Обичаите во воспитувањето и лошата политика не им даваат надеж на децата-жртви на насилство во Ерменија

A group of activists and NGOs organized a public exhibition on family violence in Armenia.

Сликата е од Фејсбук страницата на коалицијата „Стоп за насилството врз жените“. Фотографијата е направена на јавна изложба во Ереван, на 1 октомври 2015.

Пред неколку месеци, еден пар розови детски чевлички со натпис ставен до нив се појави на плоштадот Република во Ереван. Натписот вели: „Не можев да напишам домашно. Тато се налути. Ме удри по лицето. Ми потече крв од носот… [потпис] Мариам, 8 години, Ереван”.

Ваквата слика беше дел од јавна изложба која ја организираа група активисти со цел да се подигне свеста за семејното насилство во Ерменија. Голем број чевлички беа наредени заедно со приказни од жртви на насилство кои невладините организации ги снимиле од жртви на насилство врз малолетници.

Тешко е да се објасни колкав е проблемот со насилството врз децата во Ерменија. Милена Абрахамиан, новинарка од „Квина тил Квина“ вели дека семејното насилство се смета за приватна работа во ерменското општество:

Working against domestic violence in Armenia is not easy, especially since many people do not even admit that it exists.

Не е лесно да се работи против насилството во домот во Ерменија, посебно бидејќи многу луѓе не сакаат ни да признаат дека постои.

Според годишниот извештај на комесарот за заштита на правата на децата во Ерменија од 2014 година, локалните власти истражиле само 10 случаи на семејно насилство врз деца. Во Ерменија има повеќе од 819.000 деца . Комесарот Карен Андреасиан изјави:

Խնդրի […] լուծմանը խոչընդոտում է այն, որ […] բազմաթիվ դեպքեր չեն բարձրաձայնվում և հետագայում չեն բացահայտվում, քանի որ երեխաներն անձամբ հազվադեպ են դիմում օգնության, իսկ ծնողների […] կողմից […] բռնությունը […] համարվում է օրինաչափ` որպես երեխայի […] դաստիարակելու միջոց:

Проблемот тешко се решава бидејќи за случаите на насилство не се зборува и тие не се откриваат детално. Децата ретко бараат помош, а насилството од страна на родителите се смета за нормален дел од воспитувањето.

Законот за семејство, законот за работа и кривичниот законик на Ерменија гарантираат основни права на децата . Како членка на Обединетите Нации, земјата ги следи препораките за заштита на децата преку амандмани на клучните домашни закони кои се обидуваат подобро да ги заштитат децата од еклплоатација, злоупотреба и трговија со луѓе.

Минатата година, Ерменија требаше да го заврши 11 годинишниот процес изготвување и потпишување на детален Национален план за акција за заштита на правата на децата. Стратешкиот план на Ерменија вклучува развивање истраги за случаи на семејно насилство, воспоставување на бесплатни телефонски линии во болници, полициски станици, локални самоуправи и консултации со психолози во образовните институции, како и кампањи за подигање на јавната свест и привремено сместување на жртвите. Неколку предлог-закони сѐ уште чекаат да се најдат на дневен ред, иако агенцијата на ОН за деца, УНИЦЕФ, смета дека законите за заштита на децата во Ерменија, кои се веќе на сила, се лоши.

However, despite these developments and the presence of political will, the implementation of laws still remains a problem as few working mechanisms have been established and resources, both human and financial, have been insufficient to translate provisions of laws into results for children.

Сепак, и покрај ваквиот развој и присуството на политичка волја, спроведувањето на законите останува проблем бидејќи работните механизми кои веќе се утврдија, како и ресурсите, и човечки и финансиски, се покажаа како недоволни за да можат законските одредби да дадат добри резултати за децата.

И покрај ваквите пречки, младинските активисти во Ерменија прават сѐ што можат, повикувајќи го општеството да го промени пристапот во однос на воспитувањето, а владата да преземе повеќе активни мерки за заштита на малолетниците кои се во опасност. Досега, трудот главно беше насочен кон подигнување на свеста за злоупотреба на децата, со неколку пара розови чевлички.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.