5 ресурси за граѓани-новинари

Доколку немате чуено за некои од подолу наведените ресурси, следува листа со (скоро) нови ресурси кои може да ве направат веродостојни и безбедни…

Screen shot 2014-04-14 at 14.30.34

1. SaferJourno: Дигитални ресурси за медиумски тренери

Неодамна објавен од Internews, овој бесплатен PDF (Creative Commons) е ориентиран кон тренерите и исто така е одлична референца за оние кои сакаат да да научат како да бидат безбедни новинари. Водичот се фокусира на: проценување на ризици, малвер и основна заштита, заштита на податоци, безбедно пребарување, заштите на е-пошта и безбедност при користење на мобилен.

2. Известување од хуманитарни кризи

Овој бесплатен ресурс од ReliefWeb и Internews претставува водич за хуманитарните работници, известувачите и тренерите за зголемување на балансот при известувањето. Вклучува вежби и секции во кои се објаснуваат ситуациите кои обично се случуваат во хуманитарните кризи и како да се постапува безбедно.

vh

3. Водич за верифицирање 

Уште една нова бесплатна публикација, напишана од одлични новинари и истакнати медиумски работници, која објаснува како да се работи со содржина создадена од граѓани во ситуации на криза. Објаснува зошто верифицирањето на информациите е многу важно – и како да се прави – вклучувајќи содржини кои содржат текст, слики и видео.

4. Checkdesk од Meedan

Проект кој е во тек, но треба внимателно да се следи: Meedan помага да се подобри верифицирањето на граѓанските вести од Блискиот Исток и моментално работи на алатка за блогирање во живо водена од граѓаните, за египетскиот независен весник Al-Masry Al-Youm – а наскоро ќе биде проширена и во други земји.

Screen shot 2014-04-14 at 14.31.265. Застапување за права на жените: Инфо-активизам сет

Сет на алатки од Tactical Tech, објавен во 2013 година, кои вклучуваат основи (публика, порака, вмрежување….), стратегии (раскажување на приказни, поттикнување на акција, привлекување на внимание, печатени материја, социјални медиуми итн.), алатки и примери. Сето тоа со фокус на права на жените.

(Поврзана содржина: Неодамнешен напис на Witness фокусиран на известување за сексуално насилство и водич за справување)

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.