Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Хонг Конг: Паника поради недостиг на млеко во прав

Оваа објава е дел од нашата посебна репортажа Глобален Развој 2011.

Хонг Конг се соочува со недостиг од млеко во прав за новороденчиња уште од декември 2010, кога копнените кинески потрошувачи набавија голема количина на млеко во прав во Хонг Конг, поради подготовките за Месечевата нова година.

Локалните родители во Хонг Конг повикаа да се донесат политики за интервенција од страна на Владата, прдлагајќи да се намалат даноците на млекото во прав со цел да се спречат криумчарите да го изнесуваат млекото надвор од границите за препродажба.

Both Hong Kong and Chinese parents want safe baby milk formula powder. Image by Flickr user k.Akagami.

Родителите од Хонг Конг и Кина сакаат безбедна формула за млеко во прав. Слика од Фликр корисник к.Акагами

Скандали и шверц

Главната причина за тековниот недостиг на млеко во прав може да најде во познатиот скандал за млекото затруено со меламин во 2008. Одтогаш, скандалите поврзани со безбедноста на млекото во Кина продолжија да се појавуваат од време на време.

Најновите примери го вклучуваат откритието на покачено ниво на хормони во млекото за деца во 2010 и скандалот во февруари 2011, со канцерогените хемикалии во млечните производи.

Со цел да ги заштитат своите бебиња од отровното млеко, кинеските родители од средната класа во Кина на секој можен начин купуваат млеко во прав од странство. Некои дури патуваат до Хонг Конг за да купат млечни производи за децата.

Шверцерите ја користат оваа можност за заработка и активно организираат „професионални патници“ за да пренесат млеко во прав преку границата за препродавање. Во извештаите стои дека некои од купувачите од копното би платиле и дополнителни ХКД50 (6 американски долари) за секое пакување на млеко.

Реакции од родителите во Хонг Конг

Соочени со недостигот на формула за млеко во прав, лутите родители од Хонг Конг организираа петиција и повикаа на воведување на млеко во прав за бебиња со намален данок во јануари 2011. fionali3721 е иницијаторот на кампањата на форумот Бебешко Кралство:

自發БК.член聯合要求政府開徵奶粉離境稅,希望引起有關人仕關注。支持者請入來留言。註明(我支持。)

每名香港離境往中國大陸人仕,只可携帶壹罐,必須已經打開食用過之任何品牌嬰幼兒奶粉 。否則嚴格徵收10倍罰則。相信有效打擊水貨分子危害香港穩定。同時嚴厲打擊現時猖狂的走私者。因為他們正在加速令到我們香港之物價提高。造成我們正在香港生活的市民百上加斤。

以群眾力量,換取БЕБЕ權益。

Членови на БK [форум] здружено ја повикуваат владата да воведе намален данок на млекото во прав. Исто така сакаме да ја разбудиме јавноста за овој проблем. Подржувачи ве молиме оставете порака и напишете: [Подржувам]

За секое индивидуално заминување на копното на Кина, треба да биде дозволена само една конзерва од детско млеко во прав, а притоа да биде отворена. Инаку треба да се наметне казна од 10 пати од вредноста на млекото. Веруваме дека оваа политика ефикасно ќе ги обесхрабри шверцерите и ќе ги стабилизира залихите на млекото во прав во Хонг Конг. Шверцерите предизвикаа сериозна инфлација во [цената на млечната формула] во Хонг Конг, додавајќи дополнителен товар во трошоците за живот на луѓето во Хонг Конг.

Моќта на луѓето да ги заштитат правата на БЕБЕТО.

Од една страна, родителите во Хонг Конг се чувствуваат беспомошно и се лути поради недостигот на млеко, а од друга страна, тие сочувствуваат со нивните кинески конкуренти на копното кои се жртви на неодговорноста на владата. XsQsMe од онлајн форумот Review33 коментира:

“我們很同情中國的父母,
但是也擔心由此影響到我們的正常生活。真的很痛

有個咁嘅政權,我都好心痛。千憶攪奧運又得,千憶攪神七神八又得,假蛋、sophone又造到,養多幾隻乳牛生產牛奶就唔得,由得自己國家嘅BB自生自滅,所以第三世界永遠都係第三世界!

Сочувствуваме со родителите на копното, но исто така сме загрижени дека нашата егзистенција ќе биде загрозена. Тоа е болна дилема.Многу е тажно да живееш под таков политички режим: трошејќи милијарди на Олимписки игри и на [кинески национален] вселенски проект, производството на лажни производи од вештачки јајца до SoPhone (моделиран според iPhone), додека не успеваш да одгледуваш доволно крави за млеко, оставајќи ги бебињата да страдаат. Земјата од Третиот свет, е секогаш земја од Третиот свет!

Одговори од родителите од копното

Бидејќи детското млеко е секојдневно потребно за децата, родителите од копното на Кина продолжуваат да делат информации и стратегии за набавка на здраво млеко за нивните бебиња. Зелениот чај Chestnut Cake од Гуангзу Мајки предупредува за квота во купувањето на млеко во прав во Хонг Конг и Макао:

今日的报纸新闻都在说啦,香港澳门限购奶粉了,不过说开征奶粉税应该就是不可能的事情,大家还是可以去买奶粉的,不过大家要注意哪里能买多少罐啊!

听说明治在广州这边也断货了,美赞臣跟美素也有一些断货,不过说是下周美素所有阶段的都会有货啦

Денешните весници известуваат дека и Хонг Конг и Макао поставиле квоти за купување на млеко во прав! Но данокот за млеко во прв не е најдобар избор. Така што, можеме да продолжиме со купување на млеко во прав преку границата, само за да бидеме свесни за квантитетот!

Слушнав дека брендот Меиџи нема повеќе залиха тука во Гуангзоу, Меадџонсон и Фрисо [брендови], се со ограничена количина, надевајќи се дека Фрисо ќе има нови залихи наредната недела.

Wenxi Mom ја изразува својата загриженост:

我们真可怜, 拿着血汗钱想给孩子买点安全的东西还买不到

Кутрите ние, дури не можеме со нашите тешко заработени пари да купиме здрави производи за нашите деца.

Владата на Хонг Конг вети стабилизација на залихата на млеко во прав за деца, но конфликтот меѓу родителите на копното и Хонг Конг се засилува.

Минатата недела, на 9 март 2011, петмина – тројца од копното и двајца од Хонг Конг – беа уапсени за тепачка поради млеко во прав во Хонг Конг.

Оваа објава е дел од нашата посебна репортажа Глобален Развој 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.