Јужна Америка: Фестивал за инсталирање слободен софтвер 2010

Низ Јужна Америка, слободниот софтвер е важен за многу земји и луѓе кои одлучиле да ги употребуваат овие материјали во нивната јавна администрација, како и за изнаоѓање решенија за други предизвици. На пример во Куба, движењето за Слободен софтвер помогна во одржливиот развој. Владата на Еквадор донесе јавна политика која отворено го прифати Слободниот софтвер, слично како Бразил, регионален лидер во слободниот софтвер и слободната култура.

На 24-ти април, многу промотори и корисници на слободен софтвер од Јужна Америка славеа со журка, наречена FLISOL2010, како што објаснува Leo:

FLISOL е Јужноамериканскиот фестивал за инсталирање слободен софтвер, настан организиран од јужноамериканската заедница на слободен софтвер, од 2005-тата година. FLISOL се одржува секоја четврта сабота во април, секоја година. Шестиот по ред FLISOL беше прославен минатиот викенд, на 24-ти април 2010. Денес, FLISOL несомнено е најголемиот FOSS настан во Јужна Америка и можеби, најголемиот фестивал за инсталирање во светот. Овогодинешниот FLISOL беше истовремено организиран во 20 земји и 250 градови низ цела Јужна Америка и за прв пат, во Европа (три локални настани во Шпанија).

Секоја прослава низ регионот е уникатна. На пример, во Антиква, Гватемала, за да се прослави слободниот софтвер, една од активностите организирани од Antigualug (група корисници на линукс) беше кршење на пињата.

Celebrating with Piñatas

Прославување со пињати, употребено со дозвола, без задржани правила.

Славењето на FLISOL во Каракас, Венецуела ги комбинираше активностите со музика во живо.

Никарагва славеше со заедниците од Естели, Гранада, а Манагва со самопрогласениот „Рокстар тим на инсталери“. Централноамериканските заедници ги здружуваат напорите за да ги интегрираат заедниците на Слободен софтвер, како што можете да прочитате на Планетата корисници на слободен софтвер од Централна Америка.

Уругвај прослави со инсталирање на Федора, во Мексико активноста се одржа на различки места каде организаторите инсталираа слободен софтвер на компјутерите на многумина корисници, а пак 8 градови во Чиле беа домаќини на FLISOL славењето. Исто така и Куба беше домаќин на истовремени активности на различни локалитети, од Хавана до Матанзас.

Flisol 2010- Каракас, Венецуела, сликано од Kamijacker

На крајот, Mozilla Колумбија и OpenBSD во Меделин учествуваа на настаните одржани во Колумбија, а FLISOL маратон на 3 града се одржа во Сан Кристобал, Кукута и Памплона.

Ова е само мал увид кој има за цел да покаже како слободниот софтвер во Јужна Америка создаде мрежа на меѓусебно поврзани младинци, со било која социјална, политичка и етничка заднина, соработувајќи и создавајќи заедно. „Заедничка платформа“ која промовира „споделена култура“. За повеќе информации и поврзувања можете да прочитате на Јужноамериканската планета на слободен софтвер.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.