Костарика: Креативност преку колективност

Како во вкусен рецепт, уметничките, музичките и визуелните таленти се ставени како состојки  во оперативна и творечка тенденција- колективи (заедници). Многу креативни групи и колективи во Костарика ги користат општествените медиуми да ја прикажат својата работа и да се поврзат со ентузијасти- истомисленици. Еве некои примери на колективи во областите на филм, музика и визуелни уметности.

Филмски продукции

Експериментални филмски продукции постојано се демонстрирани со проекти од страна на млади и идни режисери. Продукција Бисонте [шпански] споделува многу од нивните дела на нивниот Јутјуб канал. Како што се наведува на веб-локацијата, поттикнувањето на оваа задача стана значајна за членовите на колективот:

Experimentar de una manera creativa y profesional a travez de la utilización de diferentes herramientas del lenguaje audiovisual, propuestas que representen e identifiquen nuestra realidad socio cultural; y a su vez incentivar la creación de espacios para difusión, discusión y reflexión del cine en Costa Rica

Творечко, но и професионално експериментирање со употребата на различни алатки за аудиовизуелен јазик за проекти кои ја претставуваат и идентификуваат нашата општествено-културна стварност; како и да се даде поттик за создавање простор за проширување, дебатирање и отсликување на костариканската филмска индустрија.

Друга заедница во просперитет е Чоп Чоп продукција [шпански] . Нивните цели се одредени и развиени со помош на учеството на членовите. Како што се наведува на нивниот блог:

Somos un taller audiovisual, una escuela donde experimentar es un medio y se produce para aprender.

Ние сме аудиовизуелна работилница, училиште кое го охрабрува методот на експериментирање  и каде со помош на продукцијата се учи.

Чоп Чоп може да се најде на нивниот Јутјуб канал и тие можат да се следат преку нивниот профил на Твитер.

Фотографија и литература

Колективот Номада собира слики и зборови кои ќе се надополнуваат едни со други. Toa се изведува со помош на визуелни и книжевни алатки за комуникација кои се стремат да го проучат доменот на фотографијата како средство за изразување. Опис на колективот може да се најде на веб-локацијата и содржи информации за начинот на кој членовите на колективот ја гледаат својата задача и цел:

¿Qué es Nómada?

Nómada es un colectivo integrado por Fotógrafos, se origina de la necesidad de crear historias que traspasaran el ámbito común de la fotografía. Desarrollando un vínculo entre la obra de autor y la fotografía con contenido social.

Што е Nómada?

Nómada е колектив составен од фотографи кои произлегуваат од потребата да се создаваат приказни кои го надминуваат секојдневниот досег на фотографијата. Nómada развива врска меѓу делото на творецот и фотографијата која има општествена содржина.

Photo by Adrián Arias and used with permission

Фотографија од страна на Адријан Ариас искористена со дозвола

Покрај својот блог каде кратки описни раскажувања надополнуваат некои од фотографиите, Nómada раководи и со отсек за фотографии и есеи.

Музика и уметност

Електро-акустични музички продукции се централна точка на Осцилатор [шпански] чија цел е да предизвикува реакции кај публиката. Нивната веб-локација вклучува приказ за тоа која е улогата на колективот:

Oscilador tiene como objetivo la integración de una comunidad electroacústica en torno a la producción electroacústica en Costa Rica. Trata de ser incluyente más que dirigir su atención a un género específico de música creada a partir de la tecnología.

Главната цел на Осцилатор е да се обиде да ја спои електро-акустичната заедница со електро-акустични продукции во Костарика, наместо да привлекува нечие внимание кон одреден жанр на музика создадена од страна на технологија.

НоисНоис [шпански] е уште еден музички колектив кој работи со заедницата на визуелни-звучни изрази со други творечки уметности. Како што е објавено на неговата веб-локација, овој колектив е во потрага по учествување и зголемување на интередисциплинарни соработки. Освен што служи како платформа за проширување и распределување на уметничкото дело на колективот, главната идеја на НоисНоис е да разменува податоци со оние кои се заинтересирани во нивната работа. Тие ги споделуваат информациите на нивниот профил на Твитер.

Комичност и хумор

Луѓето кои се умешни во графички дизајн, особено карикатуристи, исто така, учествуваат во колективите со цел да ги споделат заедничките интереси и своите дела. Добар пример за ова е Колектив на комичари [шпански] чиишто членови постојано бараат начини да се подобрат и да влијаат едни на други преку уметноста. Некои од нивните дела можат да се видат на нивната веб-локација.

Костариканските колективи се зголемуваат и ги охрабруваат сите видови на уметници да се собираат во групи и да ги обединат своите индивидуални таленти во потполно нови и интересни групации. Со заедничката работа на проекти, резултатите колку што се повеќе различни толку повеќе се интересни.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.