Според последната анкета, 46 проценти од Украинците чувствуваат носталгија кон СССР, повеќето од нив се пензионери, како и жители на источните и јужните делови на земјата. Во исто време, само 18 проценти од жителите од западна Украина и 19 проценти млади луѓе го делат ова мислење.
Такви нејасни ставови кон последните комунисти се експлоатираат многу од произвoдителите кои ги користат симболите на Советскиот сојуз за нивните производи. И покрај тоа, неодамнешната промоција на домашниот чај именуван по озогласениот советски диктатор Jозеф Сталин предизвика бурна дискусија помеѓу украинските нетизени каде многу од нив мислат дека овој пат трговците ја поминале линијата.
Во февруари, корисникот на Днипропетровск интернет форумот, Vtoroy, сподели неколку фотографии од билбордите на кои се рекламира чајот Сталин. Тој го напиша следново [руски]:
Впервые вживую вижу наружную полиграфию с изображением Сталина.
Некои блогери, сепак, посочија дека овој бренд беше во и надвор од пазарот во последните три години. Кога го видов за првпат во 2008 година, ЛЈ корисникот sparrow_hawk го напиша следново [украински]:
спосіб заварювання: на крові. і поміцніше
ЛЈ корисникот bulavec објави фотографија од чајот Сталин на полица во продавница во Доњекс заедницата и забележа дека бил продаван во Доњекс и Днипропетровск во 2009 година. Во тоа време, ЛЈ корисникот Тамила Ташева (tamila_tasheva) од Кримеа напиша [украински] дека и таа го видела чајот во нејзиниот регион.
Изгледа, оваа година чајот Сталин се врати на украинскиот пазар. Пред неколку денови, Фејсбук корисникот Никанор Скипин, сподели друга фотографија од билборд на кој се рекламира чајот Сталин во Днипропетровск:
Под фотографијата, тој го објави следново прашање:
ЯК ВАМ ПОДОБАЄТЬСЯ ТАКА ОСЬ ДУРНЯ ???
Корисникот Тиколаз Игор се согласи:
дурня…
Корисникот Влад Пупич напиша [украински]:
боюсь, отруюсь.
Корисникот Алина Лукашевич напиша [руски]:
хорошее чувство юмора у производителя))))))))))
Корисникот Сергеј Бача исто така коментираше [руски]:
Этот чай судя по всему рассчитан на пожилых и очень пожилых людей, вот поэтому портрет Сталина взяли а основу. […]
Корисникот Валериј Колосук одговори [украински]:
Моїй бабці 89-ий рік. Не помічав у неї прихильності до Сталіна.
Корисник на Фејсбук од Белорусија, Алес Резников, напиша [белоруски]:
беларусау гэтым ня здзiвiш
Споделувајќи пример од тоа како Сталин е употребен за маркетиншки цели во друга поранешна советска земја, фотографот boga4 објави фотографија од шише вино во продавница за сувенири во Грузија [родната земја на Јозеф Сталин].
Иако во 2007 година поранешниот украински претседател Виктор Јушченко издаде декрет со кој се забрануваат сите симболи и споменици за оние одговорни за Холодоморот (кои ги вклучи советските лидери), речиси и да не беше почитуван. Ставовите на моменталните власти се создадени очигледно од фактот дека младите активисти се одговорни за уништувањето на споменикот на Сталин во Запорижја во 2010 година и беа гонети за тероризам.