Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Израел: Тинејџерките ги користат мобилните телефони за договарање состаноци

Хијам Хиџази-Омари и Ривка Рибак напишаа напис наречен „Играње со оган: Користењето на мобилните телефони од палестинските тинејџерки во Израел.“ Во нивното истражување тие ги анализираа навиките за мобилните телефони на палестинските тинејџерки во Израел. Написот го покажува детално користењето на мобилните телефони кај палестинските девојки во Израел, кои во моментот на истражувањето (2003-2006) користеа мобилни телефони кои им беа дадени од нивните недозволени момчиња, без знаење на нивните родители.

Данах Бојд пишува на блогот Шифт6:

Палестинските момчиња им даваат на своите девојки телефони со единствена цел да им се овозможи комуникација со нив на полу-приватен начин, без физичката близина која е неодобрена. Во исто време, девојките знаат дека нивните родители не одобруваат тие да имаат пристап до такви приватни средби со момчиња – тие се трудат премногу за да ги сокријат своите мобилни и преживуваат големи последици кога ќе бидат откриени. Додека момчињата ги нудат овие телефони како алатки за слобода, тие често доаѓаат со цена. Од девојките се очекува да комуницираат само со момчињата и никогаш да не ги користат телефоните за други цели. Во написот, Хиџази-Омари и Рибак цитираа една девојка која ги искажува своите фрустрации за ова и вели „Не го избегнав затворот за повторно да се најдам во друг затвор.“ Овие девојки создаваат фасцинантни техники за користењето на телефонот, криењето од луѓе и побарување на картички за повикување.

Без двоумење, мобилно-комуникациските технологии им овозможуваат на тинејџерите во Средниот Исток да ги заобиколат културните норми, овозможувајќи им пристап до приватни комуникациски канали. Повеќе примери:

- Написот на ББС за користење на блутутот во УАЕ од момчињата за праќање приватни пораки на девојките во јавност

- Претходни постови на ГВО, истражувањето на Аднан Гарабија за користењето на IM од бедуинско-израелските тинејџери.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.