетската жена и свеж поглед на разводот

Разводот секогаш претставувал срам во египетското општество. Денес, ветерот на  промена дува наваму.

Болгерката Шајма Ел Гамал пишуваше за онлајн-радио посветено на разведените жени. Цитирајќи ја Махасен Сабер, сопственикот на Сакам блог и радио за разводот, таа напиша:

“بعد تجربة المدونة، وصلت إلى التفكير فى عمل إذاعة على النت، أولا لأننا نسمع أكثر ما نقرأ، وهذا معناه أننى سأصل بذلك إلى فئة أكبر عددياً، وشرائح عمرية وطبقية أوسع، والآن حان الوقت لتنفيذ الفكرة وسأبدأ بـ4 برامج رئيسية، هى: برنامج اسمه “يا مفهومين بالغلط يا إحنا” ويناقش أبرز ما تعانيه المطلقة مع الرجال فى المجتمع، سواء كانوا زملاء العمل أو الجيران، أو الأقارب ، فقد لاحظت أن الجميع وبدون فوارق علمية أو اجتماعية يشترك فى نظرة مفادها أن المطلقة سهلة، والطمع فيها كثير، ومن الممكن أن تسقط أخلاقياً بسهولة، كما أن الكلام عليها سهل وكثير، وبالتالى لابد من أن تضع رقيبا على نفسها، وتبقى دائماً فى موقف المدافع عن نفسه والمبرئ لساحته.
После моето искуство во блогирање одлучив да пренесувам онлајн; луѓето преферираат да слушаат отколку да читаат и ова ќе ми овозможи да допрам до поголем сегмент во смисла на возраста, бројот и социјалната класа. Ќе започнам со 4 главни програми; првата е наречена „Погрешно сфатена – вистински твоја“, која ги начнува основните работи со кои разведената жена мора да се справува во патријархално општество било тоа да се колеги од работа, соседи или роднини. Забележав дека без разлика на нивното образование или социјално потекло, мажите имаат ист поглед на разводот – лесен, достапен, ранлив, морално нежен и материјал за оговарање. Ова разведената жена ја претвора во затвореник  затоа што таа секогаш е виновна додека не се докаже спротивното.

Цитирајќи ги блоговите на  Youm7 Newspaper, Hayat за втората програма вели:

أما البرنامج الثانى فعنوانه “من تحت سريرى” ويناقش المشكلات العاطفية التى تتعرض لها المطلقة، وذلك بالاشتراك مع نخبة من الاختصاصيين النفسيين.
„Под мојата маска“ ќе зборува за емоционалниот багаж на разводот и ќе гостуваат специјализирани психолози.

За третата програма таа пишува:

أما برنامج” طليقك على ما تعوديه” فسيكون بمثابة المرشد الأمين للمطلقة لكى تتعامل مع طليقها بما هو لائق لها أولا ثم لأولادها ولطليقها، باعتبار الجميع أطراف فى التجربة، سنقول لها كيف تتعامل مع الطليق الشرس الذى منعها ومنع أولادها من حقوقهم، ومع الذى اتقى الله فيها وفى أولادها ولم يبخسها حقوقها بعد الطلاق، ومع الطليق المراوغ.. وهكذا، وكل هدفى أن نصل بالمطلقة إلى علاقة محترمة مع الطليق.
„Твојот бивши е твое дело“ е сигурен водич за тоа како да се справите со „бившиот“ во смисла – што е најпогодно за неа и за нејзините деца без разлика дали бившиот е агресивен, фер или манипулативен.

Додека четвртата е за:

وأخيراً برنامج “ابنك على ما تربيه” وهو عن أبناء الطلاق ومشكلاتهم الخاصة، وهذه قضية كبيرة تحتاج للكثير من الضبط والترشيد الدائم، فهؤلاء الأبناء لا ذنب لهم ولا ينبغى أن يترتب على انفصال والديهم معاناة من جراء ذلك.
„Твоите деца- ги имаш такви какви што си ги направил“ е за грижата за децата од разводот – нивната дисциплина, водењето, подучувањето и поддршката.

Блогерката Eman Hashim напиша сличен  пост насловен „Ние сме виновни“:

اللى بتخاف من الارملة لتخطف جوزها الست
و اللى بتخبى حملها على صحبتها العانس الست
و اللى بتفكر فى الحسد و الأر و النبر و تعمله الف حساب عادة الست

اللى ربى الراجل على ان المطلقة دى واحدة هاتموت و تبقى مع اى راجل و لو نص ساعة الست
و اللى قبلت انها عشان كبرت فى السن فمش من حقها تطلب اى طلبات و عادى انها تتجوز متجوز عشان تشتغ له شغالة ست
اللى ربت بنتها انها تقبل اى اهانة فى الخطوبة عشان تتجوز لحسن ده خلاص مفيش عرسان ست

و اللى انضربت قدام ابنها و بنتها و ما قالتش حاجة لحست تتطلق و المطلقة دى سبة … برضه ست

Таа која се плаши од „разводот кој го растура домот“ е жена.
Таа која ја крие бременоста од својата „немажена“ пријателка е жена.
Таа која се плаши од злите очи на друга жена е исто така жена.
Таа која го направила мажот да верува дека разведената ќе направи се за да го има само за половина час е жена.
Таа која му се предала на очајот и се согласила да се омажи за женет маж и станала негова „слугинка“ е жена.
Таа која ја воспитала својата ќерка да трпи секаков вид на навреда од нејзиниопт свршеник поради страв дека ќе остане надвор од брачната институција е жена.
Таа која е тепана пред нејзините деца и го трпи тоа за да го избегне белегот на разводот е жена.

И конечно Asser Yasser ги споделува последните статистички податоци (септември 2008) за египетската жена да не биде во состојба на паника за пронаоѓање на маж:

بلغت نسبة الذكور 51,1% فى تعداد 2006 من عدد السكان ونسبة الإناث 48,88%
Процентот на мажи е  51.1% спроти  48,88% жени.

Претходно беше кажано дека било на 1 маж: 4 жени.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.