Досега, во 2017, Фејсбук има избришано 178 написи кои беа оценети како навредливи кон тајландската монархија, како дел од напорите за усогласување со строгите тајландски закони за „кралска навреда“.
Но, владата поддржана од војската вели дека има уште 131 напис кој сè уште не е избришан. Тие ѝ дадоа рок на компанијата до 16 мај да избрише 131 „антимонархиски“ напис. Доколку не соработува, владини претставници на Тајланд велат дека ќе ја тужат оваа калифорниска компанија.
Во Тајланд важи еден од најстрогите анти-„Lese Majeste“ (Кралска Навреда) закони во светот. Владата вели дека законот е неопходен за зачувување на единството во земјата, но групите кои се залагаат за почитување на човековите права и правниците веруваат дека законот треба да се менува бидејќи е премногу општ и често се злоупотребува од властите.
Според Меѓународната федерација за човекови права, 105 лица беа уапсени поради наводни прекршувања на „Lese Majeste“ по преземањето на власта од страна на армијата во 2014. Пред државниот удар во 2014, во кој војската ја презеде власта и ја основа владеачката хунта, само шест личности биле уапсени за навреда на монархијата.
Многу од уапсените лица беа активисти кои ја критикуваа војската, што ги натера застапниците на човековите права да ја обвинат владата дека го користи законот „Lese Majeste“ за замолчување на дисиденти.
Тајланд е држава во транзиција. Има нов крал, устав подготовен пред нешто помалку од две години, и војска која вети дека ќе ја врати власта на цивилното население откако ќе се имплементираат политичките и изборните реформи. Во ова време на транзиција, владата игра агресивна услога со ограничувањето на работата на медиумите и апсењето на оние кои се залагаат за демократски реформи. Дури и оние кои едноставно кликнуваат „сподели“ и „ми се допаѓа“ на написи на Фејсбук кои се оценети како навредливи кон кралството кривично се гонат во судовите.
Минатиот месец, владата побара од интернет корисниците да ги отследат страниците на социјалните мрежи на три критичари кои не живеат во државата. Еден од овие три критичари е прогонетиот академик Сомсак Џеантеерасакул. На 4 мај 2017, тој добил порака од фејсбук за отстранувањето на едно од видеата кои тој ги прикачил на неговата страница:
We’re contacting you because the Ministry of Digital Economy & Society has sent us a Court Order issued by the Judge Tassanee Leelaporn and Judge Somyod Korpaisarn of the Criminal Court of Thailand stating that the following post you made on Facebook violates Section 14(3) of the Computer Crimes Act B.E. 2550 (2010).
Ве контактираме бидејќи Министерството за Дигитална Економија и Општество ни испрати судска наредба изречена од судијата Тасанее Леелапорн и судијата Сомјод Корпаисарн од Кривичниот Суд на Тајланд наведувајќи дека следните објави кои сте ги направиле на Фејсбук го прекршуваат Член 14(3) од Законот за компјутерски криминал B.E. 2550 (2010).
Сомсак вели дека видеото е за животниот стил на новиот крал на земјата. Написот на Сомсак за известувањето кое тој го добил од Фејсбук ги потврди новинарските стории дека социјалната мрежа ги почитува наредбите издадени од судовите во Тајланд.
Во 2016, од Фејсбук објавија се отстранети 50 написи по барање на тајландската влада. Годинава, Фејсбук веќе отстраниј178 написи, но тајландската влада инсистира дека тоа не е доволно.
Покрај преостанатиот 131 „антимонархиски“ напис на Фејсбук, компјутерскиот центар на армијата идентификувал 820 онлајн предмети кои наводно го навредуваат кралското семејство. Од 820 предмети, 365 биле поставени на Фејсбук, 450 на ЈуТјуб, и пет на Твитер.
Дали Фејсбук и другите социјални мрежи ќе ги исполнат барањата на тајландската влада и ќе ги избришат овие „нелегални“ написи?
Уште поважно, со континуираниот пораст на апсења поврзани со „Lese Majeste“, строгите мерки против онлајн активностите може да имаат негативни ефекти врз движењето кое повикува на заштита на граѓанските слободи и враќање на демократијата во државата.