Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Внимание! Бебе во возилото: Интервју со патувачка фамилија блогери

Интервју со Семејството без граници: Ана и Томас Албот, родители, патници и блогери кои патуваат околу Црното море и Централна Америка со нивните две мали ќерки.

Во 2010 година, млад пар од Берлин – Ана, полски новинар, и Томас, германски фотограф – решија да го живеат нивниот сон за патување ширум светот – и решија тоа да го сторат со нивната 6 месечна ќерка Хана. Со потполно наполнето со багаж Renault Espace тие направија полугодишно патување околу Црното море, преку Кавказ до Каспиското езеро. Идејата функционираше толку добро што во 2012, веќе со нивната втора ќерка Мила, тие отпатуваа во Централна Америка, од Мексико до Гватемала, Белизе и Хондурас.

Од нивното прво патување тие решија да ги споделат нивните невообичаени искуства на нивниот блог, Семејството без граници [Фејсбук]. Интересот се покажа како толку значаен што во 2011 година блогот беше именуван за Најдобар блог за патување од страна на полското издание на National Geographic.

Глобал Војсес (ГВ): Да замислиме 25 години од сега. Вашите ќерки имаат свои деца и сакаат да патуваат со нивните бебиња. Која е вашата реакција? 

Mexico (yukatan), Holbox Island. Picture used with the permission of Thomas Alboth. Copyright: Thomas Alboth

Мексико (Јукатан), Островот Холбокс. Фотографија © Томас Албот, употребена со дозвола.

Ана (A): Се надевам дека ќе биде на овој начин. Неодамна, имавме некоја дискусија околу родители, деца и внуци и како сето тоа може да се промени. Малку се плашевме дека тие ќе изберат сосема друг начин на живот од нашиот избор и дека ќе биде тешко да се прифати ако почнат да кажуваат работи како „Сакам да одам во хотел“. Но, од друга страна, колку повеќе растат, толку повеќе се плашам да не им се случи нешто, сите оние мајчински работи.

Томас (T): Јас би сакал. Но, исто така, не сум сигурен дека ќе им се допадне овој животен стил, имам пријатели кои пораснаа во заеднички стан и тие се претворија во спротивното. Исто така сум многу среќен што јас сум комплетно различен од моите родители. Па можеби еден ден тие ќе престојуваат во хотел, ќе имаат убави куфери со тркалца и тоа е во ред.

ГВ: Ја добивте наградата за Најдобар блог за патување во 2011 од National Geographic. Што мислите, зошто вашиот блог постана толку успешен?

A: Мислам дека е поради две работи. Прво, не планиравме да постане голем, па само го правевме она што ни се допаѓа, и мислам дека овие работи секогаш стануваат поголеми кога правите нешто што го сакате. Ги знаеме сите овие патувачки блогери кои имаа бизнис планови, но за нас тоа беше едноставно пишување за родителите, за да можат да ја видат Хана безбедна и како се смешка. Тоа беше почетокот. По некое време започнавме да ја проверуваме статистиката и видовме дека луѓе од 20, 40, 50 земји го посетуваат блогот, и бевме зачудени. Постои оваа генерација на млади Европејци кои студираат надвор, патуваат, стануваат интернационални парови и мислат дека ако имаат деца сето тоа ќе заврши. Мислам дека кога гледаат што направивме, тие гледаат надеж дека сето тоа не мора да заврши.

The whole family in their flat in Berlin. Photo by Kasia Odrozek

Целото семејство во нивниот стан во Берлин. Фотографија од Касиа Одрозек

ГВ: Дали имате јасна поделба на работата: кој пишува, кој слика и слично?

A: Да, имавме јасно разграничени задачи. Се случуваше да направам некоја фотографија но не толку често, вообичаено камерата беше во неговите раце постојано. Јас ги пишував објавите, Томас има напишано можеби две објави во овие три години. Тој ги прави сите технички работи за блогот, а јас ја работам комуникацијата со луѓе. Кога сме на пат, вообичаено вози Томас, а јас му кажувам каде одиме (се смее). Целата работа функционира кога ја правиме заедно. Неколку недели претходно, тој беше во Бурма, а јас во Палестина, и не објавувавме ништо на блогот, и беше чудно.

