11 годишно бремено девојче во Уругвај одбива да абортира

Девојче од 11 години кое одбива да абортира создаде контроверзии.

Неодамна пишувавме за 10 годишно бремено девојче од Парагвај кое наводно било силувано од нејзиниот очув кое не е во можност да абортира поради законските ограничувања во таа земја. Сега, во Уругвај, каде абортусот е легален во првите 12 недели од бременоста, случајот на бременото 11 годишно девојче кое одбива да абортира ја шокираше нацијата.

Девојчето, за кое се вели дека има интелектуални пречки во развојот, била силувана од нејзиниот 41 годишен дедо на нејзината полу-сестра. Овој човек е сега во притвор и ќе биде обвинет за силување, според изјавите на уругвајските власти за Франц Прес.

Членови на семејството, доктори, општествени организации, и медиумите го охрабруваа девојчето да ја прекине бременоста. Тие дури и се обидоа да ја притиснат власта за таа да го принуди девојчето да абортира, според Пангеа Денес. Одговорот, сепак, не одеше во нивни прилог:

„Не постои ризик по животот на девојчето или бебето, така што не можеме да ја принудиме да абортира“, рече директорот на “INAU”, Моника Силва.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.