Глобал Војсис на 7-те по ред годишни БОБ награди

Голем број соработници на Глобал Војсис насекаде низ светот се наоѓаат помеѓу номинираните за престижните награди на Дојче Веле за најдобрите блогови – БОБ.

Годишниот настан е организиран од страна на Дојче Веле, главниот културен медиумски извозник на Германија во областа на традиционалните медиуми. Како и БиБиСи, другиот светски познат емитувач кој што исто така изникна од богата и моќна западно-европска нација, Дојче Веле претставуваше пионир во развојот на онлајн-новинарството.

Според правилата на натпреварот, независна комисија пред сè врши селекција на номинираните, а потоа јавноста го има главниот збор. На крај, постојат два вида победници, оние избрани од страна на жирито и избраниците на интернет корисниците; второспоменатите може да гласаат еднаш дневно користејќи ги нивните Фејсбук и Твитер профили.

Најдобри блогови

Sami Ben Gharbia

Сами Бен Гарбиа

Во категоријата за најдобар блог се наоѓаат двајца блогери на Глобал Војсис (ГВ) од Тунис, кои воглавно објавуваат на арапски и француски, а понекогаш и на англиски.

Nawaat е туниски колективен блог за новости и политика, ко-основан во 2004 од страна на стар активист и директор на GV, Сами Бен Гарбиа. Освен тоа, неговата платформа 24sur24, која што е наменета за повеќе корисници, а служи за 24 часовно документирање и споделување на мултимедијални информации, е исто така номинирана за наградата Репортери без граници.

Lina Ben Mhenni

Лина Бен Мени

Во декември 2010, Лина Бен Мени беше меѓу првите кои ја раширија веста за револуција надвор од границите на Тунис со нејзината статија која објаснува како самоубиството на осиромашениот Мохамед Боуазизи ги предизвикало првите бунтови во Сиди Боузид. Нејзиниот блог Девојка од Тунис беше номиниран во две категории, за Најдобар блог и за Најдобар француски блог.

Манифестацијата вклучува девет силни натпреварувачи, вклучувајќи ги и: урнебесните карикатуристи-Русинот Егор Жун и Иранецот Вахид Никгоо; мрачни дела на Таис Фрота од Бразил, кои ги бранат правата на луѓе со пречки во развојот Arquitetura Acessível (Достапна архитектура); и записите на приватниот дневник на Сабрина Чоудхури од Бангладеш.

Глобал Војсис претставува!

Категоријата за Најдобар француски блог го вклучува кандидатот Les informations en direct des villages maliens (Директни информации од селата во Мали) од францускиот преведувач на ГВ Букарy Конате, учител од Бамако, Мали. Тој на неговиот друг блог Fasokan, ја преведува содржината на овој блог на јазикот бамбара. Неодамна доби стипендија Rising Voices за и понатаму да ја развива и усовршува онлајн комуникацијата во неговата родна област Сегоу, преку повеќе содржини на локалните јазици, овозможувајќи им на селаните пристап до вештини и знаење, за тие да можат да ја користат модерната технологија.

Категоријата за Најдобар арапски блог го вклучува искусниот соработник на ГВ – Хишам Алмираат. На неговиот блог Mamfakinch (Без компромиси!) тој го покрива развојот на актелното про-демократско движење во неговото родно Мароко. Овој блог нуди содржини и на француски јазик.

 

Jillian C. York, Boukary Konaté and Hisham Almiraat

Џилијан Ц. Јорк, Букару Конате и Хишам Алмираат

 

Категоријата за Најдобар англиски блог вклучува уште еден кандидат со блиски врски со Мароко – Џилијан Ц. Јорк, која твори во САД. Таа е член на одборот на ГВ и ко-основач на Talk Marocco, блог кој што го освои жирито како и Наградата за корисник на БОБ наградите во 2009/10. Оваа година таа настапува со личен блог, кој што всушност го носи нејзиното име и кој што таа го користи за да пишува за „слободното изразѕвање, политиката и интернетот со посебен акцент на Арапскиот свет.“

Блогерски револуции

Не е зачудувачки и фактот што оваа година во генералните категории се номинирани неколку блогери од Северна Африка/Средниот Исток, што посочуваа на влијанието на овие социјални медиуми надвор од нивните културни сфери, како и широкиот интерес на светско ниво во врска со актуелните настани во регионот. Пример за овој тренд е Yaqoob in Japan Show, кој што е номиниран во категоријата за Најдобар видео канал. Преку него, соработникот на ГВ Yacoub Al-Slaise ја користи популарноста на Фејсбук како отскочна даска за да ги допре луѓето во неговиот роден Бахраин, истовремено набљудувајќи ја ситуацијата од неговото актуелно живеалиште во Јапонија.

Yacoub Al-Slaise, Eman AbdElRahman and Sana Saleem

Јакуб Ал-Слаисе, Еман АбдЕлРахман и Сана Салим

Дополнително, еден од номинираните во категоријата за Најдобра употреба на технологијата за општествено добро е Колена Лаила (проектот се преведува како „Сите ние сме Лаила“), здружен напор кој што овозможува можности за арапските жени да се искажат против неправдите со кои што се соочуваат, основан од страна на египетскиот инжињер и соработник на ГВ Еман АбдЕлРаман. Учесниците на оваа иницијатива посветуваат по еден ден за ускладено да блогираат на оваа тема, а уште од основањето во 2006 движењето се има здобиено со приврзаници во Египет, Јордан, Кувајт, Либан, Мароко, Палестина, Саудиска Арабија, Судан, Сирија, Тунис, Обединетите Арапски Емирати, Јемен и Либија.

Уште еден блог кој што се зазема за правата на жените заслужува посебно да биде споменат. Gawaahi Speak Out беше номиниран во две категории: Најдобра кампања за социјален активизам и Најдобар англиски блог. Ко-основан од страна на Сана Салим, жена на дигиталната преродба како и плодоносен соработник на ГВ од Пакистан, блогот вклучува сведочења на луѓе, кои што се борат за крај на  насилството и пригушено согласување преку лични примери. Некои од постовите вклучуваат и дигитално раскажување, мултидисциплинарен пристап кој што вклучува употреба на нови технологии, психологија и видови на групна терапија.

Гласањето за БОБ наградите е отворено до април, 2011. Нема да ви одземеме повеќе од минута по категорија, а има и една прилично погодна автоматска карактеристика за информирање на вашите пријатели/следбеници на најпопуларните социјални мрежи.

 

 

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.