„Воркрафт“, холивудскиот филм којшто е адаптација на познатата онлајн игра за повеќе играчи „Ворлд оф Воркрафт“ (WoW) беше прикажан во кината во Кина на 8 јуни и уште во првите пет дена, сумата на продадените билети достигна 156 милиони дoлари. Речиси за помалку од две седмици, цифрите сконаа на околу 204 милиони долари. Во меѓувреме во Северна Америка, во првиот викенд од прикажувањето, филмот заработи 24 милиони долари, а од премиерата досега е остварена заработка од 44 милиони долари.
Со оглед на тоа што кумулативната глобална продажба на билети заработката е 412 милиони долари, значи дека Кина придонела за околу половина од заработките на „бокс офисот“. Иако филмот беше лошо рангиран од страна на западните критичари, многумина се прашуваат зошто ги има надминато другите холивудски филмови на кинескиот пазар. Студиото кое што стои зад „Воркрафт“, „Леџендари ентертејмент“, беше преземено од кинескиот конгломерат „Далиан Ванда“ на почетокот од годинава.
Локалната врска има помогнато на филмот во развивањето стратегии за маркетинг кои што го таргетираат кинескиот пазар и повлекуваат значителна бројка на спонзори за да има поголема продажба на билетите. Главната стратегија беше да се промовира самиот филм како еден вид фестивал за кинеската генерација играчи на „Воркрафт“ да се облече како ликовите од играта или да се сретне со истомислените играчи.
„Овој филм зборува за нашата младост“
„Воркрафт“ беше првично преставен на копното во Кина во 2005 година. Во тоа време, интернетот имаше длабок ефект на кинеската младина. Онлајн видео игрите беа нешто ново и привлечно, не само самите игри туку исто така и можностите кои ги претставуваа за да се направи виртуелна заедница и да се склопуваат пријателства. Играта во краток период беше забранета во Кина во 2009 година, но најголемите фанови сепак пронаоѓаа начини да им биде достапна. За време од една деценија, Кина стана еден од најглавните пазари за „Воркрафт“, со околу два и пол милиони играчи. Играта е обвиткана со многу носталгија за играчите кои што биле со „Воркрафт“ уште од почетокот кога играта била издадена. За време на првата недела по премиерата, покрај маскираните козплејери (луѓе што се облекуваат во костими и ја играат улогата на одреден лик од играта) кои се појавија во главните кина, некои играчи на „Воркрафт“ исто така организираа собиранки кои наликуваа на фестивали со реквизити инспирирани од играта и костими токму во самите кина. Еден популарен корисник на кинескиот друштвен медиум „Веибо“,„новапанг“, доби бесплатен билет од својата компанија и го гледаше филмот заедно со своите маскирани пријатели:
Друг корисник на „Веибо“, „Ксијао Ди“ даде осврт на чувствата на генерацијата „Воркрафт“:
坐在电影院时就开始好激动 真的很激动 甚至眼泪挤一挤就能出来。05年开始玩魔兽,我是第一批老玩家,开始的一个蠢蠢的人类小牧师,一路加神圣天赋练到满级,这一路得多坎坷啊。不过认识了很多朋友。虽然现在已经不再联系,但是魔兽的日子里真的谢谢有你们陪我。陪我练级,陪我打副本[…]那时候真好。不过什么样的年龄就该做什么样的事情,那些美好会永远留在心里的某个地方。
Додека седев во киното бев толку многу воодушевен и малку фалеше да заплачам. Почнав да играм „Воркрафт“ во 2005 и бев дел од првите групи на играчи. Почнав како смотан проповедник [свештеник -улога во играта] и се изборив да стигнам на врвот. Стекнав толку многу пријатели во целиот процес. Иако имам изгубено контакт со повеќето од нив, навистина сум им благодарен за нивното пријателство – тие ми помогнаа да станам вешт играч … Тоа беа времиња. Но се менуваме според нашата возраст и тие златни времиња кои ќе имаат посебно место [во нашите спомени].
Големите фанови како „луцифер333“ ги прекори филмските критичари и го фали филмот поради својата носталгија:
那些不懂魔兽电影瞎b评论的评论员。你知道什么是魔兽世界么。玩明白了么。就说我们对电影失望。那么庞大世界观你给我拍一个我看看。电影足以看出导演的用心。这部电影是我们的青春。是一部怀旧篇。让我看到了以前青春时代奔跑过的草原。战斗过的雪山。和队友一起大步冲进去的黑暗之门。这就够了。
До тие слепи филмски критичари кои не знаат ништо за „Воркрафт“. Знаете ли што е ВОВ [WoW]? Знаете ли да ја играте играта? Иако сме разочарани од филмот тоа преставува оглед на овој универзум. Режисерот вложил толку многу напор во тоа. Овој филм раскажува за нашата младост, тоа е носталгично делче каде што гледам широки полиња кога трчам, и планини покриени со каде што сум водел битки, врата на темнината низ која поминал мојот тим. Ова е доволно.
