Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Некои маршираа во чест на пронацистичкиот генерал во Софија, други против фашизмот

Антифашисти се собраа во Софија да протестираат против неонацистичкиот Луков марш. Фотографија на Руслан Трад, CC BY.

17 февруари беше важен ден во главниот град на Бугарија, Софија, каде поддржувачи на десницата маршираа за одбележување на 75 години од убиството на пронацистичкиот бугарски министер за одбрана, Христо Луков, a контрапротестирачи одговорија истиот ден со осуди за национализам и ксенофобија.

Демонстрациите покажаа дека државата која во моментно претседава со Европската Унија се соочува со многу проблеми кои се забележуваат насекаде низ Европа, вклучително и мејнстрим неофашистичките политики.

Во последните 16 години, Бугарската национална унија (БНУ) го организира Луковиот марш низ улиците на централна Софија. Канадскиот новинар Мајкл Колборн објаснува:

The march, which will take place this Saturday, is in honour of Hristo Lukov, a Bulgarian general who led the pro-Nazi Union of Bulgarian National Legions, an organization that in a previous incarnation had a swastika in its logo. Lukov had close ties with Nazi leadership, including Hermann Goering, and was one of the fiercest advocates of Bulgaria’s Nazi-inspired “Law for the Protection of the Nation” that, among other things, forced the country’s 50,000 Jews to wear yellow stars.

Yet they insist there’s nothing anti-Semitic or Nazi-like about it.

Every year marchers from Bulgaria and beyond drape themselves in mourning black, hold torches and chant Lukov’s praises in unison as they wind their way through Sofia’s streets. The march ends at the home where Lukov was assassinated by Communist partisans in February 1943, where the marchers lay wreaths.

Маршот, кој ќе се одржи оваа сабота, е во чест на Христо Луков, бугарски генерал кој го предводел пронаци Сојузот на бугарски национални легии, организација која во минатото ја имала свастиката во нејзиното лого. Луков имал блиски релации со лидерите на нацистите, вклучувајќи го и Херман Геринг, и бил еден од најжестоките застапници на бугарскиот закон, инспириран од нацистите, „Закон за заштита на нацијата“ кој, меѓу другото, принудил 50,000 евреи во државата да носат жолти ѕвезди.

Сепак, тие инсистираат на тоа дека нема ништо антисемитско или нацистичко околу маршот.

Секоја година тие што маршираат од Бугарија и подалеку се облекуваат во црно како знак на оплакување, носат факели и пеат пофални песни за Луков во хор како што се движат низ улиците на Софија. Маршот завршува во домот каде Луков бил убиен од страна на комунистички партизани во февруари 1943, каде оние кои маршираат положуваат цвеќе.

Покрај останатите ставови, БНУ, која нема свои претставници во државниот парламент, промовира нетолерантен став кон имиграцијата („Бугарија за Бугарите и Африка за Африканците“), ја отфрла сегашната повеќепартиска парламентарна демократија на Бугарија, и повикува на „силна централизирана државна моќ.“

Еден ден пред главниот марш, поддржувачите на Луков создадоа заплашувачка слика, шетајќи низ центарот на Софија, извикувајќи слогани додека носеа факели. Полицијата не интервенираше.

„Без нацисти на улиците!“

На 17 февруари, група од околу 300 контрадемонстранти се собра во паркот во близина на софиската џамија и софиската централна минерална бања околу пладне. Потоа тие се упатија низ улиците околу центарот, синагогата, и канцелариите на националистичките политички партии ИМРО – Бугарско национално движење и напад, кои се дел од владата.

Носејќи транспаренти како „Без нацисти на улиците!“ демонстрантите извикуваа во знак на поддршка кон бегалците и малцинствата, и исто така против национализмот и капитализмот.

Уште фотографии од антифашистичкиот марш кој се одвива во моментов во Софија.

Освен државјани на Бугарија, учесниците доаѓаат и од Грција, Италија, и Шпанија. Полицијата не им дозволи на контрадемонстрантите да поминат низ улиците во центарот, наведувајќи безбедносни ризици поради можноста да дојде до судир со демонстрантите на Луковиот марш, кои веќе шетаа низ градските улици во групи.

Неколку кадри од антинацистичкиот марш во Софија неколку часа пред наци маршот наречен Луков марш.

Во еден момент, членови на германска националистичка група се обидоа да ги испровоцираат контрадемонстрантите. Такви инциденти се случија уште неколку пати потоа. Полицијата уапси еден провокатор.

Канадскиот новинар Мајкл Колборн исто така присуствуваше и објави кратко видео:

финално видео, марширајќи покрај синагогата во Софија

Луковиот марш

Кога станува збор за Луковиот марш, полицијата процени дека присуствувале повеќе од 500 луѓе, додека организаторите претходно изјавија дека очекуваат околу 1,000 да земат учество.

Имаше видливо присуство на неонацистички групи од внатрешноста на Бугарија но и од Европа. И покрај тоа, БНУ ги отфрла обвиненијата дека маршот бил антисемитски или неонацистички.

Според бугарската новинарка Марија Петкова, 50 германци, 10 французи и неколку швеѓани исто така биле учесници на Луковиот марш:

Семејство стои во ќош додека екстремно-десничарскиот Луков марш поминува низ Софија, пред неколку часа. Малото девојче си ги покрива ушите.

Околу 10 луѓе од француската екстремно-десничарска организација „Млади националисти“ се приклучија на бугарскиот екстремно-десничарки Луков марш

Освен некои 50 Германци кои присуствуваат на Луковиот марш во Софија, има и луѓе од Франција, Шведска, Унгарија

Секоја поголема политичка партија во Бугарија го осуди Луковиот марш, вклучувајќи и претставници од екстремно-десничарската Обединети Патриоти, иако неколку од нивните членови всушност учестуваат во маршот уште од самиот почеток. Градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова се обиде да го забрани маршот, но организаторите ја победија на суд.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.