Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Порторико: „Зошто толку страв од слика?“

Онлајн магазинот 80 Grados оваа недела објави статија од фоторепортерот Рикардо Алкараз во која тој јавно го обвинува ректорот на Универзитетот во Порторико, Мигел Муњоз, за цензурирање на една од фотографиите од фотоесејот кој Алкараз го подготвуваше за изданието по повод 25-годишнината од универзитетскиот месечен весник, Диалого. Алкараз е единствениот останат новинар од оригиналниот кадар на весникот.

Оспорената фотографија е од студентски штрајк на Универзитетот во Порторико во 2010 и покажува полицаец кој вреска на тажна девојка. Алкараз вели дека деканот на Универзитетот имал грижи околу некои фотографии уште од почетокот:

En estos días está circulando la más reciente edición de Diálogo, cuya portada está dedicada a los 25 años del periódico. En este número estaba supuesto a publicarse en dos de sus páginas un foto-ensayo, con una selección que hice de las imágenes más representativas de mi trabajo en estos 25 años, pero no salió. Fue censurado por la nueva directora de Diálogo, porque el presidente de la Universidad de Puerto Rico (UPR), Miguel Muñoz, objetaba algunas de las fotos incluidas en el ensayo.

Деновиве беше објавено најновото издание на Диалого со насловна страница посветена на 25-годишнината на весникот. Поради тоа на 2 од неговите страници требаше да има фотоесеј со избор на најпретставителните фотографии од мојата работа во изминатите 25 години, но не беше објавен. Беше цензуриран од новиот директор на Диалого, бидејќи деканот на Универзитетот во Порторико, Мигел Муњоз, беше против некои од фотографиите вклучени во есејот.
This photo by Ricardo Alcaraz of the 2010 student strike was to be published on the 25th anniversary of Diálogo. The paper's director did not want the photo used because of objections by the university's president. Rather than taking the photo out, Alcaraz decided to retire the photo essay altogether. Photo published with Alcaraz's permission)

Оваа фотографија на Рикардо Алкараз од студентскиот штрајк во 2010 требаше да се објави на 25- годишнината од Диалого. Директорот на весникот не сакаше да се употреби фотографијата поради несогласување од деканот. Наместо да ја отстрани фотографијата Алкараз одлучи да го повлече целиот фотоесеј. (Фотографија објавена со дозвола на Алкараз)

Сепак, по некои дискусии меѓу Алкараз и директорот, се се смири околу фотографијата од штрајкот (погоре), а Алкараз одлучи да го повлече целиот есеј:

Se me pidió que la reconsiderara; que si retiraba o cambiaba esta foto, el foto-ensayo se publicaba. Pero me negué, y le dije a la directora que si yo retiraba esa foto con tal de publicar el resto de las imágenes, eso sería faltarme el respeto a mí mismo. Resultado: el ensayo no se publicó.

Ме праша да размислам; ако ја повлечев или променев фотографијата фотоесејот ќе се објавеше. Но, одбив и му реков на директорот дека ако ја отстранев фотографијата само за да се објават сите други фотографии не би се почитувал себеси. Резултатот: Есејот не беше објавен.

Алкараз жали што администрацијата одлучи вака да се прослави 25-годишнината на Диалого:

Así celebra esta administración universitaria los 25 años del periódico: con la intolerancia y la censura.

Вака администрацијата на Универзитетот ја прославува 25-годишнината на весникот: со нетолеранција и цензура.

Неприликата на Алкараз не помина незабележано. Десетици луѓе ја објавија повторно цензурираната слика на нивните ѕидови на Фејсбук и ја споделија врската до приказната 80grados на Твитер. Имаше излив на солидарност и навредување.

Не е јасно зошто администрацијата се спротивставува на објавување, а Алкараз се прашува:

¿Por qué se le teme tanto a una imagen? ¿Realmente tiene tanta fuerza? ¿Influye tanto? ¿Por qué tanto empeño en impedir que se vea?

Зошто толку страв од една слика? Дали навистина има толку сила? Дали толку многу влијае? Зошто толку инсистирање во спречувањето да се види?
*Глобал Војсис Порторико одново објави многу фотографии на Рикардо Алкараз во изминативе години. Ве молиме погледнете ја Посебната репортажа за студентските протести во Порторико 2010/11 и поновата Марш против цевководот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.