Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Венецуела: Упис во државните универзитети

Минатата година, претседателот Хуго Шавез објави елиминирање на приемните тестови за влез во универзитетите во Венецуела. Тие ќе бидат заменети со националниот систем на упис. Новиот систем, според експертите, мора да креира социјални вредности, да биде практичен, и изводлив со ресурсите на државата. Исто така мора да биде дел од државната политика во врска со високото образование.

Секоја година околу 400,000 студенти бараат да бидат запишани на венецуелските државни универзитети. За жал, не е возможно да се задоволи секое барање, што води до дискусија како да се запишат студенти на специфична програма врз база на одреден критериум … но кој критериум?

Централниот Универзитет на Венецуела се соочи со демонстрации по ова прашање, особено за време на изборот на челните лица во Академијата. Некои велат дека овие промени се дел од демагошката стратегија на претседателот (повторно) да се здобие со популарност со задоволување на просечноста и непосредноста. Други велат пак дека овој нов систем претставува по демократски и поизедначен начин за запишување во високото образование. Новата политика треба тек сега да оствари, но венецуелските блогери имаат свои размислувања за тековните и новите системи.

Фотографија од студенти од Венецуела

Фотографија на Кит Кет и користена под лиценца од Криејтив комонс

За Жозефина од Ел Муро Те Ламента [es], елиминирањето со тестовите за упис не го решава проблемот:

Проблемот не е како да се влезе, туку да се направи тоа под одредени услови кои ќе му дозволат на студентот успешно да заврши. Без основни услови за упис, невозможно е да се образуваат компетентни професионалци кои ќе бидат посветени на својата држава. Штом се еднаш прифатени, тие нема да можат да ги измамат нив или државата.

Жакорамон од Венецуела Либре [es] додава дека целта би требало да биде да се обезбеди подеднакво образование за сите:

Тестовите за елиминација при упис не го решаваат проблемот. Владата го знае тоа, но претпочита да направи привремено решение отколку да го решава вистинскиот проблем. Ова е проблем со народните влади (…) заштитници на еднаквоста која не постои. Нашето образование треба да биде подеднакво за сите, исто како две капки вода, но од почеток. Образование со висок квалитет треба да започне од основното училиште и да трае цело време низ средното образование (…) и јас се прашувам кој, откако ја видел целата дискриминација поддржана од оваа влада може да верува дека сите средношколци ќе бидат разгледувани како еднакви, како две капки вода, во очите на владата?

Ин а Контри оф д Блајнд [es], Андрес прикажува друг факт за разликите помеѓу приватното и државното образование во Венецуела:

Зошто сето ова предизвикува феномен на исклучување на студентите од државните училишта? Уписот на висок број на студенти од приватните училишта е последица на ниското ниво на квалитет во државните училишта.

Исто така е коректно да се коментира дека има одредени фактори кои ја влошуваат уште повеќе ситуацијата: социо-културните фактори. За време на првиот упис на Рафаел Калдера, тие одлучија да ги затворат техничките училишта и потоа, дојде идејата дека ние сите треба да бидеме универзитетски студенти. Сé под тоа беше срамота. Со тоа, дојде друг проблем; проблем со менталитетот.

Постои уште еден нефер фактор: некои членови во законите на државните универзитети одобруваат уписи на деца на вработени, професори, политичари, атлетичари и уметници. Зошто велам дека не е фер? Па, се чини дека 40% од студентите во државните универзитети се запишани благодарение на овие закони, нешто што беше цел на корупцијата внатре во универзитетот и организациите кои ги организираат генералните тестови за упис.

Писателот и професорот Барера Линарес во неговиот Дуда Мелодика [es] дава свое мислење за тоа дали тестовите исто така ги мерат другите важни вештини.

Од сите тестови што било кога сум ги оценувал, неколку од нив беа поврзани, на пример, со други области, поквалитативни ако сакате, но исто така човечки, како увид, мислење, дебата, околина, живот во заедница, критичко мислење, и комуникација помеѓу другите. Според мене, овие се исто така важни кога ќе ги поврземе со некои кариери кои моментално постојат или ќе постојат.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.