Блогерите од Костарика успешно ги истражуваат нивните кулинарски способности преку разни интересни блогови, збогатени со рецепти и слики. Овие здрави, слатки, типични и експериментални јадења го задржуваат вниманието и го зголемуваат апетитот на читателите на овие блогови. Опсегот на блоговите е широк – од готвачи, аматери до луѓе кои се страстни љубители на храната, чија цел не е да ги презентираат рецептите, туку да ги охрабрат читателите да почнат да експериментираат со храната.
Food Junky [шпански] е кулинарски блог на Маријана Флорес. Името на блогот асоцира на зависнот од храна, што не е тешко да се замисли, гледајќи ги прекрасните презентации на нејзините јадења. Како вистински фан на готвењето, нејзините категории на блогот се големи толку колку што има и јадења, кои се далеку од комплицирани за подготовка.
Љубовта на Flores кон готвењето е една од причините зошто таа почна да ги објавува рецептите на нејзиниот блог, како што кажува таа во нејзиниот прв пост:
Yo sé que hay millones de blogs de gente que cocina y comparte recetas, y fotos, y tips y de todo, pero ninguno es mío.
Food Junky може да се следи на твитер (@Food_JUNKY)
Manos en la Masa [шпански] (Рацете во тестото) е колективен блог кој објавува свои кулинарски постови уште од 2007. Лена, Андријана, Лиз и Џулс ги споделуваат своите искуства преку вкусни рецепти, употребувајќи органски производи, даваат здрави препораки и сето тоа го зачинуваат со доза на хумор. Авторките сами ги приготвуваат експерименталните рецепти и тоа се рефлектира преку начинот на кој ги пишуваат рецептите:
Seguimos utilizando la berenjena como sustituto de la pasta de trigo. Colocamos una capa de berenjena encima del queso, y volvemos a empezar: tomate, queso y más berenjena. Coronamos con una leve capa de tomate y un par de dientes de ajo crudos picados bien finitos. Como la receta no lleva mucho aderezo, esto le ayudará a crear un contraste maravilloso, créame.
Симболизираните, класични национални јадења се дел од оваа иницијатива. Во својот блог Cocina Costarricenes [шпански] (Кујна во Коста Рика), Луиз Гонзалес ја истражува привилегијата за готвење дома типична костариканска храна. Рецептите и советите за готвење кои со генерации се чувале, сега се достапни за сите, благодарение на Луис и неговара страст за готвење. Блогерот вака го објаснува својот кулинарски блог:
En Costa Rica la gastronomía es herencia y resultado del cruce de razas. La auténtica cocina costarricense se hace en cocinas de leña (fogón) y al lado de hojas de plátano. Recetas que intento rescatar y dejar plasmadas en este blog.
2 коментари
Кулинарски македонски блогови:
http://sitnoseckano.blogspot.com/
http://prikazniodednamalakujna.blog.mk/
http://vegetarijanstvo.kauza.mk/
<3 odlicno!!!
mnogu mi se dopagjaat tvoive tekstovi Teodora-tea..:)
SUPER BRAVO!