Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Иран: Секс скандал прикажан од граѓански медиум

На почетокот од овој месец, студентите од универзитетот Зањан во северозападен Иран снимија и поставија видео клип од нивниот заменик директор на училиштето, Хасан Мадади, со откопчана кошула, наводно подготвувајќи се има секс со студентка. Неколку ирански веб-страници и блогови велат дека студентката пријавила во Здружението на исламски студенти дека била под притисок од потпретседателот за да има секс со него.

Студентите од други ирански универзитети вклучувајќи го универзитетот Кирманша веќе претходно имаат поднесено обвинувања за сексуално малтретирање од службени лица, но без никакви последици. Во овој случај, доказот на граѓанскиот медиум беше чист: студентите протестираа една недела пред потпретседателот да биде конечно суспендиран. Претседателот на Универзитетот се извини и им се заблагодари на студентите.

Еве го видео клипот кој прикажува многу збунет потпретседател на универзитетот како ги слуша наредбите од студентите кои го снимија. Филмот е гледан повеќе од 67 000 пати за помалку од 10 дена.

Иранскиот блогер, Астоун Аби пишува [fa]:

Јас живеам во земја каде единственото нешто што го добивам е превез-фереџе. Јас живеам во земја каде на мене гледаат како некој со кого може да спијат. Јас живеам во земја каде во нејзиното најсигурно и најкултурно место, жената се осквернува.

Блогот, Зањан1387 беше ангажиран од студенти на универзитетот Зањан за да ги држи информирани читателите за нивниот протест. Во овој блог ние може да прочитаме [fa] дека повеќе од 1500 студенти потпишале петиција барајќи од Министерот за наука да го отпушти претседателот на Универзитетот Зањан. Блогот исто така објави неколку фотографии и видеа од различни протести.

Сано тврди [fa] дека потпретседателот правел притисок врз оваа девојка да има секс со него и барал од неа 7-месечен “привремен брак”. Блогерот додава дека пред овој инцидент имало и други случаи исто така.

Тоурџан вели [fa] дека интересно е што Мадади, потпретседателот кој делуваше на многу неморален начин, пред неколку недели му се закани на Здружението на исламски студенти дека тие ќе добијат забрана да функционираат заради правење неморални работи!

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.