Зошто туристите се непосакувани на француски карневал?

Видео кое прикажува група маскирани веселбари на Карневалот во Денкерк, Франција кои пеат “Les touristes on n'aime pas ça” („Не сакаме туристи“), ја погодува толпата посетители кои секоја година доаѓаат неподготвени за оваа фестивалска лудост.

Денкерк e домаќин на еден од најголемите Карневалски прослави во Европа според бројот на учесници и траење (цели три месеци). Одделот за туризам забележува околу 1,000 гости во хотели за време на највеселиот дел од прославата, трите дена познати како les Trois Joyeuses, додека другите туристи, од кои многумина се запознаваат со Карневалот во Денкерк преку мештанците и доаѓаат секоја година на прославата, престојуваат кај пријатели.

Carnavaleux dans la Bande de Dunkerque

Посетители на Карневалот на парадата Bande de Dunkerque. Фотографија од Емануел Лерoа Серкиера.

Со околу 1,000 споделувања на Фејсбук, видеото се снимаше за време на Карневалот во Денкерк, на 10 февруари 2013 година. Според коментарите, она што е поиритирачко од недостатокот на подготовка на учесниците за карневалската лудост, е малото присуството на туристи, а особено она што се заборава е да се почитуваат нивните правила, забрани и традиции.

Жил Верж објаснува:

sans touristes le carnaval de Dunkerque ne serait pas ce qu'il est aujourd’hui. Je ne veux pas dire qu'il disparaîtra  parce qu'il y a toujours cette belle bande de vrais piliers carnavaleux dunkerquois, mais quand même un peu d'accueil pour nous les touristes ! Moi j'en suis un et je viens de Douai et j’ai une très grande admiration pour cette fête alors s'il vous plait, les Dunkerquois accueillez-nous comme il se doit !

Без туристи, Карневалот во Денкерк немаше да биде она што е денес. Не мислам дека ќе исчезне бидејќи секогаш ќе постои оваа прекрасна група од верни и редовни посетители на Карневалот во Денкерк, но сепак, бидете малку погостопримливи кон нас туристите! Јас сум еден од нив, доаѓам од Дуе и многу ѝ се восхитувам на оваа прослава, па ве молам, Dunkerquois, пречекајте нé како што треба!

respectbande

Извадок од Правила на однесување за учесниците на Карневалот објавено од Општина Денкерк

Жилиан Вандемер додава:

je ne suis pas de Dunkerque mais de Lille, cela va faire 10 ans que je fais les 3 Joyeuses,  j'ai été très très bien initié dés le début par des Dunkerquois,  j'ai observé,  j'ai écouté, je me suis renseigné sur le pourquoi du comment du carnaval dunkerquois, et en 10 ans de carnaval, je me suis vite vu évoluer dans le bon sens»

Јас не сум од Денкерк, туку од Лил. Го славам Les Trois Joyeuses веќе 10 години. На почетокот луѓето од Денкерк ме примија многу убаво. Гледав, слушав, се информирав „зошто“ и „како“ на Карневалот во Денкерк, и за време од 10 години што присуствував на карневалот, чувствувам дека пораснав, во позитивна смисла на зборот.

Во 1998 година, посетителите на карневалот веќе жалеа за загубата на моралните принципи и историјата меѓу помладите генерации. Следеа огромни промени, поддржани од здруженијата за карневали и локалната власт, со цел да ги водат почетниците и да ги научат „до крајна граница на почит“ со објавување на Правила на однесување на Карневалот, подигнувајќи ја свеста во училиштата, примајќи туристи и потсетувајќи ги што не е дозволено да прават.

Денес, мрежните локации за почетници ја преземаат работата во свои раце, даваат совет за идните посетители на карневалот за тоа како да се подготват, како да ги состават костимите и им помагаат да научат песни и да го научат распоредот на настани на карневалот (балови, паради, предпаради, попаради, заеднички оброци, ригадон и сл.). На пример, посетете ја мрежната локација mincoin.fr.

Ова не се случува само во Денкерк. Во Ница, пуристите на карневалот се жалат за еден вид стандардизација на нивната прослава која се одразува на влијанието на Бразилскиот карневал.

Комунистичкиот новинар Ле-патриот се жали:

Planche à billet. Ce carnaval ne consisterait-il pas à, seulement, aligner des billets pour s’asseoir gentiment sur des gradins hors de prix ? Plus personne ne se moque de personne. On se contente de s’asseoir sur les gradins, de regarder passer les chars ou de marcher tranquillement sur un chemin délimité par des barrières à moitié déguisé sous l’œil attendri des policiers et en souriant poliment aux touristes venus voir Nice et son plus beau carnaval du monde. »

Сето ова сега се случува само заради парите. Дали овој карневал сега се состои само од трошење пари за учтиво да се седи на седиштата кои не се по пристапна цена? Веќе никој со никој не се шегува. Едноставно си седиме на седиштата, ги гледаме украсените подвижни платформи како поминуваат или тивко одиме долж улицата опколена со полускриените огради под деликатниот поглед на полицајците, кои им се смеат љубезно на туристите кои дошле да ја видат Ница и најубавиот карневал во светот.

Char de l'école de samba Beija-Flor lors du défilé 2013

Украсената подвижна платформа на Училиштето за Самба Бежа-Флор за време на парадата во 2013 година. Фотографија од Емануел Лерoа Серкиера.

Истото се случува и во Рио, каде што разочарувањето стигна до “foliões” (заб. на прев. учесници на парадата). Познат бразилски пагодски пејач Зека Пагодињо, на интервју со Фолја де Сао Паоло, го искажува своето разочарување дека популарниот дух на Карневалот исчезнува поради навалата од туристи и меѓународната пространост на најголемите училишта за самба:

Não tem Carnaval. Vou gostar de quê? Não tem nada. Roubaram tudo, sumiram com tudo. Acabaram com tudo o que é da cultura. Tudo. Não sei que doideira deu nesse mundo aí.

Нема карневал. Што да сакам сега? Нема ништо. Тие украдоа сé, земаа сé. Завршија со сé што е поврзано со култура. Сé. Не знам каква лудост го зафати светот.

Па зошто тогаш карневалот-симбол за братство, делба, разбирање и топлина – предизвикува ваква намуртеност? Страв од мешање на работите? Носталгија за минатото? Страв од губење на традициите засекогаш? Повлекување од глобализацијата и трговијата?

Најверојатно од сé по нешто. Карневалот, кој е вистинско уметничко дело, а постои од памтивек, секогаш расте и станува побогат во однос на положбата, временскиот период и правецот. Денес, тој стана симбол за споделување на локалните традиции во глобализираниот свет. Тоа може да биде предизвик, но со хумор и креативност, само лудилото може да се шири?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.