Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Списанието „Магдалене“ овозможува платформа за жените и другите маргинализирани сектори во Индонезија

„Јас сум Магдалене. Јас содржам мултитуди“. Слика на „Магдалене“, искористена со дозвола.

Од 2013 година, „Магдалене“ објавува статии кои се обраќаат кон младите девојки и жените, членови на лезбејските, геј, бисексуалните и трансродовите (ЛГБТ) заедници, и религиозните малцинства во Индонезија.

Оваа електронска публикација беше создадена да понуди место за писателите кои сакале да се справуваат со табу теми во земја каде исламските конзервативци агресивно ги тераа властите да ги спроведат нивните религиозни верувања во општеството.

Индонезија е најголемата земја во светот со мнозинско муслиманско население. Принципите врз кои почива како нација вклучуваат унапредување на плурализмот, умереност и концепт на религиозна хармонија познати како Панкасила.

Подолу се наоѓа манифестот на „Магдалене“:

Magdalene is the fruit of our vision of an online publication that offers fresh perspectives beyond the typical gender and cultural confines. We channel the voices of feminists, pluralists and progressives, or just those who are not afraid to be different, regardless of their genders, colors, or sexual preferences. We aim to engage, not alienate.

„Магдалене“ е плод на нашата визија за електронска публикација што нуди свежи перспективи над типичните родови и културни граници. Ги шириме гласовите на феминистите, плуралистите и прогресивците, или едноставно на оние кои не се плашат да бидат различни, без разлика на род, боја или сексуални преференци. Нашата цел е да поттикнеме, не да оттуѓиме.

Основачите на „Магдалене“ се бившите новинари Деви Асмарани, Хера Диани и Карима Ањани. Во едно неодамнешно интервју тие изјавија дека на почетокот планирале да создадат списание за на Интернет што ќе служи како алтернативна платформа за читање за жени. Асмарани подетално објасни:

We want to raise issues that are important… progressive issues that do not receive a lot coverage by the mainstream media because of reasons such as being taboo

Сакаме да ги извадиме на виделина проблемите кои се важни… прогресивни проблеми кои не се доволно опфатени од главните медиуми заради повеќе причини како што е табу.

По пет години, „Магдалене“ продолжува да објавува приказни кои често не се опфатени од главните медиуми. Овие осетливи теми ги вклучуваат ЛГБТ, плурализам, сексуална злоупотреба и срамење на тело.

Се изгради тим од посветени писатели и читателска публика во пораст кои го поддржуваат манифестот на веб-страницата.

Подолу се некои од пофалните коментари од читателите на „Магдалене“

една од дневните веб-страници кои секогаш ги читам, јас како муслиманка сум доста инспирирана од различната содржина.

Толку важен текст! Добро е да се знае дека не сум сама во оваа ситуациа. Јас сум феминистка и се борам со концептот религија. „Се сомневаме во нашите социјални кругови. Не се чувствуваме удобно со тоа како членовите на нашите фамилии, роднините и пријателите го гледаат светот.“ НАВИСТИНА.

Ги обожавам наративите (и содржината секако)

Во интервју со овој автор, Хера Диани спомена дека машките читатели на „Магдалене“ сочинуваат 30 до 40 проценти од целокупната читателска публика во последно време. Таа додаде дека многу машки читатели ја изразиле својата благодарност за просветлувачките статии објавени од страна на списанието. ЛГБТ-читателите исто така коментираат како статиите на „Магдалене“ им ги отвориле умовите за патернистичкото, мизогинистичкото и хетеронормативното однесување што сѐ уште постои во заедницата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.