Јапонија: Кино салите под закана го повлекуваат прикажувањето на документарниот филм „Заливот”

Насреде протестите на десничарските групи кои беа против прикажувањето [англиски] на документарниот филм „Заливот“ (The Cove) [англиски], добитник на филмската награда Оскар за најдобар документарен филм во 2009, три кино сали решија да не го прикажат.

Контроверзниот филм кој го документира колежот на делфините во заливот на селцето Тајџи на јужниот брег на Јапонија, место историски зависно од ловот на китови, беше предвидено да се прикаже [англиски] во јапонските кина на крајот на јуни.

Но, заради заканувачките телефонски повици и протестите пред фирмата задолжена за комерцијалната дистрибуција на филмот, две кино сали во Токио и Осака одбија да го прикажат филмот.

Предвидено е филмот да се прикаже во други дваесет и три кина, но датумите сѐ уште не се одредени.

И покрај тоа што малкумина имаа прилика да го видат, во Јапонија, документарецот беше строго критикуван како „анти-јапонски“.

И бидејќи „лошите вести патуваат брзо“, филмот доби негативна слава и стана познат како филм за чие снимање во Јапонија пристигна една група Американци, за да ги надмудри локалните рибари и да ги критикува јапонските традиции.

Блорегот Ki ni naru nikk вели дека ги разбира причините за протестот.

日本人は一般的にいるかの肉を食べいないもの。。。
ザコーヴへ抗議が殺到するのも、分かります。。。
でもちょっと、見たいかな。。。ザコーヴの書籍でも読もうかな。

Можам да ги разберам оние кои демонстрираат против „Заливот”…
бидејќи Јапонците традиционално не јадат месо од делфин…. но, би било нтересно да го видам филмот …можеби ќе ја прочитам книгата.

Филмскиот плакат на „Заливот“. Слика на Кристофер Кар под Криејтив Комонс лиценца.

Досега, единственото прикажување на „Заливот“ беше на Интернационалниот филмски фестивал во Токио во ноември 2009 и покрај тоа што првично филмот беше одбиен [англиски].

Во филмот, кој е направен со современа технолошка опрема, како на пример камуфлирани високо-дефинициски камери, активистите кои се спротивставуваат на ловот на делфини, го документираа колежот на делфините и црниот пазар со месо од делфини кое се продава како китово месо. Исто така, ја потенцираат опасноста од високиот процент на жива содржано во месото на делфинот, нешто што во Јапонија е добро познато после откривањето на таканаречениот Минимата инцидент [англиски].

Еден блогер на umikarahajimaru, кој го гледаше филмот на Интернационалниот филмски фестивал во Токио, го критикува за пристрасниот и претерано емоционален тон. Според него, овој филм е повеќе активистички одошто документарен филм во новинарски стил.

それはともかく、私が残念だと思うのは、太地町のことでも、この映画の作り手のことでもなくて、この映画の受け手のこと、 つまり、こんな論理性もなく、具体的な論拠も証拠も示せずに、観客の情緒に訴えかけることで共感を得ようとするような、ドキュメンタリー映画とも言えない ような代物を、最優秀ドキュメンタリー賞に選ぶアメリカ人が非常に多いことです。

Она за кое што најмногу го критикувам филмот не е фактот дека зборува за тоа што се случува воТајџи, ниту за тоа кој го направи, туку за оние што го гледаа филмот. Со други зборови, го критикувам фактот што многу Американци го наградија филмот кој според моето мислење не може да се нарече документарен филм. Се обидува да влијае врз чувствата на гледачите и да ја придобие нивната симпатија без да прикаже конкретни докази и исто така, му фали логичност.

[…]

太地町側は、『ザ・コーヴ』の上映中止に躍起になっているようですが、そういう活動は、かえって都合の悪いことを隠してい るようにも見えるし、逆に、『ザ・コーヴ』を観てみたいという人を増やすことにもなるように思います。上映してみれば、「ひどい映画だ」という噂がさ あーっと広まって、案外、早々に騒ぎが沈静化するということもあるかもしれません。

Се чини дека на луѓето во Тајџи би им се допаднало „Заливот“ да се повлече од кино салите, но бидејќи би можело да изгледа дека се обидуваат да ги скријат лошите дела кои ги направиле, тоа би можело да има спротивен ефект и бројот на Јапонци кои би се заинтересирале за филмот би се зголемил. А доколку го допуштат прикажувањето на филмот, би можело да се случи да се рашират гласини дека „филмот е лош“ и на тој начин сета оваа врева околу филмот да изчезне во еден само момент.


Рекламниот трејлер на „Заливот“

Меѓутоа, загрозувачките дејства од страна на десните активисти нема да ги остават Јапонците рамнодушни. Некои тоа го поврзуваат со 2008-та година кога документарецот „Јасукуни“ (YASUKUNI) [англиски] (за храмот Јасукуни) на сличен начин беше повлечен од кината [англиски] бидејќи беше означен како „анти-јапонски“.

Тогаш, околу 55 јапонски интелектуалци, новинари и режисери изјавија дека се против откажувањето на прикажувањето на филмот. Повикувајќи се на принципот на слободата на изразување, издадоа заедничка изјава во која наведоа дека се против цензорирањето на филмот и дека ги поддржуваат оние кино сали и оние луѓе кои се цели на загрозувачките дејства.
renjakudo го споделува на својот блог текстот на изјавата.

こういう事態が一般化すると、評価が分かれるような問題作というべき映画は上映できないことになってしまいます。そもそも 海外では広く公開されているこの映画が、作品で描かれた当事国の日本で公開できないというのは、日本における「言論表現の自由」がいかに脆弱かを示す事柄 といえましょう。

Доколку ваквите инциденти станат вообичаени, во блиска иднина ќе биде невозможно да се прикажуваат било какви контроверзни филмови кои ќе го делат јавното мислење. Фактот дека еден филм како овој, кој не може да биде прикажан во самата Јапонија, а се прикажува нашироко во странските земји, покажува колку е крута „слободата на изразување“ во оваа земја.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.