Оваа објава е дел од нашето специјално покривање на Револуцијата во Египет во 2011 година.
Eгипет денес го отвори својот Рафа премин со Газа преминот, дозволувајќи им на луѓето да минат слободно во Египет за прв пат по четири години. Границата која за Газа е главна порта кон надворешниот свет, беше повремено отворена за време на владеењето на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак. Следуваат неколку реакции на Твитер за неодамнешниот развој на настаните.
Репортерот Хана Алам споделува повеќе детали на Твитер:
ограничувања на #преминот рафа: нема. мажи помеѓу 18 и 40 без посебна дозвола, студенти без доказ за студирање во Египет ок, жени од сите возрасти ок.
@onelittlepixie додава:
#Рафа преминот е единствено достапен за преминување на пешаци. Рестрикциите остануваат за преминување на стоки.
и продолжува:
Околу 350 луѓе ја напуштија Газа преку #Рафа преминот денес.
Дамдома, од Газа, не може да поверува на вестите:
Исто така, од Газа, Oла Анан, споделува слични сентименталности. Таа пишува:
Палестинецот Махмуд Омар, кој се опишува себеси како бегалец во Каиро, е благодарен на Египетската револуција за овозможувањето на сето ова:
شكرًا مصر, شعبًا وثورةً وكرامة #Eгипет #Рафа
Eгипетскиот блогер Aлaa Aбд Eл Фата прашува саркастично:
هي اسرائيل هتحاربنا امتى؟ مش الناس قالت فتح المعبر هيخلي اسرائيل تحاربنا؟ و حماس هتبعت الارهابيين بتوعها يخربوا مصر امتى؟
и Maхмуд се шегува:
Оваа објава е дел од нашето специјално покривање на Револуцијата во Египет во 2011 година.