Сирија: Извештаи за укинување на интернетот

Обаа објава е дел од нашето специјално покривање на Протестите во Сирија во 2011 година.

Извештаи за можно укинување на интернетот во Сирија денес (петок) продолжуваат да доаѓаат на Твитер, додека Сиријците продолжуваат да протестираат против режимот на Ал Расад и суровоста направена против Сиријците.  Овој петок протестите се со цел да ги осудат нападите над сириските деца. Додека некои најавуваат тотално укинување на интернетот, други забележуваат дека интернетот е исклучен на некои места.

Интернетот се користи од корисниците во Арапскиот свет, вклучувајќи ја и Сирија, за да му се прикажат на остатокот од светот грозотиите кои се прават од страна на владата против луѓето кои се осмелуваат да зборуваат и да бараат демократски реформи и слобода, за време на овој бран на популарни протести против диктаторството и корупцијата.

Protest in Damascus, Syria (31/05/11). Image by Flickr user syriana2011 (CC BY 2.0).

Протест во Дамаск, Сирија (31/05/11). Слика од Фликр корисникот syriana2011 (CC BY 2.0).

Доколку сирискиот режим го укине интернетот денес, тоа би било како изведувањето на Мубарак, кој го исклучи интернетот пред 28 јануари, 2011 година, за време на протестите низ Египет, предизвикувајќи повеќе луѓе да излезат на улиците за да видат што се случува во нивната земја. Истераниот египетски претседател, кој се соочува со судење за неговото учество во убивањето на демонстрантите, одтогаш беше казнет со парична казна од страна на Египетскиот суд за исклучувањето на интернетот и мобилните телефони за време на револуцијата.

Еден од првите извештаи за укинувањето на интернетот во Сирија беше пред околу седум часа на Твитер од Александар Пејџ, слободен новинар кој моментално се наоѓа во Дамаск, кој  пишува:

Интернетот е исклучен во #Дамаск во 3 наутро, не изненадува со оглед на тоа дека е петок #Сирија

Пред еден час, Maиса Aкбик пишува:

Интернетот е исклучен во повеќето области околу #Сирија во ден на бес посветен на децата жртви кои беа убиени од страна на насилниците на режимот.

Maха додава:

Интернет услугите се исклучени во повеќето градови во  #Сирија денес

Твитот на Малат Аумран за исклучувањето на интернетот во Сирија

Maлат Аумран пишува:

#Сирија: Изгледа дека интернетот е целосно исклучен во Сирија

Во следна порака, тој додава:

#Сирија: моментално има извештај за функционирање на интернетот во едно интернет кафе во Абу Романи, Дамаск од пред 20 минути.

Рaзанијат потврдува:

Сирискиот режим го исклучи интернетот во #Сирија денес, петок на слободните деца 3 јуни.

Таа додава:

Луѓе, интернетот е целосно исклучен во #Сирија. Ова е прв пат откога започна револуцијата.

Во Твит што следуваше, Разанијат продолжува:

Сирискиот режим ги блокираше областите каде се протестира, главно забавувајќи ја брзината, но ова е прв пат како интернетот во #Сирија е целосно исклучен.

А Калад Карим дава досетка:

Значи изведоа #Mубарак?

Исчезнувањето на Сиријците отвори многу прашања. Oмнија Сорија прашува:

интернетот е застрашувачки денес, нема знаци дека има некој наоколу… каде сте Сиријци? #Сирија

Оваа објава е дел од нашето специјално покривање на  Протестите во Сирија во 2011 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.