Според податоците од египетското Министерство за внатрешни работи, до 4 милиони жени во земјата не поседуваат документи за идентификација. Една жена без документ за идентификација не може да поседува земјиште, не може да купува или продава добра и не може ниту да прими наследство од членови од нејзиното семејство.
Недостигот од документи за идентфикација исто така на жените им оневозможува пристап до разни јавни и правни услуги меѓу кои образованието, здравствените услуги, правото на гласање и други елементарни општествени права. Заради оваа причина започна нова кампања за сите жени да имаат национална лична карта.
Кампањата носи наслов „Ваш идентитет, ваши права“ и има за цел бесплатно да им обезбеди лични карти на две милиони Египќанки. Ќе започне со пилот програма во траење од три месеци.
Според Фејсбук страницата на кампањата [на арапски]:
المرحلة التجريبية سوف تشمل الـ 3 شهور القادمة (ابتداءا من مارس) و سوف تبدأ في محافظة القليوبية و هي تضم 14 مركز و تهدف أكثر من 40 ألف سيدة لا تملك بطاقة رقم قومي. تم أختيار المراكز التالية فى محافظة القليوبية للمرحلة التجريبية: مركز بنها، مركز قليوب، مركز شبين القناطر ومركز القناطر الخيرية

Според еден извештај на ООН од 2006, 41% од возрасните жени во Египет се неписмени. Фотографија Илене Перлман.
Ова не е првата кампања која се обидува да ја постигне истата цел. Сепак таа е поддржана од страна на разни невладини организации, од кои и ОН Жени (Орган на ОН за родова еднаквост и еманципација на жените), УНДП (Програма за развој на Обединетите нации), МСАД(Државно министерство за развој на администрацијата), СФД (Социјален фонд за развој), МоФА (Министерство за надворешни работи), и други.
Организаторите на кампањата се служат и со социјалните медиуми со цел подигање на свеста во врска со оваа тема. Тие отворија профили на Твитер и Фејсбук за да ја информираат јавноста за кампањата и половата нееднаквост во земјата.
На Твитер, тие објавија:
Најпосле, тие сакаат луѓето да им помогнат во подигање на свеста за кампањата споделувајќи ја на страниците на Фејсбук и објавувајќи на Твитер.
Еве како аперлираат до нетизените: