Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Бахреин: Дали младите девојчиња треба да носат фереџе?

Блогерите од Бахреин неодамна разгледуваа теми кои ги вклучуваат проблемите да се биде пешак во Бахреин, негативното размислување меѓу младината, притисокот врз младите девојчиња да носат марами – и потребата да комуницираат повеќе со Американците.

Да се пешачи – да не се пешачи
Ќе започнеме со Aмаро, кој ги жали сите посетители кои се во Бахреин за Формула еден Гранд При што се одржува во моментов, размислувајќи дека тие можеби и се обидуваат да пешачат наоколу:

Набљудувајќи ги улиците на Бахреин преполни со странци, дојдени тука за Формула 1 трката, земјата добива едно сосема поинакво чувство. Возејќи околу Манама гледам случајни минувачи од разни националности како пешачат по тротоарите: Американци, Европејци, Кинези итн. Тие пешачат затоа што, за разлика од нас тие го сметаат пешачењето за разумен начин да се движат наоколу. Ако сте живееле во Бахреин подолго од неколку години, тогаш би сфатиле дека пешачењето овде веројатно е најнепријатниот начин да се движите наоколу. Прво, скоро да нема пристојни патеки за пешачење, правејќи го целото искуство ‘обиди се да не бидеш прегазен од автомобил додека пешачиш покрај патот’ вежба.. Второ, местата што повеќето луѓе сакаат да ги посетат се неколку и далеку меѓу себе, а сето тоа во комбинација со немање пешачка патека ги прави возилата да бидат неопходност. Сепак, јас се уште можам да видам туристи како пешачат по краевите на патот, на полунаправени тротоари, врз нерамни површини, изгледајќи по малку исфрустрирани. Не ги обвинувам за тоа што се фрустрираат; ние навистина ја имаме направено земјата многу непријатна за пешаци. Јавниот транспорт навистина недостасува, па секој мора да поседува автомобил. Секој има потреба од автомобил, па се градат уште повеќе патишта да се прилагоди сообраќајот на сите возила, и на некој начин пешаците се заборавени. Во ред е кога секој во земјата е навикнат да не оди пешки. Не е во ред кога има илјадници посетители кои сакаат на пристоен начин да се прошетаат пешки низ градот. … Па запомнете, драги посетители на Бахреин; нашата земја има многу да понуди, многу работи да се видат, многу места за вас да посетите; само осигурајте се дека ќе стасате таму со возило!

Нема надеж?
Не секој може да го следи советот на Aмаро, бидејќи тие немаат автомобили; Mухамед АлМаскати неодамна повезе еден млад автостопер од Бахреин, и беше шокиран од песимистичкото мислење што го слушна:

Го однесов до неговото престојувалиште и си заминав по мојот пат, се уште шокиран од негативноста што ја носи ова младо момче, како може некој да живее со толку темни погледи кога станува збор за иднината на неговата земја? Како може некој да се разбуди секој ден носејќи толку многу омраза кон се што му припаѓа на Бахреин? Барем назад во 90тите младите од истата група години како него, веројатно би делеле повеќе или помалку исто толку омраза и огорченост, но барем имаше надеж тогаш, имаше спасител на повидок. Човек со јасна визија и објективен, сеновита агенда но тоа е комплетно друга приказна се заедно. Додека овде некој како Господинот Автостопер сега нема верба во никого или во ништо. Целосно ја загубил надежта! Оди до таа мерка што тој го обвинува било кого или било што за сите проблеми во светот. Мислам…да се обвинува кралското семејство за инфлацијата? И тој би требало да е едуциран исто така… или барем изгледа така…Вака насочените умови се идеална почва за екстремизам и дури евентуално и тероризам, но кој треба да се обвинува навистина? Момчето било одгледано на тој начин што тој за секоја потреба комплетно се ослонувал на владата, имал бесплатно школување, здравство, па дури и дневните работи низ куќа, и тоа што имате таму е секогаш некој да заврши работа за него, сосем е природно дека тој ќе продолжи да се ослонува на владата за станбеното прашање и приходите, како да очекуваме да излезе од универзитет и да се натпреварува таму каде што никогаш не бил порано? Или можеби треба да се обвинува владата после се, лесно е да се обвинува некој постојано, но колку ли само депресивни души имаме во оваа земја!

Фереџе: избор или обврска?
Батерфлај е сигурно депресивна, но за една работа конкретно. Таа ни ја кажува приказната за Фатима:

Јас порано гледав на децата како на птици.. и Фатима е птичка која се уште нема девет години. Таа не посети пред неколку дена, придружена од нејзините родители и сестри. Влечеше зад себе долга марама, која достигнуваше до нејзините стапала. Јас помислив дека таа се натпреварува со времето сакајќи да порасне, како што прават другите деца. Милев дека нејзините родители ја присилиле да носи марама.. Мислев многу работи, но сите мои претпоставки не беа причината зошто Фатима носи марама вака рано. Знаев од изразот на нејзиното лице, кој за момент се смени штом започнав разговор за марамата што ја носеше. Очите и се наполнија со солзи и таа се обиде да го покрие лицето со перницата од креветот на кој што седеше.. се до нејзиното конечно заминување. И тогаш дознав што се случило кога мајка и ми кажа за нејзината приказна со наставничката која продолжувала да ја исмејува цела година пред своите соученици затоа што не носела марама. Фатима била еден редок таков случај на училиште, додека сите други девојчиња носеле марами. Оваа почесна учителка, која е далеку од Фатима светлосни години, не била засрамена да падне толку ниско и да води ментална војна со осумгодишно девојче. Таа понекогаш ја навредувала, и пред другите и држела лекции за вредностите на Исламот, за коишто ни самата нема научено. Таа исто така ја користела секој можност да ги истури сите свои комплекси врз детето, кое што не ги следи нејзините наредби и не носи марама. Како резултат на тоа, Фатима се сруши под притисокот – угнетувањето на наставничката од една страна, и исмејувањето на соучениците од друга. Сето тоа се случи минатата година, но денес Фатима одбива да оди на училиште без да си ја покрие главата, и исто така почнува да плаче ако некој и рече да ја извади марамата. Таа не ја носи поради нејзината верба или љубов во марамата, бидејќи е премлада за да го сфати тоа. Таа ја носи поради страв од тоа што е потисната да не биде вознемирувана во владиното училиште, во земја која се повикува на демократија. Нејзините родители го премолчија ова прашање затоа што тие не можат да ја префрлат во друго училиште бидејќи законот во Бахреин ги принудува учениците да се образуваат во најблиското училиште до нивниот дом, и затоа што тие не можат да си дозволат да ја пратат во приватно училиште. Тие исто така не се во состојба да поднесат жалба во Министерството за образование, затоа што се загрижени дека Фатима со тоа ќе биде предмет на понатамошно заплашување, кое може да има негативен ефект на нејзиното учење. Да кажам искрено, не можам да замислам дека вакви работи се уште се случуваат во нашите училишта. Јас не сум против марамата или тие што ја носат – но сум против вредностите што се всадуваат на сила.

Компирчиња со тоа?
С како во Сауди, една Швеѓанка која живее во Бахреин, е исто така исфрустрирана од тоа како се третирани младите:

“Ве молат сменете го јогуртот на А, таа сака Ал Мараи јогурт. Ве молам исто така сменете го нејзиниот десерт со парче чоколаден колач”
Тоа беше забелешка во торбата од градинка на мојата двегодишна ќерка пред некој ден. Не знаев дали да се смеам или да се нервирам. Избрав двете. Од кога мојата ќерка знае кои се различните брендови? Од кога јас им давам на моите деца се што тие ќе посочат? И од кога стана норма да се јаде чоколаден колач секој ден? Ова не е начинот на кој јас ги подигам моите деца и дури не ја ни одобрувам идиотската идеја дека тие всушност бараат да им праќаме на децата колач секој ден. Тоа ли го нарекуваат ужина? Погледнете околу себе… Има деца со прекумерна тежина насекаде околу нас, и овие се навиките на кои ги навикнуваат од мали години како двегодишни деца? Одвратно е што една институција која би требало да подига деца и да ги едуцира, се чини дека го сваќа за нормално јадењето нездрава храна секој ден. Неодамна примив писмо со новини од училиштето на мојот син. Некои од учениците биле на училишно патување. Дали тие биле во музеј и научиле нешто за историјата и наследството на Бахреин можеби? Не. Дали тие одат било каде да научат нешто што ќе им користи? Не. Каде тие одат би можел човек да се запраша? Тие одат во проклетата Пица Хат и имаат чест да направат тура низ кујната и да си стават од омилените работи врз своите пици …

Започнете со зборување
Завршуваме со Mухамед Ал-Убаидли, Бахреинец кој живее во Вашингтон, кој бара од Арапите да зборуваат повеќе:

Уште како студент во 1970тите Гондолиза Рајс направи една паметна работа и научи да зборува руски. Денес, паметна работа е да се учи Арапски. Во Вашингтон ДЦ, многу луѓе се обидуваат да го научат јазикот. За еден Американец што го познавам ова беше многу тешко искуство, така што тој се префрли на дипломатска кариера во Европа. … Па сепак, се повеќе и повеќе Американци го посетуваат Клубот за Арапски јазик, култура и запознавање во Вашингтон со цел да го усовршат арапскиот јазик. Коа ги запрашав зошто учат, на многумина им беше непријатно. Некои, претпоставувам, се обидуваат да избегнат да му признаат на еден Арап дека сакаат да станат шпиони за американската влада. Но, Американците особено, и Западот генерално, мора да научат како да комуницираат со Арапите. Постои можност овде за Арапите … Но можноста за Арапите е многу поголема од бизнис можноста: ние можеме да им помогнеме на Американците да ги разберат нашите арапски погледи, и зошто имаме такви погледи, пред да се жалат на недоразбирање и да се борат во фрустрација. Еден интересен пример има во Википедија, слободна енциклопедија која му дозволува на секого да ја подобри веќе постоечката информација… Постои, се разбира, веб страница на арапски јазик…напишана од Арапи за Арапи, но се уште најмногу се фокусира на компјутерската технологија, рефлектирајќи го интересот на своите автори ентузијасти. Но, повеќето од нас треба да пишуваат повеќе. Бидејќи како што Госпоѓата Рајс беше паметна да научи да им зборува на Русите, ние треба да бидеме паметни и да научиме да им зборуваме на Американците.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.