Осудите летаат од лево, десно, а и од центарот по израелскиот напад на флотата водена од Турција, упатена кон Газа за да достави хуманитарна помош и да ја скрши блокадата на палестинската енклава.
На Tвитер, Квин Нур Ал Хусеин на Јордан (Queen Noor Al Hussein of Jordan) твита:
Време е Израелците да изберат меѓу живот во изолирана и осудена земја која го отфрла меѓународното и хуманитарното право или да се посвети на иднината во мир.
Султанот Ал Касеми на ОАР забележува со тешкотија:
O, видете, дури и суданскиот диктатор ги осудува нападите на израелскиот ѓаволски апартхејд. Сега се видов. #jumpingonthebandwagon
И Маријам, исто така од ОАР, се уште бара реакција од Обединетите Нации за нападот:
Барам реакции од Бан Ки Мун за #freedomflotilla (ослободете ја флотата). Последна објавена вест: Бан Ки Мун ги охрабрува жените да престанат со пушењето.
Во првиот од серијата твитови на кралицата на Јордан, Ранија вели:
Шокирана сум од убивањата на цивили во меѓународни води #FreedomFlotilla. Скршена сум од храброста и жртвувањето на оние луѓе на палубата во името на правдата.
Таа,vпотоа, додава:
Секој брод кој се обидува да ја премине блокадата е брод на надежта за луѓето во #Газа.
И неколку причини зошто:
#FreedomFlotilla Факт бр.1: ЗДРАВЈЕ – 95% од водата во Газа е под стандардите на СЗО, изложувајќи илјадници новороденчиња на ризик од труења. PLZ RT! (извор)
#FreedomFlotilla Факт бр.2: Едукација – 1/3 од училиштата беа уништени за време на нападите на Газа во 2009; тие се уште не се изградени. PLZ RT! (извор)
#FreedomFlotilla Факт бр.3: СИРОМАШТИЈА – 80% од народот во Газа живеат под границата на сиромаштијата; 95% од приватните бизниси се затворени. PLZ RT! (извор)
#FreedomFlotilla Факт бр.4: ХРАНА – Две третини од луѓето во Газа не знаат од каде ќе им дојде нивниот нареден оброк. PLZ RT! (извор)
Еѓипќанецот Абделрахман беше брз во одговорот на кралицата:
Во Египет, Амира Хаувејди забележува:
Ве молам, престанете да ја споредувате израелската армија со сомалиските пирати! Ова ги навредува пиратите кои не убиле никого #flotilla #gaza
Во меѓувреме, бахреинскиот државен министер за надворешни работи д-р Назар Ал Бахрана твита:
Ние ја следиме состојбата преку нашиот и палестинскиот амбасадор во Јордан и МНР на Јордан да ги следи Бахреинците на бродовите од конвојот
И бахреинскиот министер за надворешни работи шеикот Каид Ал Калифа извести денеска:
Бахреинските затвореници само што се пуштени … Tие се во Јордан, на пат кон дома