Во средата, иранските членови на парламентот гласаа за предлог документ со кој ќе се бараат „построги казни за вознемирување на психичката сигурност на општеството“. Текстот во документот ќе ги додаде на листата со злочини казнети со смрт и „веб страниците и блоговите кои се основаат на промовирање на корупција, проституција и одметнување“.
Во последните години, неколку ирански блогери беа испратени во затвор и многу од нивните сајтови беа филтрирани. Доколку иранскиот парламент го одобри овој драфт документ, блогерите стравуваат дека би можеле да бидат легално погубени како криминалци. Никој нема дефинирано што точно значи „вознемирување на психичката сигурност на општеството“.
Такви дискусии кои ги вклучуваат блоговите не се единствени само за Иран. Покажано е дека многу власти покрај филтрирањето на блоговите, исто така би сакале и да ги елиминираат блогерите!
Државна полиса за контролирање на блоговите
Пред година и пол, иранската влада нареди дека блогерите мора да се регистрираат и да ги достават своите имиња и адреси на сајтот наречен Самандехи. Многу луѓе веруваа дека со тој процес ќе се поткренат легални постапки против нив. Блогерите се противставија и многу од нив го објавија беџот „Јас нема да го регистрирам мојот веб сајт/блог“ на нивните блогови. Владата тогаш сфати дека не може да има вистинска контрола над ситуацијата или да ги присили блогерите да се регистрираат.
По чекорите на Јемен?
За жал, иранскиот случај не е единствениот на Средниот исток и светот. Во април, МидИстЈут зборуваше за новите потиснувачки мерки спроведени во Јемен, цитирајќи го Валид Ал-Садаф, администратор на YemenPortal.net:
„Оваа недела владиното Министерство за информации се закани со тужби против новинските веб сајтовите со обвиненија за „предизвикување омрази“ или „нарушуваше на националните интереси“ и некои други вообичаени причини кои тие често ги користат за да ги обвинат новинарите. Заканата е уште построга за веб сајтовите, бидејќи владата ќе го користи кривичниот код наместо новинарскиот закон. Ова значи дека сопствениците на веб сајтовите може да добијат дури и смртна казна.“
„Не се вознемирувајте, ќе ве погубиме легално“
Никаханг, водечки ирански онлајн карикатурист и блогер, вели [Fa]:
Доколку драфт документот стане закон, се ќе биде базирано на интерпретација и обичен блогер ќе биде разгледуван како центар за уништување на религијата на луѓето. Што повеќе можам да кажам? Само луѓе кои ја вознемируваат психичката сигурност на луѓето може да поддржуваат ваква работа.
Мирза Касра Бакхтјари пишува [Fa] дека Али Ларијан, претседателот на иранскиот парламент, ја поддржува дискусијата за овој предлог документ и додава дека тие зборувале со часови со Судството за тоа.
Гомарашагехнех вели [Fa]:
Спомнување на „блогирањето“ помеѓу злочините како киднапирање, силување, вооружен грабеж го олеснува обвинувањето на блогерите уште повеќе… Таков закон ќе и наштети на психичката сигурност на општеството повеќе отколку кутрите блогери, кои не знаат што ги очекува.
Блогерот додава дека вистинските причини за проблемите со психичката сигурност се економските кризи и репресијата на владините полиси.
Бази предупредува [Fa]: „Ние мора да се потрудиме да ги сопреме членовите на парламентот да го изгласаат овој предлог документ. Утре ќе биде премногу доцна. Лесно е да се обвини блогер за одметнување и корупција. Ајде да му докажеме на парламентот дека различното мислење не е криминал кој треба да се казни со смрт.“
Балокух објави карикатура, во која свештеник и вели на жена која треба да биде погубена: „ Не се вознемирувајте, ќе ве погубиме легално“.
1 коментар
Vie mislite deka Iran,Jemen i preostanatite nerazvieni zemji,zemji vo razvoj
se producenti na apsolutisticki,teokratski diktaturi koi sto treba da se izoliraat ili eliminiraat gledani od prizmata na i onaka malkute pismeni luge od zapadnite zemji???.A toa nivno glediste se preslikuva za zal preku brojnite fah idioti koi preku razni partisko-nepotisticki vrski se vrabotile vo razno razni zatrueni i gnili institucii i mediumi vo za zal nasata R.Apsurdonija.Nasata drzava do vakvo deredze ja imaat dovedeno tokmu pogore navedenite fah idioti.Vistinata e sekogas surova.Diktaturata koja sto ja sproveduva Islamskata Republika Iran vo odnos na blogerite,kako i na site progresivni luge koi vo taa drzava imaat izgradeno sopstveno mislenje i stavovi koi se razlicni od oficijalnata politika na establismentot od Iran po nisto ne se razlikuva od kozmetickata diktatura piknata vo oblandi(oblanda diktatura) koja se sproveduva vo zapadnite t.n.demokratski opstestva.Shodno na ova na covekot po ime Hamid Tehrani bi mu kazal deka ako vo Iran go ubijat zaradi nekoj blog, vo zapadnite zemji nema da go ubijat odma,so taa razlika sto tamu ke go ubivaat postepeno so toa sto nema da mu dadat rabota vo koja ke moze da go artikulira svoeto mislenje. Ili kako sto mi napravija mene vo eden psevdosocijalisticki medium po ime Ugnetuvacki veter-Utrinski vesnik(ne go objavija moeto mislenje) poradi mojot antivladin stav za eden apsurden zakon za zabraneto ili odnapred najavuvanje za planinarenje,berenje trevki za caj,kapini,pecurki po planinite na nasata malecka zemjicka vo sporedba so Iran.Razlika postoi vo Iran,Zimbabve,Mjan-Mar i ostanati t.n.varvarski drzavi,neopravdano imenuvani od strana na zapadnite establismenti vladee surova diktatura, a vo zapadnite drzavi sofisticirana diktatura.Kako sto religijata e opijat za sirokite narodni masi vo poranesnite t.n.socijalisticki opstestva,taka demokratijata e LSD za graganite vo sovremenite kapitalisticko-kanibalisticki i tranzitivni opstestva.Zatoa jas mislam deka e podobro vednas nekoj da bide ubien kako sto se pravi vo Iran, otkolku poleka odvnatre opstestvoto da go ubiva lugeto (preku apsurdni zakoni,stresovi,otpustanja od rabota,pojava na kancer itn.) kako sto se pravi veke vo dehumanizirackite zapadni drzavi, a za zal i vo nasata R.Apsurdonija.
Na krajot ke dodadam i edna misla na golemiot papu,tvorecot na sovremenata Indija:”Siromastijata, a ne ubistvoto e najsuroviot oblik na nasilstvo”.