Четиринаесетгодишен ученик од Сингапур изврши самоубиство неколку часа по испрашувањето од полицијата како осомничен во случај на малтретирање малолетник, и предизвика преглед на официјалната постапка која ѝ овозможува на полицијата да испрашува малолетници дури и без присуство на родител, старател, или возрасен советник.
На 26 јануари 2016, Бенџамин Лим бил собран од училиштето од петмина полицајци облечени во цивилна облека за „интервју“ во полициската станица. Тинејџерот бил обвинет за малтретирање на 11 годишно дете во блиската станбена зграда. За време на распитот, кој траел три часа, Лим не бил придружуван од неговите родители. Од полицијата изјавија дека тој го признал делото, иако тој подоцна и рекол на мајка му дека е невин. Откако си дошол дома, Лим извршил самоубиство.
Семејството на Лим го постави прашањето дали е неопходно да се испратат петмина полицајци за справување со случај во кој е вмешан малолетник. Тие исто така веруваат дека тинејџерот бил трауматизиран за време на распитот во полициската страница.
Неговата смрт поттикна многу луѓе да побараат анализа на полициската процедура за правилниот начин за справување со деца и други ранливи групи од јавноста. Полицијата го препозна ова и објави изјава дека тие ќе го сторат токму тоа:
The Police have been asked whether it should review the procedure to allow an appropriate adult to be present when a young person is interviewed. The Police will review and address this issue.
Полицијата беше запрашана дали треба да ја анализира процедурата да се дозволи соодветен возрасен да биде присутен при интервјуирање млади лица. Полицијата ќе го анализира и ќе одговори на ова прашање.
Таткото на Лим мисли дека ова ревидирање дојде предоцна:
As Benjamin’s father, I felt this is necessary, but it came too late. It is necessary because we pray that the same treatment my son received from the police, will never ever happen again to another child.
Како татко на Бенџамин, чувствувам дека ова е неопходно, но дојде предоцна. Потребно е бидејќи се молиме третманот кој нашиот син го доби од полицијата, да не го добие ниту едно друго дете.
Откако беше објавена смртта на Лим, некои луѓе споделија искуства за третирање на ист начин од страна на полицијата во нивните помлади години. Дури имаше и случај каде возрасно лице со деменција било уапсено и испрашувано без присуство на близок.
Групата за човекови права „Community Action Network“ верува дека смртта на Лим „би можела да се избегне доколку сите вклучени во истрагата за овој случај би покажале сензитивност кон фактот дека испрашуваат малолетник.“ Таа исто така повика на поставување камери во собите за испрашување заради поголема транспарентност на процесот:
We find it absurd that while public spaces are heavily surveilled with security cameras, interrogation rooms are not fitted with any cameras to allow for transparency of the interrogation process, which may be useful in an incident like this.
За нас апсурдно е што јавниот простор е под огромен надзор од сигурносни камери, а собите за испрашување не се опремени со камери кои ќе дозволат транспарентност во процесот на испрашување, што може да се покаже како корисна за инциденти како овој.
Ова конкретно барање исто така е застапено и во онлајн петиција:
We believe that transparency is important when it comes to police investigations, especially when minors are involved. To that end, we support the police’s piloting of video recordings during questioning, and urge Parliament to pass legislation that would require mandatory video recordings of all police interrogations.
Ние веруваме дека транспарентноста е важна кога станува збор за полициски истраги, особено кога се вмешани малолетни лица. Со тоа, ние ја поддржуваме полицијата во пилот-проектот за снимање на испрашувањата, и ургираме Собранието да изгласа регулативи кои ќе бараат задолжително видео снимки од сите полициски распити.
Здружението на жени за акција и истражување, кое се фокусира на случаи со сексуални напади, повика на полицијата да ги почитува правата на осомничените, особено на малолетниците:
If there is a general perception that criminal investigations may be unduly harsh or traumatic, especially for minors, this may deter victims from reporting. It is in everyone’s interest that criminal investigations respect the rights of suspects.
Доколку постои генерална перцепција дека кривичните истраги се непотребно остри или трауматични, особено за малолетници, ова може да ги одврати жртвите од пријавување на случаите. Во сечиј интерес е кривичните истраги да ги почитуваат правата на осомничените.
Во меѓувреме, опозициската Демократска Партија на Сингапур ги праша засегнатите владини министерства зошто молчат по ова прашање:
The Ministers for Law, Education, and Home Affairs have kept silent on the matter. Given that a teenager has committed suicide resulting from a series of actions involving the police and the school, it behooves the Ministers to, at the minimum, address the situation and see how the matter is resolved and future incidents prevented.
Министерите за правда, oбразование, и внатрешни работи молчат по ова прашање. Земајќи предвид дека тинејџер изврши самоубиство како резултат на серија постапки кои ги вклучуваат полицијата и училиштето, би требало, во најмала рака, да ги повика министрите, да ја адресираат случката и да увидат како истата е разрешена и како би се спречиле вакви идни инциденти.