Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Турција: Хронологија на настаните од Окупирај го Гези според социјалните медиуми

Овој напис е објавен првенствено на блогот на авторот, Azadolu.

На 10 април 2013 година, хаштаг на турската Твитер – сфера повика на #aygakalk (што се преведува како „спротивстави се“). Повикот дојде од мала група на активисти кои се обидуваат да го одбранат паркот Гези на плоштадот Таксим од плановите за изградба на трговски центар во областа. Никој не ни помислуваше дека овој мал инцидент ќе прерасне во најголемиот протест во историјата на Турција. Со зборовите на корисникот на Твитер Ezgi Medran, кој се обидуваше да прибере потписи на 10 април за иницијалниот протест закажан за 13 април [турски]:

@egedenizz Taksim Gezi Parkı'nı kurtarmak için, imzalarınızı bekliyoruz! http://taksimicinayagakalk.com/ #ayagakalk@ayagakalktaksim aracılığıyla

Потребни се вашите потписи за да го спасиме паркот Гези!

Протестите започнаа како фестивал кој се одржа на 13 април. Активистот за животна средина Barış Gençer Baykan пишуваше:

@yesilgundem Taksim Gezi Parkı'na binlerce kişi sahip çıkıyor #ayagakalk@ayagakalktaksimpic.twitter.com/X6dek5HvnG

Илјадници го штитат паркот Гези.

Thousands gather at Taksim's Gezi Park. Photograph shared on Twitter by @yesilgundem

Илјадници се собраа кај паркот Гези. Фотографија споделена на Твитер од  @yesilgundem

Не беа забележани судири помеѓу сигурносните сили и демонстрантите во тоа време. На 27 мај се одржа уште еден протест со истата намера. Овојпат, неколкумина активисти го окупираа паркот Гези со цел да се испречат пред градежниците. Тимот задолжен за социјалните медиуми 140journs сподели слика од активистите проследена со зборовите:

@140journs Taksim Gezi Parkında dün gece başlatılan yıkım çalışmalarına karşın geceden itibaren nöbet tutuluyor. #ayagakalkpic.twitter.com/1ZVUpkgxkX

Патроли се воспоставени од синоќа и покрај експлозиите.

Protesters camping in Gezi Park. Photo credit: @140journos

Демонстранти кампуваат во паркот Гези. Фотографија од: @140journos

Работите излегоа од контрола по два инцидента кои станаа вирални на социјалните медиуми. Првиот беше слика на невооружена жена нападната од страна на полицијата со солзавец, фотографирано од страна на фотографот на Ројтерс, Осман Орсал (Osman Orsal). Подоцна, во операција која се одвиваше в зори, полицијата ги запали шаторите на активистите. Инцидентот е снимен и објавен на Јутјуб.

Популарниот хаштаг прерасна во #direngeziparki (отпор Гези парк), што беше проследено со сѐ поголемата поддршка за протестите. Мемет Али Алабора (Memet Ali Alabora), турски актер, беше во паркот и беше првиот од малкумината познати личности кои активно се вклучија во отпорот. Тој преку својот Твитер објави:

@memetalialabora Mesele sadece Gezi Parkı değil arkadaş, sen hâlâ anlamadın mı? Hadi gel. #direngeziparkı

Пријателе, не се работи само за паркот Гези, сѐ уште не ти е јасно? Ајде, доаѓај овде.

Полицијата започна да ги напаѓа демонстрантите со солзавец и водени топови. Количеството на употребен солзавец беше прекумерно. Очевидците велеа дека полицијата нишанела во телата на демонстрантите при испалувањето на капсулите со солзавец. Корисникот на Твитер Alper Orakci сподели фотографија со небројни капсули од солзавец на Istiklal Caddesi, најголемата улица на плоштадот Таксим:

@alperorakci Gaz bombasi kapsulleri!!! pic.twitter.com/pEmVk9ZBcY

Капсули од солзавец!

Excessive amounts of tear gas was used to disperse the protesters. Photograph shared on Twitter by @alperorakci

Прекумерна употреба на солзавец за распрскување на демонстрантите. Фотографија споделена на Твитер од @alperorakci

Осман Орсал, фотографот на Ројтерс кој ја сликаше неповторливата фотографија на демонстрантката во црвено, беше повреден од капсула од солзавец. Benjamin Harvey шеф на Блумберг Турција, напиша:

@BenjaminHarvey Осман Орсал, фотограф. Ова е фотографијата која ја сликаше во Истанбул вчера: http://bit.ly/11GaGa1  Ова е Осман денеска: pic.twitter.com/8aU1vRZGjX

Осман Орсал, повреден од капсула од солзавец. Извор: pic.twitter.com/8aU1vRZGjX

Демонстрантите се организираа на Фејсбук и Твитер, бидејќи водечките медиуми веројатно ги игнорираа протестите. Реакции на социјалните мрежи имаше и за водечките медиуми. Корисникот на Твитер Faruk erman сподели слика која го отсликува молкот на турските медиуми:

@farukerman şu anda tv kanalları pic.twitter.com/DsfhVnz0CZ

Во моментов на телевизиските канали.

ТВ програмите за време на судирите. Извор: pic.twitter.com/DsfhVnz0CZ

Benjamin Harvey беше огорчен од прикажувањето на документарен филм за пингвини на СиЕнЕн – Турк за време на судирите:

@BenjaminHarvey Сериозно, СиЕнЕн – Турк прикажува програма за пингвини.

Симпатизерите на АКП (Партијата за правда и развој), владејачката партија во Турција, ги обвинија демонстрантите за судирите. Тие коментираа под хаштагот #oyunagelmeturkiyem („Турција, нека не те мамат“) на Твитер. Корисникот на Твитер Canan Kumas напиша:

@Canan_Hasret Таип не стори ништо друго освен што помогна Турција да расте низ претходниве години, а сега сакаат да го симнат од функција поради парк #oyunagelmetuerkiyem

Како одговор на споредбите на Турција со Арапската пролет, Bunyamin Hakimoglu изјави:

@Benj_Kobsch Не замислувајте пролет во Турција. Владата е избрана преку демократски избори. Бидете свесни за разликата! #OyunaGelmeTürkiyem

Од друга страна, имаше и неколку критичари помеѓу симпатизерите. На пример сенаторот од АКП (Партија за правда и развој) и поранешен министер за култура и туризам Ertugrul Gunay, беше бесен за острата политика на неговата партија врз демонстрантите:

@ErtugrulGunayFethin yıldönümünde Istanbul'da AVM yapmak için 75yıllık ağaçları kesmeye kalkanlar, ne Fatih Sultan'ı anlamışlar, ne de Yaradan'ın emrini!

Оние кои се обидуваат да исечат 75 години стари дрвја на годишнината на освојувањето на Истанбул, со цел да изградат трговски центар не можат да ја разберат ниту наредбата од Султанот Фатих, ниту Божјата!

Протестите и судирите продолжуваат низ земјата, а премиерот Ердоган нема намера да се повлече. На својот Твитер, Ердоган објави:

@RT_ErdoganMuhalefetin 100 bin kişi topladığı yerde biz 1 milyon kişi toplarız ama bizim böyle bir derdimiz yok.

Каде опозицијата собира сто илјади, ние можеме да собереме милион, но не се занимаваме со такви работи.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.