Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Египќаните ги срушија од власт Морси и Муслиманското братство

Мохамед Морси, високиот член на Муслиманското братство, повеќе не е претседател на Египет. Едногодишното владеење на Морси беше прекинато како последица на масовните протести кои започнаа на 30-ти јуни и кои повикуваа на негова оставка.

Шефот на египетските вооружени сили, Генерал Абдел Фатах ал Сиси, за време на изјавата која беше емитувана во живо пред неколку минути, изјави дека Претседателот на Уставниот суд ќе биде новиот привремен претседател на Египет и дека нова технократска влада ќе биде формирана наскоро.

Ал Сиси исто така соопшти дека египетскиот Устав е поништен и дека ќе се вршат подготовки за организирање на претседателски и парламентарни избори.

Многумина се среќни што го дочекаа крајот на политичкото владеење на Муслиманското братство. Раша Абдула вели:

Al Sisi announcing the end of Morsi's rule. Screen grab from CNN International

Ал Сиси го најавува крајот на владеењето на Морси. Извадок од преносот на CNN International.

@RashaAbdulla: Египет го предизвика падот на Муслиманското братство. Сега се создава историјата.

Египќанецот Хосам Еид изјавува:

مافيش اخوان تاني

@EidH: Повеќе нема да има [Муслиманско] братство!

Блогерот Еман Абделраман по повод поништувањето на Уставот, вели:

الى مزبلة التاريخ ياأعظم دستور في العاااااالم

@LastoAdri: Право во ѓубрето на историјата, најголемиот Устав на светот

При известувањето од плоштадот Тахрир, епицентарот на египетската револуција во центарот на Каиро, се вели:

@Beltrew: Никогаш претходно немам видено вакво нешто: Белади белади белади песни се провлекуваат низ татнежот од луѓе и експлозии на огномети #Egypt

Од другата страна на приказната, оваа изјава ги налути поддржувачите на Морси. Мосааб Елшами известува:

@mosaabrizing: Многу бес има на протестите на МБ. Се слушаат истрели од далечина.

Арапите исто така многу внимателно го следеа одвивањето на настаните во Египет.

Јеменецот Абдулкадир Алгунејд твиташе:

@alguneid: #Egypt Армијата баш во овој момент го распушта Морси.

Бахреинката Салма изјавува:

جميلة يا #مصر

@salmasays: Египет е прекрасен.

Мансур Ал-Џамри, исто така од Бахреин, забележува:

المصريون يصححون المسار وينهون حالة الاختطاف التي تعرض لها الربيع العربي. تحي مصر.

@MANSOOR_ALJAMRi: Египќаните го најдоа патот и го завршуваат киднапирањето на Арапската пролет. Долго да живее Египет!

Мароканецот Ахмед има поинаков поглед на нештата:

مصر في طريقها لتصبح باكستان.. إنتخابات ونقلاب .. إنتخابات وإنقلاب … إنتخابات انقلاب.. والنتيجة: كفر بالديموقراطية وتطرف ديني وسياسي

@blafrancia: Египет е на добар пат да стане Пакистан. Избори и државен удар. Избори и државен удар. Избори и државен удар. Резултатот е тотална недоверба во демократијата и религиозен и политички екстремизам

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.