Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Кенија: Граѓанско новинарство во кибериската новинска мрежа

Младите луѓе од Киберија, Кенија, кои на некој му се познати како најголемото африканско гето, се решени да покажат поинакво лице за местото каде што живеат. Со видео камери во рака тие ги набљудуваат улиците за приказни со кои ќе му прикажат на светот како Kибера се гледа самата себе.

Проектот започна во април 2010 година, предводен од Мап Кибера и Агендата за развој на Заедницата Кибера (АРЗК). Започнаа со само двајца млади новинари и сега тимот достигна број од 14 млади луѓе кои снимаат видеа, ги уредуваат и прикачуваат на интернет: не само на нивниот сопствен веб-сајт, Новинска мрежа на Киберија, туку исто така и на Гласот на Киберија, сајт кој ги прикажува видеата и исто така други вести испратени од луѓето преку СМС и други медиуми.

Kibera News Network in Kenya

Кибериската новинска мрежа во Кенија

Содржината варира: од проблеми со сигурноста на работата, до известување за пожари и несреќи на возови, исто така културни настани и политички активности. Ова следно видео, на пример, покажува како двајца млади луѓе преминале на нешто необично за Киберија, вработеноста: тие поседуваат и работат во салон за убавина, давајќи услуги како маникир и фризерски услуги:

Во ова друго видео го посетивме Кевин Ирунгу, млад човек кој за живеачка заработува преку неговата уметност:

И во двата претходни примери се прикажува како креативноста и напорната работа се исплати. Сепак, за други во Киберија заработувањето за живот е постојана борба како што е демонстрирано од овие жени кои перат, работат напорно и некогаш не се платени за тоа:

Во Киберија, здравјето е важно прашање: отворени канали за отпадните води и високата популација значи дека заразните болести лесно се шират. И плус фактот дека многу луѓе немаат економски ресурси да си купат лекови болеста лесно може да се претвори во епидемија.

Повеќе видеа можете да видете на сајтот на Кибериската новинска мрежа или на нивниот Јутјуб канал.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.