
Ана Хара за време на гласањето за одобрување на буџетот за 2015. Фотографија од Flickr (CC BY-NC-SA 2.0).
На 30 март, конгресот на Перу гласаше за отстранување на премиерката Ана Хара Веласкез, на кое претходеше неодамнешното обелоденување на незаконско прибирање податоци од страна на државната служба за безбедност, позната како (DINI) – Дирекција за национална интелигенција. Според извори од весниците, DINI шпиунирала домашни мети меѓу кои и припадници на Конгресот, извршни директори на бизниси, политичари и новинари.
Постапката за отстранување беше воведена како одговор на „неуспешноста на премиерката да спроведе истрага, да ги отпушти и санкционира оние обвинети за нелегани дејства во DINI.“
Поранешниот министер за одбрана Педро Катериано стана новиот министер на државата на 2 април.
Г-ѓа Хара, сојузник на претседателот Оланта Хумала, инсистираше на тоа дека известувањето на Агенцијата е во согласност со јавно достапни информации.
Таа напиша на Твитер:
Doy gracias al Señor JESUS por haberme dado la oportunidad de servir a mi país desde el Ejecutivo! Es una honra q “este Congreso me CENSURE”
— Ана Хара Веласкез (@anajarav) 31ви март, 2015
Благодарна сум на нашиот Господ Исус за тоа што ми даде можност да служам на мојата земја во извршната власт! Чест ми е што овој Конгрес ме цензурира.
Со гласање од 72 за, 42 против, и двајца воздржани, Хара беше отстранета од функцијата. Партиите Fuerza Popular, Concertación Parlamentaria, PPC-APP, Dignidad y Democracia и Solidaridad Nacional, сите гласаа против Хара.
Познатиот Нобелов лауреат и автор од Перу, Марио Варгас Љоса, гласен поддржувач на претседателот Хумала за време на кампањата за општите избори во 2011, испрати писмо на г-ѓа Хара „честитајќи и“ за нејзината цензура од конгресот. Г-ѓа Хара подоцна тоа го објави на Твитер:
“Muy estimada Ana: estas líneas no son para darle el pésame sino, por el contrario, para felicitarla por haber recibido ese homenaje involuntario que le ha hecho el Congreso censurándola”.
Драга Ана: Со почит ги испраќам овие редови до тебе не како израз на моето сочуство туку како честитка за тебе за здобивањето по пат на цензура со присилен омаж од страна на Конгресот.
Стрип-цртачот Хедуардо твитна:
Los dos partidos más corruptos de la historia (mas sus piquichones PPC y Solidaridad) censuraron a Ana Jara. Ciertamente es una honra.ad) censuraron a Ana Jara. Ciertamente es una honra.— Heduardo (@heduardo50) 31ви март, 2015
Двете најкорумпирани партии во историјата (на врвот на незадоволните PPC [Партијата на Христијаните] и Solidaridad [Партија на Национална Солидарност]) ја цензурираа Ана Хара. Тоа секако, е почит.
Оланта Хумала, претседателот на Перу исто така го поддржа неговиот поранешен премиер на социјалните медиуми:
Presidente #OllantaHumala: Quiero resaltar mi agradecimiento a la Premier #AnaJara.
— Претседателот на Перу (@prensapalacio) 31ви март, 2015
Претседателот #OllantaHumala: Сакам да ја истакнам својата благодарност до премиерката #AnaJara.
Но, не сите се согласија со гестовите на поддршка. Рајгада Кацерес @Carayca, кој себеси се опишува како политички и медиумски аналитичар:
CARTA D FELICITACIÓN DE MVLL A ANA JARA, ES ARROGANTE XQ LA HACE COMO SI FUERA EN REPRESENTACIÓN DEL PERÚ Y COMO SI HUBIERA TRABAJADO PA EL.
— Карлос Рајгада Кацерес (@Carayca) 31ви март, 2015
Честитката од MVLL до АНА ХАРА, е арогантна бидејќи тој пишува како да зборува од името на цело Перу и како таа да работела за него.
Г-ѓа Хара беше на функција само осум месеци. Безбедносните служби на Перу се под обвиненија дека спроведувале повеќе од 100,000 пребарувања на податоци за опозициски политичари помеѓу 2011 и 2015 како и за потпретседателката Марисол Еспиноза, поради што се зголемија шпекулации за релациите на Еспиноза со Американската народно-револуционерна алијанса (APRA) владеачката партија на која таа и припаѓа. DINI исто така е обвинета за шпиунирање на бизнис директори, воен персонал, политичари и новинари. Соочени со огромен доказен материјал, потпретседателката Еспиноза јавно ја побара оставката на премиерката и ја обвини дека е политички одговорна за шпиунирањето на членови на опозицијата.
Владините поддржувачи ја окаратеризираа одлуката да се цензурира Хара како „одвратна“, тврдејќи дека таа не е одговорна за надзорот и прибирањето податоци на DINI.
Storify (Сторифај) мрежата прибираше цитати од пратениците направени за време на дебата за цензура.
Во меѓувреме, весникот Ел Комерсио го визуелизираше влијанието на историската постапка на социјалните мрежи:
[Твитер тајмлајн сугерира дека цензурата била само форма на уцена од Конгресот како одговор на гласините дека претседателот наскоро ќе го распушти законодавниот дом.]
Според уставот на Перу, претседателот Хумала бил уставно обврзан да ја прифати оставката на Хара, која мора да дојде во наредните 72 часа од гласањето. Хумала ја поднесе кандидатурата за нов премиер, Педро Катериано на 2 април. Истата беше прифатена од Конгресот.
Постапката за цензура наиде на свој бренд на хумор на социјалните мрежи, за што сведочи колекцијава од мемиња:
[Ја напуштам Палатата…и се враќам во моето вообичаено конгресно седиште. „Сум била избркана и од подобри места“.]
Глобај Војсис неодамна покрија и уште еден скандал со шпиунирање во кој имаше тврдења дека Чиле ги шпиунира своите перуански соседи; случајот доведе до изнесување пред воен суд на двајца под-офицери на перуанската морнарица.