Курдисан: Каде отидоа сите блогери?

Покривањето на курдската блогосфера од страна на Глобал војсис започна во септември во 2005 година и од тогаш има се помалку содржина. Според RSS, од 74 курдски блогови само 11 од нив ги имаат обновени своите сајтови во последните два месеци, а многу мал дел од нив (три или четири) ги имаат обновено во последната недела. Каде отиде конверзацијата? Одговорот е на места како Фејсбук и форуми, како Рој Баш Курдисан и Курдисан форум.

Значи колку Курди има на Фејсбук? Всушност нивниот број е значаен. Две Фејсбук групи (членството е само со покани) имаат прилично голем број членови: Колку Курди има на Фејсбук? има 1,367 членови, а Подржете го независен Курдисан има 1,452 членови. Секако ова го повлекува прашањето, со толку многу членови на Фејсбук, зошто нема повеќе Курди блогери? Откако неговата страна беше нападната повеќе пати, Од Холандија до Курдисан го затвори својот блог за регистрирани читатели само; и поради слични прогонувања во Иран, Медја од МедјаДејли беше натеран да запре со блогирање. Како што беше објавено на Фејсбук страницата Јас (срце) Курдисан:

Би сакал да ви кажам дека јас знаев многу курдски блогови, кои беа полни со турски идиоти (не мислам дека сите Турци се идиоти, но тие беа) кои објавуваа навреди на блоговите и секогаш настануваше многу насилно, не постоеше можност за дискусија, а хостинг провајдерот на веб сајтот мораат да ги избрише тие блогови поради ова насилство!
Значи, како може да имаме блогови од Курди, кога други уживаат да ни ги рушат сите надежи за споделување на нашата култура!!?? Секаков тип на луѓе може да оди на интернет и за среќа постојат други начини за да се стане посилен и почитуван!

Како одговор на ова:

Многу е тажно за блоговите и лесното откажување. Луѓето не треба да реагираат на нив и да се повлекуваат и треба да им покажуваат на луѓето какви се всушност. Јас имам блокирано/бришено многу такви луѓе кои доаѓаат и ја навредуваат целата курдска нација, бидејќи не вредат за да си го трошам времето за да им одговорам.

Што може да се направи за поттикне смирување на гласовите во курдската блогосфера? Резан на Фејсбук ја нуди следнава листа:

10 едноставни работи што може да ги направите сега за Курдисан!
1. Создадете блог за Курди. Колку повеќе блогови имаме за Курдисан и курдската култура толку подобро.
2. Биди активен на Википедија, додавај написи и биди активен во промовирање на курдската култура и историја.
3. Креирај групна ИРЛ во својот град, каде ќе се собирате еднаш неделно за да дискутирате за политика. Бидете креативни. Не се плашете да дискутирате за политика. МОРА да научиме да ги дискутираме нашите разлики не нашите сличности. Најдете активности кои може да ги правите, како да креирате група за играње, започнете семинар во вашиот универзитет или училиште.
4. Креирајте веб сајт со фотографии од вашите курдски патувања. Пополнете ги Гугл фотографиите со Курди и Курдисан.
5. Промовирајте го курдскиот јазик. Одете на курсеви или побарајте помош од пријателите и училиштата за да го научите вашиот мајчин јазик. Ако сте добри во тоа, понудете ја вашата помош на оние млади Курди кои не можат да говорат курдски.
6. Напишете напис за Курдисан во вашиот локален весник. Дадете ги вашата надеж и соништа на земјата како нашата. Промовирајте го големиот Курдисан.
7. Донирајте пари на неколку курдски организации. Доколку немате пари, најдете спонзори од компании кои може да донираат пари за курдските млади невладини организации.
8. Станете активен во вашата локална некурдска политичка партија. Имањето Курди во американските или европските политички партии има значајни резултати во надворешните односи.
9. Испратете писмо до вашите локални политичари за да ја вклучат курдската борба во нивните настани и дискусии.
10. Бидете пример за другите млади Курди. Бидете активен. Станете продуктивен. Промовирајте го Курдисан и курдската култура. Уверете се дека ги следите важите чекори!

Доколку сте заинтересирани да видите други Курди онлајн, еве неколку од курдските сајтови на Фејсбук:

Колку Курди има на Фејсбук? (How Many Kurds are on Facebook?)
Керкук- Срцето на Курдисан (Kerkuk-The Heart of Kurdistan)
Јас (срце) Курдисан (I (heart) Kurdistan)
Јас сум Курд (I am a Kurd)
Пријатели на Курдисан (Friends of Kurdistan)
Собирање средства за курдските права (Fundraising for Kurdish Rights)
Asimilasyon bir insanlık suçudur…
Слободен Курдисан (Free Kurdistan)
Среќен е оној што вели, „Јас сум КУРД“ (Happy is the one who says, “I'm a KURD”)
Подржете го независен Курдисан (Support an Independent Kurdistan)

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.