Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Бразил: Помеѓу демократија и сомнеж

Од јануарскиот Светски социјален форум кој се одржа во Белем, каде беа најавени алтернативни медиуми за воведување прогресивни и плуралистички информации во прв план, во Бразил започнаа да процутуваат онлајн независни иницијативи. Заедно со добро организираните медиуми на заедницата, Независниот медиумски центар има колективи основани низ големите бразилски градови, Веб 2.0 е домаќин на безброј блогови, алтернативни веб-локации за вести, форуми и интерфејс, како и кибер-активизмот кој брзо зема замав.

Овие примери се зацврстуваат низ состаноци на градско и државно ниво со граѓанските организации и академици во подготовка за Првата национална конференција за комуникации во Бразил која ќе се одржи во декември. Насловена како „Комуникации: средство за градење права и државјанство во дигиталната ера”, го сигнализира првиот чекор во демократизацијата на комуникацискиот систем на Бразил.

Но, и покрај алтернативните сектори кои прикажуваат демократски трендови, бразилските медиуми славно се карактеризирани со високо концентрирање во рацете на помалку од десет фамилии. Неизненадувачки, тогаш, играчите во борбата за демократизација на медиуми имаат бројни предлози, вклучувајќи зајакнување на јавниот сервис за радиодифузија на Бразил, штимање на неостварливата регулаторна рамка, проширување на програмата за дигитална инклузија на поранешниот Министер за култура Гилберто Гил  и инвестирање повеќе во алтернативните и граѓанските сектори.

conferencia_comunicacao2-300x220

Блогосферата останува поделена во однос на тоа кој предлог е најважен. На пример, неколку феминистички блогови, нè потсетуваат дека регулацијата, надгледување и обновување на законот за печат сè суштински. Овие, исто така, можат да паднат под капата на општествената контрола, која, за блогерот Алесандра Терибили:

É garantir que eles não podem dizer o que querem, reforçar esteriótipos, legitimar preconceitos, seduzir pelo consumo, informar pela metade, esconder uma parte… não podem fazer isso impunemente.

„е да се осигура дека тие [приватните бизниси кои ги финансираат медиумските организации] не можат да го кажат она што тие сакаат за да ги зајакнат стереотипите, легитимните предрасуди, делумно заведени од извештајот на потрошувачите, делумно криејќи сè … не можеме да го направиме тоа без казна.”

Но, за сајтот за кибер-активизам Трезентос, дигиталната инклузија останува главна. Нивните предлози одат подалеку од проширување на широкопојасниот интернет и инфраструктурата на поврзливост во Бразил, исто така начнувајќи ги дигиталните права на граѓаните:

“Todos os brasileiros têm o direito ao acesso à Internet sem distinção de renda, classe, credo, raça, cor, opção sexual, sem discriminação física ou cultural […] Todo cidadão tem direito de acessar informações públicas em sites da Internet sem discriminação de sistema operacional, navegador ou plataforma computacional utilizada. Toda pessoa tem o direito a escrever em blogs e participar de redes sociais com seu nome, com codinome ou anonimamente.”

„Бразилците имаат право на пристап до интернет, без разлика на приходите, класата, верата, расата, бојата, сексуалната ориентација, без физичка или културна дискриминација […] Секој граѓанин има право на пристап до информации од јавен карактер на интернет сајтови без оглед на користенитот оперативен систем, прелистувач или компјутерска платформа. Секој има право да пишува на блоговите и социјалното вмрежување со свое име, код или анонимно. “

Колку овие предлози ќе стапат на сила, земајќи ги во предвид претседателските избори во 2010 година, е дискутабилно. Згора на тоа, комуникацијата не е широко призната како човеково право и алтернативни средства се ретко колективно мобилизирани. Во Бразил, постепеното дигитално вклучување со 34% од земјата кои имаат пристап до интернет, со само 5% кои имаат корист од широкопојасниот интернет, исто така, стои во контраст со 98% од населението кое гледа телевизија. Сепак, контра-хегемонистичката борба за демократизација на комуникацијата, на крајот е засенета од монополистичкиот мејнстрим-тренд.

Иако на конференцијата може да се види поголемо учество на јавноста во креирањето на политиките и на заедничка, активна улога играна од алтернативни медиумски играчи и актерите на граѓанското општество, бразилските медиуми и демократијата сè кревки и сè во тек. Но, од суштинско значење e дека тие зајакнуваат заедно: за блогерот Пабло Педрозо

“Parte do esforço para a profunda transformação socioeconômica do Brasil, passa pela democratização dos meios de comunicação.”

„Дел од напорот за длабока социо-економска трансформација на Бразил е демократизацијата на медиумите.”

Поради тоа, конференцијата е само првиот чекор при огромната “напорна работа” со која Бразил се соочува во својот демократски развој. Ние едноставно ќе мора да почекаме и да видиме колку конвергирачките технологии резултираат во менување на интересите.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.