Со бразилски солзавец против турските демонстранти

[Сите линкови водат кон португалски веб-страници, освен доколку не е нагласено поинаку.]

Овој напис, напишан од Бруно Фонсека и Наталија Виана за Agência Pública, бил првично објавен како извештај со наслов “Bomba brasileira na pele turca”  (Турците ги почувствуваа бразилските бомби од прва рака) и е дел од специјалното медиумско покривање #IndústriaBrasileiraDeArmas (бразилска индустрија за оружје) за лобито и индрустријата на оружје во Бразил. Сторијата ќе биде објавена во серија од три написи на Global Voices Online. Ова е првиот дел од таа серија. 

Во 2012, кога натписот „Произведено во Бразил“ се појави на кутии со солзавец кој се користеше против про-демократските демонстранти во Бахреин, наводно, предизвикувајќи ја смртта на повеќе од десетина луѓе вклучувајќи и бебе старо само пет дена [англиски], бразилското Министерство за надворешни работи (Итамари) објави [англиски] дека ќе започне истрага за дали постоеле било какви нерегуларности при извоз на бразилски солзавец.

Сепак, една година подоцна, Итамари вели дека само го набљудува случајот без спроведување на било какви конкретни истраги или преземање на било какви мерки.

Со вознемирен тон, Американско-саудискиот активист Рашид Абоу-Алсам, автор на известување во медиумите од јануари 2012 во кое ја напаѓа употребата на бразилски солзавец против про-демократските демонстранти во Бахреин, напиша [англиски]:

O Itamaraty deve achar que somos ingênuos.

Итамари сигурно не смета за наивни.

Во отсуство на рестрикции (од бразилската влада) за извозот на не-смртоносно оружје, истиот солзавец, произведен од компанијата Кондор СА во Рио де Женеиро, сега се користи од страна на турската полиција за поттиснување на порастот на протестите против турската влада, кои се проширија на повеќе од 60 локации низ земјата, оставајќи стотици повредени и околу 2000 приведени.

Amnesty International ја потврдува употребата на бразилски солзавец за време на протестите – што започна по мирниот протест за отстранувањето на 600 дрва од плоштадот Таксим во Истанбул. Американската професорка Сузан Грилот, која се наоѓа во Анкара, направи фотографија од бразилските, метални кутии солзавец кои се користат од страна на полицијата и за Agência Pública изјави:

Um membro do nosso grupo encontrou a cápsula na noite de ontem (3 de junho) em Ankara.

Членот на една група сношти ја пронајде оваа кутија (3 јуни) во Анкара.

An American professor photographed one of the Brazilian tear gas projectiles used by the turkish police. Image: Suzette Grillot/ Under license from Creative Commons

Американска професорка фотографираше кутија од бразилски солзавец кој го користи турската полиција. Фотографија на Сузан Грилот, заштитена под Криејтив Комонс лиценца.

Бразилски солзавец се користи уште од почетокот на протестите во Истанбул на 31 мај. Еден учесник од движењето „Окупирај го Гези“, кој од страв не сакал да биде идентификуван, објаснува:

Naquele dia, havia apenas um grupo pequeno de ambientalistas. A polícia invadiu o parque às 5h da manhã enquanto essas pessoas dormiam nas barracas. Os policiais queimaram barracas e atacaram os manifestantes com gás lacrimogêneo. Os policiais deveriam atirar os projeteis de gás para cima, mas eles miram nas pessoas. Alguns perderam a visão por serem atingidos diretamente (pelos projeteis), outros são atingidos nos braços e pernas. Existem centenas de vídeos mostrando efeitos do gás: lágrimas, náusea, vômito, dificuldade em respirar.

Тој ден имаше само мала група екологисти. Полицијата го окупираше паркот во пет часот наутро додека овие луѓе спиеја во своите шатори. Полицијата палеше шатори и ги нападна демонстрантите со солзавец. Иако требаше да го исфрлаат солзавецот нагоре, тие целеа директно кон луѓето. Неколкумина го изгубија својот вид од директниот удар во лице, други пак беа погодени во раце или нозе. Има милиони снимки кои укажуваат на ефектот на солзавецот: солзи, гадење, повраќање, отежнато дишење.

Канцеларијата на ОН за човекови права побара од Турција да спроведе независно истражување за нејзините безбедносни сили во однос на протестите. Портпаролот на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, Сесил Поули, изјави:

Estamos preocupados com relatos de uso excessivo de força por agentes legais contra manifestantes.

Загрижени сме од извештаите за прекумерно користење на сила од страна на полицијата врз демонстрантите.

“Не-смртоносните” оружја убиваат

Лимената кутија фотографирана од Сузан Грилот е остаток од солзавец со голем дострел (GL 202) произведен од Кондор, лидер во производството на таков тип на оружја во Латинска Америка. Овој солзавец може да достигне просечна далечина од 120 метри и треба да биде исфрлен пред или над препреки како ѕидови и барикади „со цел отстранување на луѓе или растурање на група на престапници“, според описот на самиот производител. Сепак, Кондор на својата веб-страница тврди дека некоректна употреба на ова оружје може да предизвика сериозни оштетувања на здравјето – дури и смрт.

Друга фотографија направена од демонстраторите покажува солзавец со непредвидливо движење (GL 310), исто познат под името „балерина“. При контакт со земјата, оваа бомба се одбива движејќи се во различни насоки, ширејќи гас над големи пространства и избегнувајќи ја можноста „целта“ да ја фрли бомбата назад кон полицијата. Веб-страницата на компанијата тврди дека оваа бомба може да предизвика пожар кога доаѓа во контакт со запалливи материјали.

In a photo made public by the demonstrators, the weapons GL 310 and Gl 202 from Condor are shown (1st and 3rd items from left to right). The 2nd weapon from the left is from Nonlethal Technologies, a company from the United States, which is the principal exporter of non-lethal weapons to Turkey, alongside the Brazilian Condor/Under license from Creative Commons

Во фотографија споделена од демонстраторите, оружјата GL310 и GL202 од Кондор се прикажани (прв и трет од лево кон десно). Второто оружје од лево е произведено од Nonlethal Technologies, компанија од САД, која е главен увозник на несмртоносни оружја во Турција, покрај бразилскиот Кондор. Фотографијата е заштитена со Криејтив Комонс лиценца.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.