Овој проект и помага на Франција да ги надмине своите стереотипи за Романија

NewsRoum

Банер на веб-сајтот Newsroum. Искористен со нивна дозвола.

Повеќето линкови водат кон страници на француски.

Франција изобилува со погрешни информации, кога станува збор за Романија, а проектот Newsroum, онлајн иницијатива, се обиде да презентира поинаква слика за Романија од онаа која се прикажува во француските медиуми, сака да стори нешто околу тоа.

Всушност, во Франција се шират клишеа за источноевропската земја, а посебно за ромската заедница. Како што претходно беше објавено на Global Voices, Ромите се соочуваат со стигмата дека се крадци или не сакаат да ги следат општествените правила во Франција. Да разјасниме, Романија не е исто што и ромската заедница, која живее низ Европа, но забуната е честа и предрасудите ги повредуваат и Ромите и во голема мера жителите на Романија.

Newsroum, проект предводен од CELSA (француско новинарско училиште во Сорбона во Париз), се обиде да им помогне на Французите подобро да ја запознаат Романија. Од 30 мај, единаесет дена, 22 студенти на новинарство ја истражуваа земјата со цел подобро да ја разберат нацијата како заднина на европските избори.

Проектот презентираше четири главни теми кои содржеа мултимедијални содржини и долги статии: секојдневните животи на романските граѓани, економијата на земјата, земјата и нејзините граници и романските културни богатства и идеи. Сите 22 студенти беа на престој во главниот град Букурешт за истражувањето и ја пропатуваа Романија од исток до запад. Еве ги најважните работи од нивните откритија.

Enfants du village - avec la permission du site

Деца од селото Краиса. Употребено со дозвола.

Во Тираписол во источниот дел на земјата, Sophie Gautier даде свое видување на очигледната одвоеност меѓу романските граѓани и комплексната врска на градот со ромската заедница

Les communautés roms ne parlent pas d’une même voix. À Craica, les habitants tiennent à leur campement de fortune, synonyme pour eux de liberté. Dans les logements sociaux d’Horea, certaines familles Roms ne pensent qu’à une chose : réunir l’argent nécessaire pour rejoindre la France.  

Кога станува збор нивните погледи во однос на животот, ромската заедница е поделена. Во Краиса, некои од нив за ништо на светот не би го напуштиле кампот, бидејќи е симбол на нивната слобода. Во социјалното прифатилиште пак во Хореа, некои фамилии имаат поинаков поглед и нивната главна цел е да соберат доволно пари за да заминат во Франција.

Други студенти сакаа да ја разберат улогата на семоќната и сеприсутна Романска православна црква. Clémence Leleu објави

la cathédrale du Salut de la nation (crédit photo : Clémence Leleu)

Спасувањето на националната катедрала. Слика од Clémence Leleu.

L’Eglise intervient aussi sur les questions d’éducation. En 2006, elle a notamment réussi à faire supprimer la théorie évolutionniste des manuels de biologie. Sa capacité d’influence s’étend aussi à la politique.

Овде црквата има удел во образованието. Во 2006, успеа да ја отстрани теоријата на еволуцијата од учебниците по биологија. Нејзините сфери на влијание исто така се шират и на полето на политиката.

Други студенти ја истражуваа корумпираноста во романските медиуми и други проблеми со кои романското граѓанско општество секојдневно се соочува. На пример, Carole Blanchard објави за борбата на селото Пунгести против проектот кој го уништува тој регион :      

  Les conséquences écologiques liées à la fracturation hydraulique inquiètent les habitants. La méthode consiste à injecter à haute pression de l’eau et des produits chimiques pour libérer le gaz.

Влијанијата на околината од хидрауличните расцепувања предизвикуваат голема загриженост за жителите. Тие се грижат за овој метод, кој се состои од инјектирање вода под висок притисок и хемикалии за да се ослободи гас.

Gheorghe Munteanu, 81 годишен жител,  додаде:

Je suis né ici et je mourrai ici. Je veux juste que l’eau reste claire et la terre pure pour mes enfants.

Јас сум овде роден и овде ќе умрам. Само сакам да ја задржам водата чиста и земјата незагадена за моите деца. 

“Nous ne voulons pas de fracturation hydraulique”. (Crédit photo : Carole Blanchard)

„Не сакаме расцепување!“ Слика од Carole Blanchard.

Да му се даде дополнителен акцент на проектот, студентите се појавија на неколку радио емитувања како RFI Romania и организираа некои културни настани во Франција за театарската сцена на Тимисоара или фабриката за уметнички дизајни во Клуј

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.