Но не сите играчи имаа убави зборови за филмот. Играчот „Мишн006“ не можеше а да не ја изрази својата разочараност:
魔兽看完比想象中要差…毕竟都是去看情怀,很怀念当年玩游戏的那段时光,电影人物较多,更像是cosplay大戏,不了解或者没玩过游戏的估计会看的很懵逼吧,战斗也不够恢宏,还是换个大手笔的导演比较好,等下一部吧
„Воркрафт“ е полош филм одошто замислував… Сепак, луѓето одеа на филмот да оддадат почит на својата младост помината во играње видео игри. Има многу ликови во филмот, како да е еден голем козплеј перформанс. Оние кои никогаш не ја играле играта брзо ќе се изгубат. Сцените со битки не се грандиозни. На ваков филм му треба режисер кој што може да се справи со голема продукција како оваа. Да видиме што ќе се случи со следниот.
„ск-роро“ искритикува дека филмот не е толку добар колку што играта вистински е:
看过《魔兽》:除了当Cosplay看,影片质量无法满意。宏大的游戏故事明明可以讲的更好,一些游戏噱头讨了游戏粉一笑之后,散乱崩塌,问题到处都是。只希望后续能更好,我想看的是与游戏同样优秀的电影,不然还不如回去玩游戏。
Го гледав „Воркрафт“: на него гледам како едно големо козплеј шоу, квалитетот на филмот е незадоволителен. Видео играта има толку грандиозно ја има поставено приказната, но филмот очигледно само се фокусира на финтите направени да им се угоди на фановите на играта. Приказната во филмот е раштркана и со многу грешки. Се надевам дека следниот дел од филмот ќе биде подобар бидејќи самата игра заслужува подобро филмско остварување. Инаку зошто воопшто би оделе во кино, ајде само да ја играме играта.
И „Биби-Биби-Биби-Биби“ дискутираше со својот тим од играта на темата за филмот:
前天看完电影,出了电影院就和从前队友开始互掐。我当然怀念当初[…]我珍视那段岁月,上线是每一天的日子里唯一的正经事。我记得每一个温情快乐抓狂暴怒的瞬间,每一刻真实。但是你要强行说服我一部不懂魔兽史就看不懂的电影是部好电影。WTF!
Го изгледав филмот и почнав да дискутирам со моите поранешни пријатели од играта откако излеговме од киното. Секако дека ми недостигаат старите добри времиња […] времето кога единствената обврска во денот беше да се прикачиш онлајн. Се сеќавам на сите чувства – среќно, налутено, луди чувство [додека се игра играта]. Сите овие моменти се реални. Но ако сакате да ме присилите да речам дека филмот, кој оние што не ја играле играта не можеле да го сфатат, е добар филм, [мојот одговор е] „Што е сега ова!“
„Проекции за духови’’
Филмската ѕвезда од Хонгконг, Џеки Чен, се пофали дека успехот на „Воркрафт“ на кинескиот „бокс офис“ ги заплашил Американците за време на неодамнешниот Интернационален филмски фестивал во Шангај:
Warcraft made 600 million RMB [$91 million] in two days — this has scared the Americans […] If we can make a film that earns 10 billion [$1.5 billion], then people from all over the world who study film will learn Chinese, instead of us learning English.
„Воркрафт“ заработи 600 милиони кинески јуани [91 милион американски долари] за два дена – и ова ги исплаши Американците. Ако можеме да правиме филм кој заработува 10 милијарди [1,5 милијарди американски долари], тогаш луѓето од целиот свет кои студираат филм ќе научат кинески, наместо ние да учиме англиски.
Филмот сепак имаше добар успех во продажбата на билети, дел од триумфот во кината беше само реклама, бидејќи филмот „Воркрафт“ исто така беше прогонуван од феноменот на проекции за духови како резултат на тоа што поголемиот дел од билетите ги купија корпорации кои го финансираа или спонзорираа филмот уште во периодот на претпродажба. „Јоја-цц“ го гледаше „Воркрафт“ со своето момче во една од празните кино сали и ја прикачи оваа фотографија на „Веибо“:
难得出门啊!就我俩在这么大场子看魔兽让我想起好多电影院的鬼故事八万说我照相技术没他好,都看不清人,所以我特意标注了他所在位置
Ова е ретка прилика. Само ние двајцата во толку голема кино сала го гледаме „Воркрафт“. Тоа ме потсети на многу приказни за духови што се однесува до кината. Моето момче ми рече дека не сум баш вешта во фотографирањето и дека едвај е видлив во фотографијата. Затоа додадов стрелка, за да означам каде точно седеше.