Колумбија: Поглед кон користењето на Твитер во земјата

Во текот на изминатите 2 месеци, сајтот на заедницата Twitter Colombia [на шпански] анализираше 3 милиони твитови од 20 000 корисници во земјата, како начин да се отслика употребата на оваа алатка за микроблогирање. Резултатот беше збир на статистички податоци за просечниот корисник на твитер во Колумбија [на шпански].

Во просек, колумбиски корисник на Твитер следи 128 луѓе и е следен од 176, додека само 13% од нив ги имаат заштитено нивните твитови. Статистиката дури и покажала во кој ден од неделата и во кој саат од денот просечниот корисник на твитер го користи сервисот, односно во среда во 11:30 часот.

Студијата, исто така, откри кој колумбиски корисник на Твитер најмногу се споменува во текот на овој временски период. Во овие популарни корисници влегуваат Камило Андрес Гарсија (@hyperconectado), колумбискиот рокер, Хуанес (@juanes), Николас Сампер (@udsnoexisten), Себастијан Јепес (@sebastianyepes) и Карем Диаз Роблес (@karemvip).

Освен објавувањето на анализа од ваков вид и водичи на блогот на Твитер Колумбија, сајтот исто така ги групираше колумбиските Твитер профили според нивната тема за обработка во категории како музика, весници, влада, и политичари.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.