Иран: Балатрин, успешна приказна за граѓански медиум

Мехди ЈахнејадМехди Јаханејад е основач на многу успешниот сајт Балатрин. Балатрин (што значи „највисокиот“ на персиски јазик) е веб сајт за заедница, преку кој корисниците може да објавуваат линкови до веб сајтови кои мислат дека се интересни, со нагласување на иранската публика. Идејата е микс од reddit, digg, newsvine и del.icio.us.

За помалку од две години, Балатрин стана корисно место за информации и комуникација. Во ова интервју со Мехди, кој има дипломирано физика на МИТ, а е исто така основач и раководител на Adoptic.com, тој ни ги споделува неговите авантури со Балатрин.

Те молам кажи ни кога го започна Балатрин и како го одредуваш успехот. Дали имаш статистики?

Го започнав Балатрин на 16 август 2006. До сега има 300 000 вести објавени на сајтот. 5 милиони гласови, а оставени се 1 милион коментари. Јас, меѓутоа, го одредувам успехот на Балатрин покрај неговите статистики: Балатрин е значително читан од страна на иранските новинари и блогери, од Иран и надвор. Како резултат на тоа, конверзациите кои се водат на Балатрин се опфатени од повеќе земји и платформи.

Го користеше Digg како модел. Дали мислиш дека ирански Фејсбук би станал популарен?

Да. Јас мислам дека имањето на ирански Фејсбук кој ги опфаќа иранските универзитети и средни училишта ќе биде многу привлечен. Очигледно, зависи од тоа колку добро е дизајнирана страницата.

Колкав е бројот на блогери на Балатрин?

Значаен. Повеќето од активните корисници се блогери. Балатрин е местото каде персиските блогери може да добијат поширока публика за она што пишуваат. Блог постовите кои тие ги поставуваат на Балатрин често добиваат повеќе коментари отколку оригиналните постови на блоговите.

Балатрин

Балатрин беше чекор напред за граѓанските медиуми за Иран. Како го гледате развојот на граѓанските медиуми во земјата?

Иран има предност во граѓанските медиуми бидејќи е меѓу првите земји каде блогирањето стана широко распространето. Меѓутоа, не е во можност да биде во чекор со времето. Секој тип на граѓански медиум, дури и да е онлајн, мора да биде промовиран на средби и семинари, а мора да има бизниси кои го поддржуваат. Ова не е случајот во Иран.

Дали планирате да започнете англиска верзија на Балатрин?

Не во брзо време. Во моментов, јас сум фокусиран на друг проект, Adoptic.com, кој беше инспириран од моето искуство со Балатрин. Идејата е да им се дозволи на блогерите да ја промовираат својата содржина со користење на нивниот простор и просторот на други блогови. Се обидувам да создадам начин на многу лесно промовирање и откривање на содржина. Исто така има еден тон интересни алгоритами кои се користат во процесот.

Некои идеи кои би сакале да ги споделите со нашите читатели?

Јас се трудам да бидам отворен за нови идеи. Многу е лесно да се истрошиш со секојдневните обврски. Нешто што јас го правам при секое летање е купување на рандом магазин. Ова ми овозможува идеи од многу различни домени.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.