САД: Воведни разговори за сексуалното и репродуктивното здравје

Planned Parenthood, непрофитна организација што обезбедува бесплатни и евтини услуги во областа на сексуалното здравје на млади мажи и жени во САД и во странство, отпочна кампања на YouTube.  Организацијата ги охрабрува луѓето да ги споделуваат чувствата и искуства додека се тестираат за сексуално преносливи болести, да ги едуцираат нивните деца за сексот и да дискутираат за прашања поврзани со репродуктивните права.

Иако во САД, каде што абортусот е легален (иако под напад) ова се тешки теми за луѓето отворено да се соочат со нив. Па, можеби и не е изненадувачки, затоа што не постојат многу видео записи со одговори од гледачи кои ги споделуваат своите сопствени приказни. И покрај тоа, при едно барање на YouTube, ќе излезат неколку видео записи од обични луѓе кои ги споделуваат искуствата за тоа како е кога ви вршат тест за присуство на ХИВ, вклучувајќи го и она од Кeisha770.

Во онлајн видео записите, Planned Parenthood дели корисни совети за тоа како да разговарате со вашите деца за сексот и сексуалноста, вклучувајќи и симулиран разговор родител-дете меѓу двајца возрасни. Подолу, мајка и ќерка, Хајде и Марсела Моралес, дискутираат за тоа како почнале да ги практикуваат овие лекции во нивната фамилија.

А тука, во друг видео запис од страна на Planned Parenthood, поедини Американци дебатираат за значењето на контрацептивните средства кои може да си ги дозволат.

Во овој видео запис, од страна на организацијата со име Sex Etc., која им помага на тинејџерите да информираат други тинејџери за сексуалното здравје, младо момче по име Џош, прв пат оди на тестирање за ХИВ во Њујорк.

Граѓанските медиуми може да претставуваат значајна алатка за луѓето да споделуваат совети за сексуалното здравје, особено ако го земеме предвид дека недостигот на точни информации може да доведе до ширење на сексуално- преносливи болести, несакана бременост кај тинејџери, небезбедни методи при абортус, како и да ги спречи жените да преземат контрола врз своите сексуални и репродуктивни права. Ова е особено вистинито за жените со друга боја на кожата во САД, кои имаат највисока стапка на абортус и на несакана бременост. Тажно, исто така, постои огромна сума на неиформираност за истата тема, па изворите треба внимателно да се проверуваат.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.