ГВ: Дали вашите искуства ќе беа поинакви без блогот?

A: За мене постоењето на блогот беше многу мотивирачки да дознаам повеќе за се. На второто патување, пишував на многу повеќе новинарски начин, па забележував многу повеќе работи, барав повеќе контекст кога разговарав со луѓе, земав летоци во музеите и слично. Не знам дали би го правела сето тоа доколку не знаев дали ќе го објавам.

T: Бев малку љубоморен, бидејќи пишувањето значи повторно процесирање, додека уредувањето на сликите не е исто искуство, не ти треба повеќе знаење, не треба да ја разбереш ситуацијата за да направиш фотографија.

At Lake Sevan in Armenia. Photo © Thomas Alboth, used with permission.

На езерото Севан во Ерменија. Фотографија © Томас Албот, употребена со дозвола.

ГВ: Кое е вашето омилено сеќавање кога ќе се сетите на вашите патувања?

T: Повеќе од сеќавање, тоа е чувство дека само го одредувате патот, и одлучувате за вашиот живот. Кога останувате на едно место влегувате во тој дневен ритам, станувате, земате кафе наутро, се возите со воз или подземна и одите во вашата канцеларија, и 80 проценти од вашиот ден е предвидлив. Тоа е она што ми се допаѓа кај патувањето, половина од годината вие одлучувате што сакате да правите.

ГВ: Имаше ли момент кога помисливте, „Ова беше грешка“?

A: Имаше таков момент кога бев исплашена и помислив дека сите оние луѓе кои велеа дека сме неодговорни родители се во право. Тоа беше една ноќ во хотел во Гватемала каде видовме тројца големи мажи со пушки како минуваат во ходникот, зборуваат налутено на телефон. Моравме да направиме нешто за да се чувствуваме подобро, па ги прашавме дали се опасни. Не зборувавме многу шпански, но за среќа го знаевме зборот peligroso, опасни. Тие одговорија „да, но не за вас и не тука“. Тогаш дознавме дека во Гватемала сите имаат оружје бидејќи не биле разоружани по граѓанската војна.

ГВ: Велите дека вашите патувања се за луѓето и нивните приказни. Која е најлудата работа која ја имате слушнато или доживеано?

T: Доколку доаѓате од различен свет, дури и начинот на кој луѓето ги живеат нивните животи секој ден се чини интересен и поинаков.

The family has a hard time to say goodbye to their hosts in Guatemala, Chilasco Waterfall. Photo © Anna Alboth, used with permission.

Семејството мора да се поздрави со нивните домаќини во Гватемала, водопадот Чиласко. Фотографија © Ана Албот, употребена со дозвола.

A: За време на второто патување, во Гватемала, бевме примени од семејство Маи во нивната мала куќа со пластични столици и телевизор. Откако разговаравме со нив, тие беа изненадени, но не од фактот дека толку долго патувавме – туку поради тоа што можеме да живееме без телевизор толку долго. Потоа, вечерта, кога почнав да сецкам компири за супа, сите тие мали девојчиња веднаш почнаа да ми помагаат бидејќи тоа е она што тие го прават, се прават заедно. Кога си заминувавме, тие не прашуваа кога ќе се вратиме и беше срцепарателно, сакавме да им кажеме дека ќе им се јавиме, но тие немаа телефон, тие сакаа да ни напишат писмо, но не знаеа да пишуваат.

ГВ: Некои планови за во иднина?

A: Треба да одиме на пат повторно, се разбира. Но, пред да го сториме тоа, морам да ја завршам мојата книга за Централна Америка, а потоа ќе одиме повторно на патување.

На 26 март, 2013, Семејството без граници ќе ги сподели нивните фотографии и приказни на презентација во продавницата Globetrotter во Берлин. За повеќе детали, ве молиме посетете го нивниот блог или Фејсбук.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.