Oваа објава е дел од нашата специјална покриеност на протестите во Сирија во 2011 година.
Голем број на Египќани им се придружи на сириските студенти кои се собраа пред амбасадата на Сирија во протест против убивањето на демонстранти, и повикаа на државен преврат на Сирискиот режим на Башар Ал Асад. Протестантите пееја во солидарност со сириските демонстранти и исто така се молеа за оние кои ги изгубија своите животи во протестите.
Лилијан Вагди, која присуствуваше на протестите, напиша на Твитер:
Само што се вратив дома. Ми се допадна духот на денешните демонстрации пред Сириската амбасада. Беше бестрашно, и преовладуваше атмосферата на солидарност
Во друга порака на Твитер , таа напиша:
овде има 300 луѓе подеднакво Сиријци и Египќани што би се рекло#сириска амбасада #eгипет
Зеинобија, кој исто така беше пред Сириската амбасада, го сподели овој клип кој покажува како студентите во Каиро извикуваат(Aр): “Оди си! Оди си! Башар!”
На Твитер, Зеинобија додава:
Толку сум срекен со денешниве Сириски протести во Каиро
Мена Мохи, која исто така беше таму,додава (Aр):
А 3aрабави, или Хосам Ел Хамалави сподели колекција на фотографии кои ги сликал на протестите овде.
На сервисот за гледање во живо преку мобилните телефони,Бамбусер, Sherif Boraie сподели клип од протестите покрај Сириската амбасада. Протестантите повторуваат (Aр): “Куќа по куќа, Сирија е полна со слободни луѓе.”
Исто така денес, Сара напиша на Твитер:
Протести пред либиската амбасада во Каиро. Либиски, египетски и сириски знамиња. Блокада од Воената Полиција, патиштата пренасочени.
Оваа објава е дел од нашата специјална покриеност на протестите во Сирија во 2011 година.