Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

#BringBackOurGirls (#ВратетеГиНазадНашитеДевојки): Изјава од загрижени нигериски блогери

Нигериски блогери го додадоа нивниот глас за кампањата #BringBackOurGirls:

Ние, долупотпишаните нигериски блогери, со голема загриженост гледаме на продолжениот притвор на невините ученички кои беа киднапирани од Чибок на 15ти април 2014 година. Ние сме со цврст став дека ниту една количина граѓански жал против владата или луѓето на Нигерија може да оправда такво насилство врз ученици. Затоа ние го осудувам ова киднапирање со многу силни термини. 

Тие исто така ја повикаа својата влада на експедитивна акција за враќање на киднапираните средношколки од Боко Харам терористите: 

Ние исто така ја повикуваме владата на Нигерија да направи се што е во нејзина моќ, дури и ако тоа вклучува интернационална безбедносна агенција, за да ги врати назад девојките од рацете во кои моментално се наоѓаат, и со тоа да го вратат чувството на безбедност во земјата најбрзо што може. Изборите се следната година. Граѓаните сакаат да се чувствуваат безбедно безразлика каде се наоѓаат. Демократијата е најуспешна кога граѓаните се чувствуваат дека имаат можност да продолжат со секојдневните активности без страв или закана по нивните животи и имот. 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.