Саудиска Арабија ја заменува смртната казна за Ашраф Фајад со осум години затвор и 800 удари со камшик

Ashraf Fayadh .. via Instagram

Ашраф Фајад…преку Инстаграм

Саудиска Арабија ја поништи смртната казна за палестинскиот поет Ашраф Фајад, кој беше обвинет за отпадништво од верата и други прекршоци поврзани со богохулие кои тој ги негираше, со осум години затвор и 800 удари со камшик, објави неговиот адвокат на Твитер.

Во твитот на кој беше прикачен и допис до медиумите, неговиот адвокат Абдулрахман Ал-Лаим кажа дека судот ја повлекол смртната казна и ја заменил со казна затвор и јавни камшикувања од по 50 удари неделно, а и ќе го притискаат Фајад да се откаже од својата поезија преку официјалните саудиски медиуми:

Судот одлучи да ја измени својата претходна одлука и донесе нова пресуда. Деталите се во прилог.

Адвокатот сметаше дека Фајад е невин и бараше негово итно ослободување од притвор.

Фајад, кој е роден и живее во Саудиска Арабија, бил курат на уметнички шоуа во Џеда и на Биеналето во Венеција, а бил и главен лидер на „Еџ оф Арабија“ (Edge of Arabia,) — британско-саудиска уметничка организација. За првпат Фајад беше приведен во август 2013 во Абха, југозападна Саудиска Арабија од страна на верската полиција на земјата, позната и како Комисија за промоција на доблест и спречување на пороци.

Триесетипет годишникот беше ослободен со кауција за повторно да биде уапсен на 1 јануари 2014 кога беше осуден на казна затвор од четири години и 800 удари со камшик. По жалбата на неговите адвокати, судските власти решија одново да го разгледаат неговиот случај пред новата порота која во ноември 2015 го осуди Фајад на смрт врз основа на ширење атеизам во неговата поетска збирка од 2008 Упатства одвнатре.

Според Хјуман Рајтс Воч (Human Rights Watch):

Prosecutors charged him with a host of blasphemy-related charges, including: blaspheming “the divine self” and the Prophet Muhammad; spreading atheism and promoting it among the youth in public places; mocking the verses of God and the prophets; refuting the Quran; denying the day of resurrection; objecting to fate and divine decree; and having an illicit relationship with women and storing their pictures in his phone.

Обвинителите против него покренаа неколку обвиненија поврзани со богохулие и тоа: сквернавење на „Духот небесен“ и на пророкот Мухамед, ширење атеизам меѓу младите на јавни места, исмејување на стиховите на Бога и пророците, отфрлање на Куранот, одрекување на судниот ден, спротиставување на верата и Божјиот суд како и обвиненија за забранети врски со жени и чување на нивни слики во неговиот телефон.

На твитер, многумина и натаму ја критикуваат Саудиска Арабија за нејзиното досие за човековите права, и покрај намалувањето на казната на Фајад. Зена твитна:

Олеснување по укинувањето на смртната казна за Ашраф Фајад (#AshrafFayadh). Ама 8 години и 800 камшикувања за никаков злостор не значи правда.

Бандар Алмогтарб додава:

Правда значи итно ослободување на Ашраф Фајад и надомест за она што му се случи нему и на неговото семејство со сето ова.

И Насер Ал-Маршди вели дека крајно време е Саудиска Арабија да има пишан закон за да се избегнат своеволните одлуки на судиите како што тој ги опишува:

Случајот на Ашраф Фајад е жив доказ дека треба да постојат пишани закони кон кои судиите ќе се придржуваат, а нивните одлуки нема да ги засноваат врз нивните чувства, впечатоци и лични толкувања.

Во меѓувреме, Шата Нур ја шокираат сите оние кои оваа одлука ја слават како победа за саудиската правда:

Шокирана сум од оние кои ја слават саудиската правда. Зар осум години затвор е правда? Или 800 камшикувања се правда? За каква правда зборувате?

Поврзани написи:

Русија и Чиле се придружуваат на глобалната кампања за спас на саудискиот поет од смртна казна

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.