Покрај сите тешки услови за живот, долгите и постојани прекини на снабдувањето со електрична енергија, нестабилната политичка и безбедносна ситуација, негативната медиумска покриеност, група Јеменци успеаја да му покажат на светот дека тие се жив доказ за античкото име на нивната земја „Arabia Felix“, што значи Среќна Арабија. Историски, Јемен бил познат како Arabia Felix, со значење Богата Арабија или Среќна Арабија – име кое му било дадено од античкиот грчки географ Птоломеј. Ова име му го дал заради високите планини кои привлекувале дожд и го правеле поплоден од поголемиот дел од арапскиот полуостров.
Видеото за каверот на виралната песна на Фарел Вилијамс, Happy, е направено од јеменски твитерџии, покажувајќи ја креативноста и талентот на младите Јеменци, нивниот позитивен дух и нивната смисла за хумор.
Видеото е продуцирано во соработка со Support Yemen и Gabreez и е режирано од двајца режисери номинирани за Оскар Abdurahman Hussein и Ameen Alghabri.
Турскиот Амбасадор во Јемен, Fazli Corman твитна:
@NoonArabia Which country on earth had the “Happy” title in antique times.. Yemen of course, aka Arabia Felix… http://t.co/ReY6K33AhX
— Fazli Corman (@FazliCorman) May 24, 2014
@NoonArabia Која држава на Земјата го имаше насловот „Среќна“ во античките времиња… Јемен, секако, или Среќната Арабија http://t.co/ReY6K33AhX
— Fazli Corman (@FazliCorman) 24 мај, 2014
Mareike Transfeld, истражувач во Yemen Polling, твитна:
@Pharrell you got to check out & RT Yemen's official #Happy video by Oscar nominated @AfroHussain & @AmeenAlghaberi, @SupportYemen always
— Mareike Transfeld (@projectyemen) May 23, 2014
@Pharrell мора да го видиш ова & да го ретвитнеш официјалното видео #Happy на Јемен од номинираните за Оскар @AfroHussain & @AmeenAlghaberi, @SupportYemen секогаш
— Mareike Transfeld (@projectyemen) 23 мај, 2014
Твитот на Awssan Kamal, член на SupportYemen:
The Happy #Yemen video shines a light on the darkness yemeni #youth live thorough today @SupportYemen http://t.co/0epqebRCrh via @youtube
— awssan kamal (@awssan) May 24, 2014
Видеото за Happy од #Yemen фрла светлина на темнината во која живее јеменската младина #youth во текот на денот @SupportYemen http://t.co/0epqebRCrh via @youtube
— awssan kamal (@awssan) 24 мај, 2014
Mohammed Jamjoum од Си-Ен-Ен додаде:
Another showcase of how amazing people of #Yemen are-their version of “#Happy“w pause for power cut-beautifully done http://t.co/Z1t7PZgZYk
— Mohammed Jamjoom (@JamjoomCNN) May 24, 2014
Уште еден пример за тоа колку се инзвонредни луѓето од #Yemen – нивната верзија на “#Happy” http://t.co/Z1t7PZgZYk
— Mohammed Jamjoom (@JamjoomCNN) 24 мај, 2014
Јеменскиот блогерка Afrah Nasser, која живее во Шведска, на тоа гледа поинаку. Таа напиша:
New blogpost: #Yemen is Resilient Rather Than Happy http://t.co/0U9RRvJI0Z
— Afrah Nasser (@Afrahnasser) May 24, 2014
Нов блогпост: #Yemen е повеќе цврст отколку среќен http://t.co/0U9RRvJI0Z
— Afrah Nasser (@Afrahnasser) May 24, 2014
Ко-основачот на Support Yemen, Rooj, кој е запознаен животните тешкотии во Јемен и кој исто така се појавува во видеото, среќно посочи:
Despite media rhetoric that we r depressed unhappy #Yemen-is in need of saving. Here is our reponse #HappyYemen https://t.co/LPrk3B40na
— Rooj (@Rooj129) May 23, 2014
И покрај медиумската реторика дека сме поттиснати и несреќни #Yemen – има потреба од спасување. Еве го нашиот одговор #HappyYemen https://t.co/LPrk3B40na
— Rooj (@Rooj129) 23 мај, 2014
„И покрај нашите потешкотии, нашата среќа никогаш нема да згасне“ е јасната порака на отпор од Јемен.