Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Србија: Тортура или терaпија?

На 21-ви мај на веб страницата на српскиот неделен весник „Време” беше објавена видео снимка за тортурата во духовно-рехабилитациониот центар: „Црна река“, кој се наоѓа во јужно-западна Србија. Пациентите во овој центар се зависници од дрога, а раководител на центарот е српскиот православен свештеник Бранислав Перанович.

Речиси сите српски медиуми ги покажаа ужасните сцени од видео снимката, во која Перанович брутално тепа еден еден од пациентите со лопата и со тупаници.

Народниот правобранител, Саша Јанкович, е еден од службените лица кои реагираа брзо. На веб страницата на „Време“ беше објавено дека Јанкович ќе поднесе кривична пријава против девет идентификувани лица од духовно-рехабилитациониот центар „Црна река“, кој се наоѓа во близина на Нови пазар, поради шарлатанство, извршен напад и нанесување телесна повреда. Јанкович исто така рекол дека сериозни повреди им се нанесени на пациентите на центарот, а тоа не може да се нарече третман или терапија, што јасно може да се види на видео снимката.

Српските блогери реагираа многу брзо на извештајот, а свои изјави дадоа и претставниците на духовно-рехабилитациониот центар „Црна река“ и српската православна црква.

Наместо да го опишува настанот со зборови, Иван ја објави видео снимката на неговиот блог. Еве некои од коментарите:

Warny, 5/21/2009:

На почетокот ми се згади.

Имено, станува збор за луѓе кои се на пат од кој нема враќање. За нив и за нивните семејства поприфатливо е сè она што ќе им го врати претходниот живот…

Потоа размислував за тоа и им заѕвонив на неколку пријатели и разговарав за ова со нив и сфатив дека работите не се такви како што изгледаат.

Иван одговори на 5/22/2009:

Да, во право си, ама кога видов како тој коњ им ги крши вилиците, ми се слоши.

Banjac, 5/23/2009:

Во споредба со тортурата која зависниците од дрога ја преживеале поради кражби и други крвични дела она што е прикажано на видеото е безначајна тортура. Ако зависниците од дрога провалиле во некој автомобил и успеале да украдат радио, тие ќе бидат повеќе претепани ако бидат фатени. Потоа, прашајте ги семејствата на зависниците од дрога колку тешкотии и страдања доживеле и прашајте ги дали се согласуваат со методите на свештеникот Бранислав. Јас знам дека тоа не им пречи. Тој ја прифати работава со цело срце и се обидува да помогне. Тортурата што беше прикажана на видео снимката е природна појава во тие кругови, каде тешко дека може да се размислува рационално и човечно. На крајот, центарот „Црна река“ не е извор на зависници од дрога, туку место на воскреснување на Исус кој се жртвуваше за сите нас. Со верба во Бога, свештенику Бранислав ја имаш мојата апсолутна подршка.

Foxy Lady, 5/25/2009:

Не ја гледав видео снимката затоа што сум прилично млада девојка. Само прочитав за ова.

Не знам какви се зависниците од дрога и не знам какви третмани се применуваат во центрите за рехабилитација, но знам дека ако се претепа некој зависник од дрога резултатот нема да биде излечен зависник од дрога.

Arham, 5/27/2009:

Ова е ужасно. Вакви кретени треба да се уапсат. Ова ги поминува сите граници. Без разлика дали некој е зависник од дрога или не, ова што се прави не е нормално и не е никаков третман. Ова што се случува е вистинска катастрофа.

На официјалната веб страница на духовно-рехабилитациониот центар „Црна река“ меѓудругото е објавено и следново:

…Хронолошкиот ред е едноставен. Бајден доаѓа во Србија. Епископот Артемије не го прими во светиот манастир Дечани, затоа што бил дел од окупационите сили. Домашните прогресивни сили се изнервирале и ја искористиле видео снимката за да му го уништат угледот на епископот Артемије кој како и свештеникот Бранисав, кој раководи со центарот околу десет години, го благослови основањето на центарот…

Дали зависниците од дрога ќе му бидат благодарни на Бајден за сето она што го стори за себе и за Србија, Косово и Авганистан?…

Изјавата на Перанович за телевизијата B92 беше објавена на сајтот на „Време“:

„Понекогаш користиме сила, секако со согласност на родителите. А пациентите беа известени предвреме дека нема да толерираме прекршување на нашите правила. Оние кои имаат зависник од дрога дома знаат точно за што зборувам.“

Силја, една од пациентките во центарот „Црна река“ вели:

Јас сум Силја и во центарот „Црна река“ сум од 29 октомври 2008 год. Сметам дека на оваа тема сум покомпетентна да зборувам јас отколку некој новинар. Имам порака до сите оние кои веруваат во нападите врз православниот мисионерски, духовно-рехабилитационен центар, а во кои учествуваа сите медиуми во Србија: престанете да ги осудувате вработените во центарот за нешто за кое немате лично искуство. Тоа што се вели дека тортурата се користи се применува како терапија е апсолутна лага. Ако има тортура, тогаш таа се применува врз мал број на пациенти кои не ги почитуваат правилата во центарот и кои нè попречуваат сите нас да се излечиме. Строго е забрането да се носи дрога во центарот, а забрането е каков било физички конфликт како и кражби, навредувања и бегање од центарот. Мора да се казни секое прекршување на овие правила. Ова се случува многу ретко и се користи кога е неопходно. Има многу пациенти во центарот и ако не се почитуваат правилата, тогаш таму ќе има хаос. Мора да сфатите дека зависникот од дрога е спремен да направи сè кога е во криза.

Српскиот блогер Маркос на неговиот блог Триста чуда напиша:

…За разлика од поголемиот дел на јавноста, некои од родителите кои беа во кампот вчера сега имаат сосема различно мислење во однос на бруталните методи за превоспитување на зависниците од дрога…

Таа додаде дека таа била против тортурата. Меѓутоа, третманот во Институтот за зависници на наркотични средства не помогна тој да се излече. Тој излезе оттаму после девет вида на лекувања, но и понатаму остана зависник од дрога.

Маркос цитираше една изјава на Вера од Нови Сад, мајка на еден од пациентите:

„Син ми е таму веќе четири години. Ако не отидеше во центарот, немаше веќе да биде жив. Му купив јаже и му реков да се обеси ако не може да живее без дрога“.

Таа додаде дека таа била против тортурата. Меѓутоа, третманот во Институтот за зависници на наркотични средства не помогна тој да се излече. Тој излезе оттаму после девет вида на лекувања, но и понатаму остана зависник од дрога.

Блогерот Никола Кнежевич меѓудругото цитираше изјава на Светиот Синод на епископи на српската православна црква. Еве дел од неа:

Светиот синод на епископи на српската православна црква ги прими со изненаденост и разочарување вестите за бруталното насилство врз пациентите во манастирот Црна река во рашко-призренската епархија. Објавената видео снимка и признавањето на свештеникот се несоборлив доказ за насилство кое апсолутно не е својствено за евангелистичкиот дух и мисијата на црквата.

Поради тоа, Синодот бара епископот Артемије веднаш да го распушти стационарот и да поведе црквено-правна постапка против свештеникот кој го призна извршеното дело…

Кнежевич го заврши постот со овие зборови:

Она што нè изненади и шокира подеднакво како инцидентот е високото ниво на мазохизам кај родителите. Во согласност со принципот „крајот ги оправдува средствата“, тие беа апсолутни рамнодушни кон начинот на кои беа лекувани нивните деца во центарот „Црна река“. Се разбира тоа е еден значаен знак кој ни покажува дека насилството стана прифатливо во нашето општество.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.