Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Аргентина: Документарен филм за домородното население во Буенос Аирес

Оваа е објава е дел од специјалното издание за  Правата на домородното население.

Документарецот Руна Кути, Урбани староседелци ги раскажува приказните на четворица потомци од домородните племиња кои живеат во Буенос Аирес и како тие се борат за нивниот идентитет преку откривање на сопствената култура и обезбедување на сопствено место во градот.

http://vimeo.com/32219379

Филмот се фокусира на неколку староседелци од домородните племиња кои живеат во Буенос Аирес. Преку нивните приказни тие откриваат како биле одгледани, но лишени од нивното потекло затоа што нивните родители одлучиле да ги заштитат од дискриминација со тоа што не им дозволувале да го учат сопствениот  јазик и обичаи, другите пак пораснале незнаејќи за нивните претци и потекло, и како одлучиле да ја проучат нивната традиција и култура со цел да стекнат гордост поради нивното духовно наследство.

Руна Кути, Урбани Староседелци, продуциран и режиран од Паола Кастањо и Даилос Бастина Суарез, е  прикажуван на неколку филмски фестивали во регионот, а со цел да ја споделат пораката со поголем број луѓе филмот го издадоа под закрила на Криејтив Комонс Лиценците. На 12 март 2012 година, во објава на својот блог напишаа:

Hoy estamos de celebración, después de meses de guardarlo en la nevera mientras nos presentábamos a festivales hoy por fin podemos anunciar que ya está liberado completo el documental ‘Runa Kuti, indígenas urbanos’ para que cualquiera pueda verlo y compartirlo, para que su historia y su mensaje lleguen a la mayor cantidad de personas posible.

Lo hemos subido a Vimeo en una versión de baja calidad, y le hemos activado la posibilidad de descarga, así que si querés podes verlo online o descargarlo. Nuestra mayor satisfacción es que este trabajo ayude a mostrar la realidad indígena de Buenos Aires al mundo, así que si lo podés compartir por cualquier red social o email a tus contactos nos harás un gran favor.

Денеска славиме, по месеци чување во тајност додека го презентиравме по фестивали, конечно можеме да изјавиме дека документарецот „Руна Кути, Урбани домородци“ конечно е достапен за сите кои сакаат да го гледат и споделуваат, со цел неговата приказна и порака да стигнат до што е можно поголем број луѓе.

Сега е достапен на Вимео во верзија со послаб квалитет и опцијата за симнување е активирана со цел да може да го гледате онлајн или да го симнете доколку сакате. Најголемото задоволство е тоа што филмот ќе помогне светот да ја види реалната ситуација со домородното население во Буенос Аирес, така што ако може да го споделите преку било која социјална мрежа или имејл со вашите контакти, ќе ни направите голема услуга.

Трејлерот за документарецот веќе е достапен со англиски превод и се надеваат дека луѓето ќе се вклучат и ќе помогнат со преводот за целиот документарец:

http://vimeo.com/37754616

Оваа е објава е дел од специјалното издание за  Правата на домородното население.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.