Србија: Сајбер војската на Гадафи се спротивставува на бунтовниците и на НАТО

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на протестите во Либија 2011.

Фејсбук страната „Поддршка за Муамер ал-Гадафи од жителите на Србија“, со над 62.500 членови стана алатка за изразување на поддршка на контраверзниот либански лидер. Либиските опозициски активисти исто така известиле за сајбер напади на опозициските веб-локации кои биле направени од Србија.

Сајбер војната е иницирана од српски граѓани кои го подржуваат Гадафи и се регрутирани воглавно од српски ултранационалисти, известуваат меѓународните медиуми.

Over 60,000 people in Serbia have joined a Facebook group to publicly support Gaddafi's regime. Credit: 'Support for Muammar al Gaddafi from the people of Serbia', a Facebook group

Преку 60,000 луѓе во Србија се придружија на Фејсбук групата со цел јавно да го подржат режимот на Гадафи. Од: Фејсбук групата „Поддршка за Муамер ал Гадафи од жителите на Србија“.

Вестите го испаничија Либанското младинско движење (@shabablibya) кое е всушност „група од млади Либанци, од и надвор од Либија, испирирана од нашите браќа и сестри од Египет и Тунис“.

Мохамед Ал-Сабах, претставник на Либиското младинско движење, одговори [српски] на српските медиуми:

Hiljade internet korisnika iz Srbije svakodnevno napada i obara naše sajtove ili ih toliko zagušuju sa anti-NATO i EU parolama, da su potpuno neupotrebljivi. Ne tvrdimo da su svi oni hakeri, ali je jasno da se radi o organizovanoj akciji. Ukoliko se nešto uskoro ne preduzme, stvari će postati sve gore po nas

Илјадници интернет корисници од Србија секојднево ги напаѓаат нашите веб-локации со анти-НАТО и анти-ЕУ слогани, толку многу што тие [веб-локациите стануваат] целосно некорисни.  Не тврдиме дека сите се хакери, но јасно е дека се работи за организирана кампања. Ако не се направи нешто, работите може да се влошат.

Според Милан Ковачевиќ [српски], веб-администратор и автор на книгата „Криптологија во електронското банкарство“, српските хакери не се независни во своите акции, туку се дел од меѓународни групи:

U pitanju su dve hakerske grupe „C1337ORG“ i „Crna ruka“. […] Dobar deo napadača su zapravo stranci, koji se kriju iza internet adresa običnih korisnika iz Srbije…

Во прашање се две хакерски групи: „1337ОРГ„ и „Црна Рака“. […] Голем дел од напаѓачите се всушност странци кои се кријат зад интернет адресите на обичните корисници од Србија.

Тој додава дека е можно помеѓу либанските бунтовници да има членови кои ги информираат српските хакери каде и кога да напаѓаат.

Администраторот [српски] на една од најпопуларните Фејсбук страници негира било каква поврзаност со ултранационалистите, објаснуваќи ја причината за поддршка на Гадафи:

Ako se neko pita zašto podržavamo Gadafija evo odgovora.
Gadafi je slao naftu nama dok smo bili pod sankcijama.Gadafi nije priznao nezavisnost Kosova i prvi se pobunio.Gadafi je posle bombardovanja '99 slao pare za oporavak nase države.Gadafi je zapošljavao naše ljude kad’ ovde nisu imali šta da jedu.Gadafi se bori protiv ljudi koji su nam uništili detinjstvo.

Zato smo uz njega!

Pukovnice,pobedi zbog svih nas!

Гадафи ни испраќаше нафта кога бевме под економски санкции. Гадафи не го призна Косово и беше првиот кој се побуни. После бомбардирањето во 1999 година, тој испраќаше пари за опоравување на Србија. Гадафи овозможуваше вработување на нашите луѓе кога тука немаа што да јадат. Гадафи се бори против луѓето кои го уништија нашето детство.

Поради тоа сме со него!

Полковнику, победи заради сите нас!

Даниел Видал даде коментар на оваа изјава:

Слушнав дека Гадафи дава 2500 евра на секој студент кој сака да студира надвор од Либија. Исто така им дава и автомобил…

Милан Верис додаде:

Гадафи е жива легенда. Пред дваесет години, овој човек го изгради најмодерниот водовод во светот. Донесе вода во Либија директно од Нил.

