Дали џез фестивалот во Света Лусија вреди за инвестицијата?

Крајот на овогодинешниот Фестивал на џезот и уметноста во Света Лусија, особено во контекстот на континуираната дебата за буџетот, предизвика многу нетизени да се запрашаат за економскиот импакт на настанот.

На групата на Фејсбук Жителите на Св. Лусија целат кон прогрес (S.L.A.P), Вилсон Баптисте се сомнева дека фестивалот некогаш ќе оствари профит:

Дали џезот во Св. Лусија треба да се класифицира како социјален програм како што се STEP, NICE, SMILE, HOPE? Како резултат на тоа, ќе се отстранат очекувањата на создавање на профит за туристичката индустрија на островот.

Mainstage, Sunday; photo courtesy Lucian Jazz.com, used with permission.

Главна свена, недела; фотографија на Lucian Jazz.com, употребена со дозвола.

Иаин Сенди смета дека менаџирањето на фестивалот има свои придобивки, настрана профитот:

Со посериозен тон, остварувањето на Џез фестивалот со сите негови делови, екстерни компоненти и ризикот на експериментирање со фестивалот, не е воопшто лесно. Мора да разбереме дека се уште сме млада нација и не сме имале изложување и искуство во многу области. Како резултат на тоа, ќе правиме грешки и ќе ги надминуваме буџетите при остварување на овие настани. Затоа, со имајќи ги на ум овие маани, сите ние треба да го поздравиме Jazzereras за одличен Џез 2013.

Moko Jumbies; photo courtesy Lucian Jazz.com, used with permission.

Mоко Џумбис; фотографија на Lucian Jazz.com, употребена со дозвола.

Настрана пофалбите, Андерсон Ќето се запраша колку всушност е профитабилен фестивалот:

Еј… дали некој знае дали ги вративме 8 милиони долари потрошени на Џез?

Kимани Годард одговори:

Џез фестивалот е настан кој се одржува со цел да создаде мултиплицирачки ефект врз економијата, кој поинаку не би бил таму во ова време од годината. Создава бизнис можности, во неколку сектори од економијата, кои го надминуваат она што владата го троши во поглед на социјален и економски импакт. Покривањето во поглед на владините трошоци плус мултиплицирачкиот ефект кој претходно го споменав, треба да се сметаат за успешни.

 Леи Алан смета дека може да се направи повеќе за да се прошират придобивките од фестивалот:

Дали Џез мора да оствари профит, да изедначи или да има загуба? Мислам на џез кога беше создаден многу одамна кога беше дизајниран за да ги наполни хотелските соби со туристи кои ќе трошат наоколу за време на настаните. Би бил среќен ако повеќе локални жители добиеја парче од колачот и можности за заработка и учество во настаните. Оваа сезона беше одлична, највеќе заради тоа што дозволи повеќе заедници да имаат придобивки од настанот. Се надевам дека во иднина настаните околу Џез, ќе се одржуваат во уште повеќе заедници и ќе вклучат уште повеќе локални жители.

R. Kelly; photo courtesy LucianJazz.com, used with permission.

Ар Кели; фотографија на LucianJazz.com, употребена со дозвола.

The Jacksons

Џексонови; фотографија на Three Media, употребена со дозвола.

Сликите во овој напис се од LucianJazz.com и Three Media, сите употребени со дозвола.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.