Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Венецуела: Интернетот како приоритет

Кога венецуелската влада го донесе декретот бр. 6649, крена црвени знамиња помеѓу онлајн заедницата поради можните влијанија врз образованието, истражувањето и други полиња важни за развојот. Декретот се обидува да ги елиминира „луксузот“ или „непотребните трошоци“ помеѓу јавните трошоци, меѓу кои и интернетот.

Како резултат, беше креирана онлајн кампањата Internet Prioritaria [шпански] со став дека интернетот е основна потреба. Според изјавата на групата „декретот ги нарушува јавните политики на Венецуела, откако интернетот е прогласен како приоритет во декретот бр. 825 и државата се потруди да го користи интернетот за ефективноста на јавната администрација, здравството и образованието“

112

Дополнително, оваа заедница е загрижена за продолжување на истражувањата и образовните програми кои се овозможени поради интернетот, „мора да бидеме сигурни дека одржливоста на универзитетските проекти базирани на информатичка технологија нема да бидат опфатени со кратењето на буџетот.“

Помеѓу нивните цели, Internet Prioritaria сака да го задржи користењето на интернетот како приоритет, да создаде технологии кои со помош на користењето на интернетот ќе бидат корисни за јавниот сектор и да поддржат истражувања за информатичките технологии. Исто така, групата предложи дискусијата за овие технологии да се случува на венецуелските медиуми за да може да има подлабок дијалог за важноста на интернетот во развојот, како и важноста од дигитална писменост.

Кампањата е активна, користејќи Facebook [шпански] и Twitter. Во нејзините први 45 часови, групата достигна 205 членови. На Twitter, тагот #internetlujo [шпански] (интернет луксуз) се користи за да се продолжи кампањата. Голем број на блогови и други дигитални форми се приклучија. Дискусијата во венецуелската блогосфера може да се гледа од две страни, едни тврдат дека овој нов декрет е обид да се ограничи слободата на говор, други сметаат дека овој тип на кампања е дигање паника каде што нема потреба. Еве неколку примери:

На нејзиниот блог Signos Bajo la Luna [шпански], Холанда Кастро креира листа со некои од блогерите кои имаат објавено пост на темата и исто така пишува за задните намери на декретот, според нејзино мислење:

Es paradójico. Mi país se erigió como paladín del Software Libre y de la Apropiación Social de Internet, hace años, antes de que otros lo hicieran. Con un revolucionario Decreto presidencial -no por el partido, sino por lo que realmente significa la palabra revolución- decía en el 2000 que era (¿y acaso no lo es ahora?) prioritaria la sistematización de procesos de la administración pública a través de Internet.

Luego de pasar años en la clandestinidad, soñando con un “otro mundo es posible”, al llegar al poder l@s revolucionari@s se dan cuenta de que eso del poder no es como parece. Porque el poder no se comparte, o dejaría de serlo, no se cuestiona, o se debilitaría, no se discute, porque es infalible. Eso, hasta los surrealistas lo saben y sufrieron.

Тоа е парадоксално. Мојата земја стана херој за слободен софтвер и социјално поседување на интернетот, многу порано од другите. Со многу револуционерен претседателски декрет – и не поради политичката партија, туку поради тоа што навистина беше револуционерен – во 2000 година беше речено дека систематизацијата на јавниот сектор преку интернет е приоритет (…и дали е сѐ уште?)

После години во тајност, сонувајќи за како „нов свет е возможен“ револуционерите дојдоа на власт и сфатија дека оваа работа наречена моќ не е како што изгледа. Моќта не се споделува бидејќи ќе престане да биде моќ. Моќта не се става под прашање инаку ќе стане слаба; не треба да биде дискутирана, бидејќи не може да погреши. Дури и на надреалистите им беше познато и тие страдаат од тоа.

Франциско Палм, од друга страна, дискутира од друг аспект и мисли дека има погрешно толкување на новиот декрет [шпански]:

El problema es la lectura tendenciosa del decreto 6649, porque poco les falta para decir que el gobierno está prohibiendo Internet, de hecho el correo que se está difundiendo tiene por Asunto “Limitan Internet en las Universidades”.

En el decreto 6649 se indica con claridad que la finalidad es “optimizar la racionalización del gasto en el sector público”. Yo creo entender que la palabra “optimización” (ya que doy clases de técnicas de optimización) no quiere decir que se prohíba o se elimine, sino que incluso en el caso de una actividad muy razonable y necesaria se requiere depurar la implementación de dicha actividad “haciendo el mejor uso de recursos escasos”.

La “campaña” debería estar dada en términos de INFORMAR y establecer claramente que es lo que eventualmente puede hacer de Internet un gasto suntuario, hablar de como la organización social puede ayudar a generar propuestas más “solidarias” (en el sentido económico que le damos en Venezuela).

Главниот проблем е ова пристрасно читање на декретот 6649. Тие велат дека владата скоро да го забранува интернетот. Всушност, имејл пораката која кружи наоколу има наслов „Ограничување на интернетот во универзитетите“

Декретот јасно вели дека главната цел е да се „оптимизираат заштедите во јавниот сектор“. Верувам дека јас го разбирам значењето на овој збор бидејќи предавам различни техники за оптимизација. Ова не значи дека интернетот ќе биде забранет или елиминиран; тоа значи дека е важно да се тргне оваа активност, дури и ако е многу оправдана и потребна активност, „користење лимитирани ресурси на подобар начин“.

Кампањата треба да биде насочена на ИНФОРМИРАЊЕ и јасно да истакне кои се елементите кои може да го направат интернетот скап трошок. Тие треба да зборуваат за како социјалните организации може да помогнат во генерирање на „солидарност“ во нивните предлози.

Идејата за кибер-активизам е нешто за што блогот Enigmas Press [шпански] верува дека е есенцијално за јавна дебата на ваква тема:

Hay momentos que nos involucran a todos. No importa que partido tomar. Y es aquí donde entra el activismo-blog, ya sea un blog de cocina, de deportes, de chistes.

Постојат моменти кои не вклучуваат сите нас. Не е важна страната која сакате да ја заземете. Ова е ситуацијата каде блоговите и активизмот се среќаваат; без разлика дали е блог за готвење, спорт или шеги.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.