(Поради овој проект за наводнување на пустината, белградскиот приватен универзитет Мегатренд, во 2007 година, го награди Гадафи со почесен докторат. Сепак, некои од противниците на Гадафи во Србија го сметаа овој потег за маркетиншки трик со цел привлекување на либански студенти на овој универзитет во главниот град на Србија).

Горица Пукмајстер напиша:

Јас сум една од оние чие семејство беше хрането со плата од Гадафи, која беше десет пати поголема од онаа што ја заработував кога работев во Белград.

Подолу се наведени уште некои коментари од страницата „Поддршка за Муамер ал-Гадафи од жителите на Србија“.

Душан Дуда Стевановиќ:

Армија од мајмуни водена од лав вреди повеќе од армија од лавови водена од мајмун.

Патхос Јдони:

На исток од Либија, во градовите кои се контролирани од бунтовниците и бандите, според неколку организации за човекови права, се врши злосторство против човештвото. […] Силувања, убиства и тортури се нормална работа за бунтовниците…

Тресе Бабе Ораје ја доби оваа информација од своите пријатели од Либија:

Бунтовниците пресретнале четири автобуси кои се движеле од Триполи кон Бенгази, со луѓе кои го започнале мирниот протест во знак на поддршка на либиската војска и за прекин на НАТО агресијата. Ги зеле како заложници и ги тепале дури и жените.

НАТО акцијата во Либија предизвика некои млади Срби, кои сè уште ги носат спомените од НАТО бомбардирањето на Југославија во 1999 година, да реагираат со омраза.

Бурек Пекариќ:

Тие се со нарушен ум и навистина се мислам да отидам до француската и италијанската амбасада и да ги удрам со шише пиво по главата. Чудовишта.

Љубомир Поповски го предложи следново:

Првин, треба да се започне со смртта. Сите француски војници треба да  бидат ископани од новите гробишта и да бидат испратени во Франција со товарни вагони. Второ, сите споменици од Калемегдан треба да бидат отстранети. Трето, Француската амбасада во Белград треба да биде затворена и претворена во музеј во спомен на НАТО агресијата.

Will exchange Tadic for Gaddafi. Credit: Vujaklija.com

Ќе го размениме Тадиќ за Гадафи. Од: Vujaklija.com

Најригорозни критичари се оние Срби кои се разочарани од одлуката  на српскиот претседател, Борис Тадиќ, да јавно се дистанцира од владата на Гадафи, избегнувајќи ја одговорноста од долгогодишната трговија со оружје со Либија.

Владимир Спид Савиќ советува:

Гадафи, земи му  го на Тадиќ персискиот килим кој му го даде минатата година за Денот на либиската револуција. И почесниот медал… Дозволете сега Саркози да му даде нов на негов трошок…

Администраторот на групата објави видео прикачено на Јутјуб од страна на Радио телевизија Војводина од времето кога српското министерство за надворешни работи му платило посета на Гадафи, заблагодарувајќи му се што не го признал Косово. Министерот за надворешни работи, Вук Јеремич и неговата група, длабоко му се поклонуваат на Гадафи во видеото.

Некои од обожавателите на Фејсбук групата предупредуваат дека српската полиција и Српската разузнавачка служба (БИА) ги надгледуваат онлајн активностите во нивниот добро познат диктаторски стил.

Марко Николиќ го објави ова предупредување:

Дваесет луѓе од БИА се тука во групата и објавуваат пораки на ѕидот.

Јебеш Чак Норис, Гадафи ујединио Србе открива:

Посакуваме добредојде на ноќната смена на МУП (Министерство за внатрешни работи) која ја набљудува нашата група преку лажни профили.

Блогерите на Vujaklija.com исто така даваат јавна поддршка на „непослушниот“ либиски лидер, како што го опишуваат западните медиуми.

Чео-Сеунг Хуи вели:

Претседателот кој ќе сака да ни помогне засекогаш да се ослободиме од влегувањето во Европската унија, од демократијата, владеењето на човековите права, приватизацијата, глобалиацијата, капитализмот и другите катастрофи кои нè снајдоа после 5 октомври, [2000].

As_basket_player_5 заклучува:

Пред неколку дена цеслосно неважна фигура во нашите животи, а сега херој во Србија. Никој не знае зошто.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.