Маракеш, главната туристичка атракција во Мароко, беше погодена во четвртокот во бомбашки напад кој одекна во еден популарен ресторан лоциран во еден од најпрометните плоштади во светот, Џемаа ел Фна, убивајќи 16 лица и ранувајќи десетици други, од кои повеќето се туристи. Владата го опиша бомбардирањето како терористички напад и објасни дека оштетувањето предизвикано со експлозијата е од далечински управувач. Бомбардирањето дојде како шок во земја која е горда на својата стабилност.
За да ја изразат својата солидарност со жртвите од бомбардирањето и да ја покажат својата поддршка за жителите на градот, блогерите Самиа (@samedda_), Бухра (@princessa82), бизмарок, Гали (@ghalito91) и Лејди Зи одлучија да основаат Tумблр блог во кој повикуваат на придонес со слики како поддршка за градот на тагата. „Го сакам Кеш!“ (Keш значи Maракеш) е кампањата која што ја започнаа на Твитер за собирање поддршка. Следново е селекција на слики кои што пристигнаа на блогот од целиот свет.
Сите слики објавени овде се споделени со дозвола на авторите на блогот.
Од Бејрут, Либија:
„Го сакам Маракеш! (многу, многу, многу)“
Од Саудиска Арабија:
Од Мајами, САД:
Од Париз, Франција:
„Го сакаме Маракеш!“
Од Рио де Женеиро, Бразил:
„Луд сум по Маракеш“
Од Шалон сур Саон, Франција:
Од Гринвич, САД:
Од Каиро, Египет:
Од Сан Франциско, САД:
Од Ел Салвадор:
Од Маракеш:
За повеќе слики, ве молиме посетете ја ilovemarrakech.tumblr.com.
Придонеси можат да бидат испратени на ilovekech[at]gmail[dot]com.